Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата Тимче
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Минатата година Ајуб Дауд од Јуве беше најдобар стрелец на Вијареџио Купот(и беше прогласен за најдобар играч на Купот), а Јуве го освои Купот. На тој Куп беа забележани перформансите на Алекс Дел Пиеро од страната на Јувентус, и тој Куп се смета како промоција на Дел Пиеро.
По настапите на Купов, а и по настапите во Примавера првенството на Италија се забележува дека Јуве има една од најсилните младински школи во светот. Мислам дека треба многу почесто да се искористуваат во првиот тим. Само без врска фрламе пари на играчи за кои не сме воопшто сигурни како ќе се снајдат во дресот на Јуве и се со сомнителен квалитет. Како што реков пред некое време, летово треба или да се донесат 5-6 играчи со огромен квалитет (светски ѕвезди) или воопшто да не се трошат пари на играчи од типот на Амаури, Поулсен, Тиаго итн. туку да се промовираат младинци од Примавера составот.
 
најавена ГОЛЕМА реконструкција на тимот под раководство на г-дин Бетега трач.ком
Во ред се сите трансфери,но Трезегол да го продадат?Не ми се верува.Секое лето најавуваа дека ќе го продадат,па пак ништо.Мислам дека Трезегол,заедно со Алекс,уште долго ќе остане во Јувентус.
 
Трезеге најавуваше дека сака да го напушти Јуве и минатата сезона...останува да видиме...битно е конечно да се поправат грешките и да си заминат вистинските антиталенти недостојни да го носат овој дрес
 
Мислам дека Трезегол беше фрустриран од малата минутажа што му ја даваше Раниери.Но со Ферара работите се сменија и тој си остана.А за трансферите,лесно е да се продадат играчи.Потешкиот дел е кога треба истите да ги заменат подобри играчи,играчи кои ќе се снајдат на теренот.За тоа треба знаење и искуство.Нешто што Бетега,за разлика од останатиот дел од управувачкото тело на Јуве,во минатото докажа дека го поседува.Но летниот преоден рок е далеку.Секој од најавуваните играчи за продажба може до тогаш да се смени (кон подобро,секако) и да докаже дека го заслужува црно-белиот дрес на него.Да оставиме времето да си го заврши своето.Сепак,и новинарите мора со нешто да си го заработуваат „лебот“ ...
 
По се изгледа дека Канаваро нема да биде достапен за натпреварот со Џенова. Се очекува во одбраната да биде Касерес, а како десен бек да игра Салихамиџич. ЛИНК
 
Трезеге одамна сакаше да замини но по некоја игранаслучајности доброволно или насилно остана. Секое лето има шпекулации околу него и упорно седи. Според мене вистинскиот момент за продажба беше пред две сезони а сега е можеби најлошиот бидејќи има најниска цена на пазарот од секое лето досега. Од друга страна ни треба искусен хитмен кој ќе ги поправа дечките кои ќе дојдат. Кој и да дојди тој ќе ни биди солидна резерва. Можеби нема да можи да ги изиграсите мечови но во црни деној тој ќе биди на терен. Ене гледајте го Инзаги или Солскјар. Да не зборам воопшто дека ќе можиме да ги замениме и него и Амаури.
 
Јас не би го продал.Неговото искуство може добро да ни послужи.Можеби нема дриблинг,но шутот му е неверојатно прецизен и силен.Зицер шанси не промашува.Единствено пеналите му се мала мана,но ништо страшно.Да мислиме на иднината и на идните млади напаѓачи под негово менторство.Управата ако успее да го задржи,според мене,ќе заврши голема работа ...

По се изгледа дека Канаваро нема да биде достапен за натпреварот со Џенова. Се очекува во одбраната да биде Касерес, а како десен бек да игра Салихамиџич. ЛИНК
Баш почна да прикажува добри игри и стабилност.Не разбирам италијански.Што е проблемот?Повредата на носот,или?
 
Јас не би го продал.Неговото искуство може добро да ни послужи.Можеби нема дриблинг,но шутот му е неверојатно прецизен и силен.Зицер шанси не промашува.Единствено пеналите му се мала мана,но ништо страшно.Да мислиме на иднината и на идните млади напаѓачи под негово менторство.Управата ако успее да го задржи,според мене,ќе заврши голема работа ...

Баш почна да прикажува добри игри и стабилност.Не разбирам италијански.Што е проблемот?Повредата на носот,или?

Можеби од претпазливост зашто тренирал одделно со Јакинта и Камора,стар нос има:) 36 години има:)
 
Продолжуваат шпекулациите. Денешниот број на Тутоспорт, пишува дека Јуве влето сериозно ќе се ангажираат и ќе преговараат со Фиорентина за ангажман на Варгас. Се споменува дека Фиорентина ќе бара 25 милиони, но Јуве ќе се труди да ја намали сумата понудувајќи играчи во замена (се шпекулира Паоло Де Чеље). ЛИНК

293ftdl.jpg

Нека се излетаат пак како со Мело и нека фрлат во бунар 25 милиони...

Варгас е квалитетен играч, но далеку е од тие 25мил евра :)
 
досега игра солидно,доста добро се снаоѓа по левата страна,ги изведува и пеналите....
 
Не бе нема шанси да фрлат 25 милиона за него ке видиш......

25 милиони се многу.И Моџи на времето кога го купивме Мело изјави дека 25 милиони за Ф.М. се многу и дека тој би го купил за далеку помала сума.Можеби ако ангажираат добар спортски директор во меѓувреме,на лето ќе го донесеме Варгас за некои 15-17 милиони евра.Иако и таа цифра не е баш мала ...
 
Не бе нема шанси да фрлат 25 милиона за него ке видиш......

35 ќе дадат :tv:

Шала на страна, Варгас моментално е меѓу најдобрите леви бекови во Италија (можеби и најдобар), но сепак мислам дека 25мил евра се многу за него... Последниве години цените на играчите рипнаа премногу, па така денес една обична шупелка вреди повеќе од 10 милиони евра. :) Да не се разбереме погрешно, јас сум за да се донесе Варгас во Јуве, но не за оваа цена. Де Чеље + 5-6мил е правата цена за него.
 
Не бе нема шанси да фрлат 25 милиона за него ке видиш......
Мислам дека конечно управата ќе успее да одигра правилно и да го донесе Варгас за далеку помала сума од оваа со која се шпекулира. Моја претпоставка е дека 15тина милиони ќе бидат доволни за да го доведеме во нашите редови.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom