Bianconero vero
Il Capitano
- Член од
- 10 ноември 2008
- Мислења
- 9.269
- Поени од реакции
- 8.254
- Возраст
- 43
По настапите на Купов, а и по настапите во Примавера првенството на Италија се забележува дека Јуве има една од најсилните младински школи во светот. Мислам дека треба многу почесто да се искористуваат во првиот тим. Само без врска фрламе пари на играчи за кои не сме воопшто сигурни како ќе се снајдат во дресот на Јуве и се со сомнителен квалитет. Како што реков пред некое време, летово треба или да се донесат 5-6 играчи со огромен квалитет (светски ѕвезди) или воопшто да не се трошат пари на играчи од типот на Амаури, Поулсен, Тиаго итн. туку да се промовираат младинци од Примавера составот.Минатата година Ајуб Дауд од Јуве беше најдобар стрелец на Вијареџио Купот(и беше прогласен за најдобар играч на Купот), а Јуве го освои Купот. На тој Куп беа забележани перформансите на Алекс Дел Пиеро од страната на Јувентус, и тој Куп се смета како промоција на Дел Пиеро.