Фан Клуб: Јувентус

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
13 април 2010
Мислења
368
Поени од реакции
219
Дали со Марота и Дел Нери во пакет доаѓа и кондициониот тренер на Сампдориа ?
 
Член од
25 јануари 2008
Мислења
1.839
Поени од реакции
68
Доста тимови се заинтересирани за Зиглер, левиот бек на Сампдорија а меѓу нив е и Ливерпул. Зиглер е стандарден репрезентативец на Швајцарија, а оваа сезона игра фантастично во Сериа А, и мислам дека е добро да се ангажира.
Штом Ливерпул покажува интерес за него подобро да се откажеме тогаш, добро знаеме какви промашувања има Бенитез, па ова може да биде уште едно од низата :tv: Шала на страна мислам дека не ни треба цела Сампдориа сепак мислам дека целта на Јувентус не е 4 место, ако веќе купиме нешто од кај нив нека биде тоа Пацини или Касано иако не верувам да се случи нешто околу вториов.
 
Член од
3 февруари 2010
Мислења
570
Поени од реакции
69
Добро е што за недела дена и што е уште поважно пред почетокот на трансфер периодот, се реорганизираше целиот клуб. Мислам дека промените ќе резултираат со успех пред се затоа што ангажиравме искусни луѓе. Ањели е човек што целиот живот го поминал покрај Јуве и е нормално што е луд по Јуве. Марота прави чуда со малите екипи, носи вистински играчи и ова му е животна прилика да ги покаже способностите. Малку сум скептик за Дел Нери, но мислам дека ќе се снајде во Јуве. Мислам дека го има правиот италијански дух, цврта игра, јака одбрана и според мене најбитното тактичка дисциплина. Јуве отсекогаш бил типичен италијански клуб и затоа мислам дека Дел Нери ќе се снајде.

Тоа што половина Сампдорија се поврзува со Јуве воопшто не ме плаши. Нормално е на таков начин весниците да го билдаат својот тираж, сега кога е блиску трансфер-периодот. Сигурен сум дека ако некој иде од Сампдорија тоа ќе биде Пацини, а можеби нема да дојде ни тој.
 
Член од
11 јули 2008
Мислења
4.757
Поени од реакции
3.794
Вчера во Виново биле присутни експерти кои правеле анализи на теренот. Анализите се правени поради големиот број на повреди што го опфатија тимот во последните 2-3 години. Деновиве повторно ке се направат анализи, подетални за да може точно да се утврди проблемот поради кои настануваат повредите и истиот да се сведе на минимум.
Новата управа не седи со скрстени раце кога се во прашање повредите. Прво го донесоа Де Белис, а сега веке испратија и експерти да го проверат тренинг центарот.
Well done!

Во меѓувреме, најверојатно, тимот своите подготовки ке ги одржува во Пинцоло.
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.992
Поени од реакции
5.607
Де Белис,Марота и Дел Нери денеска се во тренинг центарот Виново, да ја испитаат погодноста на теренот и ги проучуваат сите негови карактеристики. LINK

A Тутоспорт, веќе најавува како ќе се одвива трансфер маркетот на Јувентус.Се шпекулира за:Пацини, Пепе,Зиглер,враќање на Кришито,Касани,Паломбо и ангажирање на 2 странски топ играчи.
 
Член од
25 јануари 2008
Мислења
1.839
Поени од реакции
68
Од сите овие не знам зошто за Паломбо покажуваат интерес, ако воопшто п0окажуваат не знам тоа може и да се шпекулации, али навистина имаме доволно играчи на таа позиција и тоа подобри од Паломбо.
 
Член од
27 јануари 2010
Мислења
2.430
Поени од реакции
723
Добра реклама на Nike Канаваро спасува чист гол :pos:
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.992
Поени од реакции
5.607
Од сите овие не знам зошто за Паломбо покажуваат интерес, ако воопшто п0окажуваат не знам тоа може и да се шпекулации, али навистина имаме доволно играчи на таа позиција и тоа подобри од Паломбо.
Тоа што веќе половина Сампдорија медиумите ја преселија во Јувентус (Паломбо,Пацини,Зиглер,Касано итн), е нормална работа во Италија.Кога Мурињо потпиша за Интер,медиумите скоро сите играчи на Челзи ги поврзуваа со Интер (Дрогба, Карваљо, Деко, Лампард итн), за на крајот да не дојде ниту еден.

Агентот на Трезеге изјави дека постои можноста Трезеге да се врати во Монако. линк
 
Член од
29 март 2007
Мислења
6.820
Поени од реакции
238
Дали со Марота и Дел Нери во пакет доаѓа и кондициониот тренер на Сампдориа ?
И чистачите и тој што продава семки.Не од Самп мислам дека само Пацини треба да се земе.Пацини и уште еден напагач обавезно
 

Nuneee

Nune
Член од
27 декември 2009
Мислења
449
Поени од реакции
29
Ќе сме го земале Варгас.Ако го убеди Марота,одлично ќе биде.Сепак и Реал се заинтересирани за него,а знаеме дека 20 милиони евра се ситниш за нив.Како и да е,ако се отвори трансфер пазарот со Варгас,ќе не чекаат уште доста квалитетни трансфери.
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.992
Поени од реакции
5.607
Ќе сме го земале Варгас.Ако го убеди Марота,одлично ќе биде.Сепак и Реал се заинтересирани за него,а знаеме дека 20 милиони евра се ситниш за нив.Како и да е,ако се отвори трансфер пазарот со Варгас,ќе не чекаат уште доста квалитетни трансфери.
Варгас е одличен фудбалер, веќе 2 сезона игра на високо ниво во Фиорентина, и би било долгорочно решение за левата страна на Јуве,само малку тешко ќе биде да се убеди Фиорентина да го продаде токму во Јувентус поради ривалството и минатогодишната продажба на Мело во Јуве,а и пореди заинтересираноста на Реал Мадрид.Единствено може Марота да понуди некој играч кој Фиорентина би го добила за возврат, и на тој начин да се убеди раководството на Фиорентина да го продаде Варгас на Јуве.Јуве имаше можност да го ангажира Варгас уште кога беше во Катанија,и имаше официјална понуда од 8 милиони евра, но во последен момент Фиорентина понуди 2 милиони повеќе и Варгас на крајот заврши во Фиорентина.
 

Sluzbarski

Македонец
Член од
21 јули 2009
Мислења
3.364
Поени од реакции
78
Ќе сме го земале Варгас.Ако го убеди Марота,одлично ќе биде.Сепак и Реал се заинтересирани за него,а знаеме дека 20 милиони евра се ситниш за нив.Како и да е,ако се отвори трансфер пазарот со Варгас,ќе не чекаат уште доста квалитетни трансфери.
20 мил се исто и за Јуве ситниш,меѓутоа ретко се одлучуваат на скапи трансфери.....повеќето ѕвезди на Јуве ја стекнале славата токму во овој клуб

--- надополнето ---

Варгас е одличен фудбалер, веќе 2 сезона игра на високо ниво во Фиорентина, и би било долгорочно решение за левата страна на Јуве,само малку тешко ќе биде да се убеди Фиорентина да го продаде токму во Јувентус поради ривалството и минатогодишната продажба на Мело во Јуве,а и пореди заинтересираноста на Реал Мадрид.Единствено може Марота да понуди некој играч кој Фиорентина би го добила за возврат, и на тој начин да се убеди раководството на Фиорентина да го продаде Варгас на Јуве.Јуве имаше можност да го ангажира Варгас уште кога беше во Катанија,и имаше официјална понуда од 8 милиони евра, но во последен момент Фиорентина понуди 2 милиони повеќе и Варгас на крајот заврши во Фиорентина.
доколку правилно се изигра лесно може Варгас да премини во редовите на Јуве,мислам дека ако се понуди Де Чеље или некој од младинците + соодветна доплата Фиорентина ќе се согласи со оглед на тоа дека не задржала јак играч до крајот на кариерата
 

Nuneee

Nune
Член од
27 декември 2009
Мислења
449
Поени од реакции
29
20 мил се исто и за Јуве ситниш,меѓутоа ретко се одлучуваат на скапи трансфери.....повеќето ѕвезди на Јуве ја стекнале славата токму во овој клуб

--- надополнето ---

доколку правилно се изигра лесно може Варгас да премини во редовите на Јуве,мислам дека ако се понуди Де Чеље или некој од младинците + соодветна доплата Фиорентина ќе се согласи со оглед на тоа дека не задржала јак играч до крајот на кариерата
За ривалството не сум сигурен.Ривали,ривали,па ни го продадоа Мело,па се договорија да играат пријателска во Америка.Мислам дека не постои кој знае колкаво ривалство помеѓу раководствата на клубовите (бизнис си е бизнис) колку што има помеѓу фановите.Мислам дека Марота ќе успее во намерата.Кога успеа да го намами Касано во тим кој што не учествуваше воопшто во Европските натпреварувања,ќе успее и Варгас да го донесе.
 

Juventin0

Alex Del Piero
Член од
23 февруари 2010
Мислења
68
Поени од реакции
2
Реал се поврзува и со коларов и со варгас..ама или едниот или другиот неможи 2 ..јас мислам дека сепак коларов ке оди во реал а ние ке си се задоволиме со варгас(иако појке кејф ми прај коларов варгас е некако многу поофанзивен ..за дефанзива и не е баш додека коларов го бива за 2те работи ) мое мислење ..ке видиме летово шо ке биди
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom