Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Да влезеше Џио ќе дадевме најмалку уште еден гол.Инаку ме радува жолтиот картон на Суарез (Misses next match) .Можеби вечерва не влезе во форма,но на следниот натпревар нема ни да добие шанса да се поправи.Само да не се радуваме предвреме,во Торино треба да изиграме повторно добро.Бевме сигурни и за мечот против Бајерн во Торино,но изгубивме.Само да не се опуштиме и рутински да го победиме АјаксОдлично! Не е кој знае колку страшна играта, и не изгледаме застрашувачки за секоја екипа сеуште, ама се гледа огромен напредок, се чувствува дека работите одат на подобро. Амаури е повторно многу близу до тој стариот, се гради за секоја топка, го добива секое нафрлување од Буфон или од одбраната, освен двата гола уште еднаш беше во одлична позиција (прекрасното додавање на Дел Пиеро до Диего, кога овој требаше да му ја додаде на Амаури кој беше сам), што значи дека влегува во форма и ќе дава голем придонес во играта на Јуве.
Резултатот како резултат е одличен, во Торино треба да биде рутински, да се постигне еден гол на почетокот, па после опуштено да се доврши натпреварот. Сите играа доста добро, секако најдобар беше Дел Пиеро заради кого паднаа и двата гола, а за голот на Ајакс, мислам дека беше крив и Буфон, затоа што таква топка требаше да фати. Слабо играше и Зебина ама затоа и беше заменет. Закерони направи грешка што го стави Брацо а не Џовинко, кој ќе можеше да влечи контри кога Ајакс почна да врши притисок, ама тоа е...Важно е што одиме на подобро!![]()
Фала ...Честито победа.:helou:
Фала ...Честитки победа и пласман понатаму![]()
Да се надеваме на продолжување на добрите резултати.Инаку натпреварот ако сакаш ќе ти дадам линкови покасно за да го спуштиш ...Две победи на последниве два меча, а воедно и три гола на Амаури? Што ли се случува? :леводесно:
Иначе, честито нека ни е победата, не го гледав мечот од оправдани причини, а како што читам, Дел Пиеро, Мело, Де Чеље и секако Амаури биле супер денеска. Топ резултат, и речиси сигурен пласман понатаму. Следни, Болоња. Очекувам продолжување на оваа добра серија на резултати.