Фан Клуб: Јувентус

Статус
Затворена за нови мислења.

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.960
Поени од реакции
5.578
Се согласувам со fosil, во врска со Мело. Знам дека е добар играч и дека ќе ги оправда сретствата. Работава со него знајте како ми изгледа? Како некој претпоставен ќе замрази некого кој треба да го контролира и што и да направи овај да му тресни една по глава.
Оваа година Мело нема изиграно слабо за Бразил, на сите натпревари на Бразил играл максимално мотивирано и е полн со самодоверба. Но во Бразил игра токму на онаа позиција на која што е најдобар. Мело е класичен кршач, играч кој е задолжен да одзема топки и веднаш да се ослободува од нив. Во Јуве тој добива задача да биде организатор на средината, играч кој треба да биде креатор во средината, а Мело нема такви карактеристики.

Агентот на Гус Хидинк изјави дека пред да се преговара со некој клуб Гус Хидинк сака да ја реши ситуацијата со Руската Репрезентација.линк

По се изгледа дека Хидинк сака да го заврши договорот со Руската репрезентација, за да може да се концентрира само на својата работа во неговата следна дестинација, или ова негирање на агентот на Хидинк е само поради тоа дека Чиро ќе седи на клупата на Јуве уште на натпреварот со Наполи во Купот. Хидинк побара од Руската репрезентација да му дозволи да води и клуб покрај репрезентацијата, и го доби потребното одобрување. Хидинк нема што повеќе да приговара со Руската Репрезентација, освен ако не сака да ја заврши соработката со нив, бидејќи долго време се најавува во Руската Фудбалска Федерација ќе биде назначен нов Претседател, а се шпекулира дека тоа може да значи дека покрај стариот Претседател ќе си оди и Гус Хидинк, а можеби Хидинк смета дека е подобро сам да си замине отколку да чека отказ.
 

Дим4е

NZT-48, want some?
Член од
24 октомври 2007
Мислења
7.273
Поени од реакции
8.407
Оваа година Мело нема изиграно слабо за Бразил, на сите натпревари на Бразил играл максимално мотивирано и е полн со самодоверба. Но во Бразил игра токму на онаа позиција на која што е најдобар. Мело е класичен кршач, играч кој е задолжен да одзема топки и веднаш да се ослободува од нив. Во Јуве тој добива задача да биде организатор на средината, играч кој треба да биде креатор во средината, а Мело нема такви карактеристики.
А со Милан на која позиција играше? Вашиве коментирања малце ми се глупи кажал Корвињо дека во Јуве не игра иста позиција како во Фиорентина и вие сите по дифолт така е тој не игра на таа позиција што сака и сега он е во право!
Како што знам неговата слаба игра ја забележувате по головите кои ги примивте по негова грека... Епа да ми речевте не е добар игра организатор не мести голови да ве сватев ама вие викате треба да игра деструктивец а он уствари е крив за 5 гола што прими Јуве оваа сезона!
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.960
Поени од реакции
5.578
Уште една голема контрадикторност на Моџи.

Кога беше ангажиран Диего, и кога цела Италијанска (а и светска) фудбалска јавност упатуваа пофалби поради тоа што во време на мега-богатите трансфери на Роналдо и Кака, Јувентус успеа да го ангажира Диего за само 23 милиони, Моџи тогаш излезе со став дека тој сакал да го ангажира Диего многу порано, и тој се интересирал за Диего уште пред да се заинтересираат Секо и Блан за него.

Од друга страна, во денешното интервју Моџи изјави дека Чиро не е виновен за состојбата, и дека Диего и Фелипе Мело му биле купени без негово барање. линк
 

Stara dama

Luciano Moggi fan
Член од
1 октомври 2008
Мислења
1.336
Поени од реакции
95
Па Чиро не побара да се купат Мело и Диего , не знам шо е тука конктрадикторно...

пукаш од празна пушка :tv:
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.960
Поени од реакции
5.578
А со Милан на која позиција играше? Вашиве коментирања малце ми се глупи кажал Корвињо дека во Јуве не игра иста позиција како во Фиорентина и вие сите по дифолт така е тој не игра на таа позиција што сака и сега он е во право!
Како што знам неговата слаба игра ја забележувате по головите кои ги примивте по негова грека... Епа да ми речевте не е добар игра организатор не мести голови да ве сватев ама вие викате треба да игра деструктивец а он уствари е крив за 5 гола што прими Јуве оваа сезона!
Па факт е дека Мело не игра на позицијата на која што игра во Бразил, на која што играше во Фиорентина. Тој тоа го има изјавено и сам.линк

Мело играше како класичен деструктивец против Киево,Рома, Лацио,Аталанта, Сампдорија и Макаби и на сите натпревари имаше оценка над 8,5. А не е само Корвињо тој што изјавува дека Мело не игра на правилна позиција, тука се и Прандели на 2 пати и Дунга кој му е тренер моментално во Бразилската репрезентација.
 

Дим4е

NZT-48, want some?
Член од
24 октомври 2007
Мислења
7.273
Поени од реакции
8.407
Значи ти ми тврдиш дека е добар за деструктивец да врши прљави работи а јас те прашувам зашто по негови грешки се примени 5 гола? :) Значи дискутираме немојте да сватите нешто провокација и слично само сакам да кажам дека неможе да е вината само кај еден .....
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.960
Поени од реакции
5.578
Па Чиро не побара да се купат Мело и Диего , не знам шо е тука конктрадикторно...
Чиро изјави дека кога Удинезе поставил сума од 25 милиони евра, Чиро одбрал да се купи Мело. Чиро изјавуваше дека Диего има потенцијал да стане најдобар играч на светот и дека секој тренер би се радувал кога би имал таков играч во составот.

Значи ти ми тврдиш дека е добар за деструктивец да врши прљави работи а јас те прашувам зашто по негови грешки се примени 5 гола? :) Значи дискутираме немојте да сватите нешто провокација и слично само сакам да кажам дека неможе да е вината само кај еден .....
Скоро сите голови што ги има Јуве примено по грешка на Мело (освен со Милан и Болоња), е тогаш кога Мело ја губи топката на средината на теренот, обидувајќи се да дрибла, и да организира акции, нешто кое за задача го има добиено од страна на Чиро. Мело не е организатор, Мело треба да ја поддаде топката одма штом ќе ја прими.

Поради слабата игра на Мело, не е крив само Ферара, но Ферара ја носи најголемата кривица поради тоа.
 

Stara dama

Luciano Moggi fan
Член од
1 октомври 2008
Мислења
1.336
Поени од реакции
95
Чиро изјави дека кога Удинезе поставил сума од 25 милиони евра, Чиро одбрал да се купи Мело. Чиро изјавуваше дека Диего има потенцијал да стане најдобар играч на светот и дека секој тренер би се радувал кога би имал таков играч во составот.
Чиро изјавил , Чиро изјавил , Чиро изјавил ... на тренери како Чиро пред да излезе на прес кофенренција му пишат на лист изјава...

муабетот беше дека Чиро не го побара Диего , туку тој веќе беше купен , а Мело исто така не го бараше. а фала богу дека за секој нов играч ќе се рече дека е одлично засилување, нели и Тиаго и Алмирон беа? ...:wink:

Кога Чиро ги бараше Диего и Мело зошто промени 37 формации само за да се прилагоди на нив двајца ? И зошто сега одеднаш Јувентус бара крила на пазарот? :tv:
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.960
Поени од реакции
5.578
Чиро изјавил , Чиро изјавил , Чиро изјавил ... на тренери како Чиро пред да излезе на прес кофенренција му пишат на лист изјава...

муабетот беше дека Чиро не го побара Диего , туку тој веќе беше купен , а Мело исто така не го бараше. а фала богу дека за секој нов играч ќе се рече дека е одлично засилување, нели и Тиаго и Алмирон беа? ...
Кога дојде Чиро, договорот за Диего веќе беше постигнат (сеуште не беше официјализиран). Требаше да го вратат и да го откажат трансферот??

За болдот, тоа е се теорија на заговор (нешто слично како на Disgraced former Juventus director Luciano Moggi). Викаше дека на Бетега ќе му дадат минорна улога во Управата, за на крајот да се испостави дека во моментов ништо не може да се преземе без одобрение од Бетега.
 

Stara dama

Luciano Moggi fan
Член од
1 октомври 2008
Мислења
1.336
Поени од реакции
95
Кога дојде Чиро, договорот за Диего веќе беше постигнат (сеуште не беше официјализиран). Требаше да го вратат и да го откажат трансферот??

За болдот, тоа е се теорија на заговор (нешто слично како на Disgraced former Juventus director Luciano Moggi). Викаше дека на Бетега ќе му дадат минорна улога во Управата, за на крајот да се испостави дека во моментов ништо не може да се преземе без одобрение од Бетега.
А ти си внатре во клубот па знаеш каква улога има Бетега или само читаш и ни пренесуваш тоа што ќе напише тутоспорт?

Ништо не можело без негово одобрение :tv:

Но ете нека биде како шо викаш , луѓето кои го избркаа пред 3 години сега му дават одврзани раце ...
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.960
Поени од реакции
5.578
А ти си внатре во клубот па знаеш каква улога има Бетега или само читаш и ни пренесуваш тоа што ќе напише тутоспорт?

Ништо не можело без негово одобрение

Но ете нека биде како шо викаш , луѓето кои го избркаа пред 3 години сега му дават одврзани раце ...
И на официјалната страна пишуваше кои се ингеренциите на Бетега, а официјалната страна ми е поверодостојна отколку Disgraced former Juventus director Luciano Moggi:toe:
 

Stara dama

Luciano Moggi fan
Член од
1 октомври 2008
Мислења
1.336
Поени од реакции
95
И на официјалната страна пишуваше кои се ингеренциите на Бетега, а официјалната страна ми е поверодостојна отколку, Disgraced former Juventus director Luciano Moggi:toe:
и на официјалната страна претседателот ти изјави дека Јувентус оди на скудето , а сепак мислел на пласман во лига европа... ете колку е веродостојна ...
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.960
Поени од реакции
5.578
и на официјалната страна претседателот ти изјави дека Јувентус оди на скудето , а сепак мислел на пласман во лига европа... ете колку е веродостојна ...
Убаво се знае која е ингеренцијата на Бетега во Јувентус, јасно пишуваше на www.juventus.com, и со тоа ги закопа во земја тврдењата на Disgraced former Juventus director Luciano Moggi дека Бетега ќе има минорна улога во Јувентус. Потоа кога виде Disgraced former Juventus director Luciano Moggi дека Бетега доби висока позиција,и веднаш Disgraced former Juventus director Luciano Moggi излезе со изјава и го нарече Бетега предавник.

А кога се работи за официјалната страна, и Disgraced former Juventus director Luciano Moggi на официјалната страна во 2006 година вети дека Џерард ќе игра во црно-бел дрес, па ден денес Џерард е играч на Ливерпул.:toe:
 

Дим4е

NZT-48, want some?
Член од
24 октомври 2007
Мислења
7.273
Поени од реакции
8.407
Скоро сите голови што ги има Јуве примено по грешка на Мело (освен со Милан и Болоња), е тогаш кога Мело ја губи топката на средината на теренот, обидувајќи се да дрибла, и да организира акции, нешто кое за задача го има добиено од страна на Чиро. Мело не е организатор, Мело треба да ја поддаде топката одма штом ќе ја прими.

Поради слабата игра на Мело, не е крив само Ферара, но Ферара ја носи најголемата кривица поради тоа.
Епа чекај малце како може квалитетен дефанзивец тутку така да изгуби топка...Се кладам дека никој нема да глуми нешто што не е и дека ќе го прави она во што е најдобар на најдобар/квалитетен начин! Значи сакам да кажам Мело ако е добар во дефанзива т.е да руши во средина никогаш нема да земе сам да дрибла да дава голови а во никој случај не би изгубил топка ! Значи според тебе он е играч што треба само да тепа на терен? Значи он нетреба да ја прими топката ниту еднаш на натпревар? Па за тоа другар подобро е нека земат кучиња и нека ги пуштат да ја бркаат топката ? Мое мислење е доколку е толку квалитетен не би направил грешка кај што најдобар! Значи стварно имав високо мислење за играчов ама искрајно цените на играчите се напумпани до небо за ваков играч до пред 5 години Јуве би дал 10 милиони и тоа е многу! Една квалитетна сезона не е гаранција за квалитетен играч! Кога ќе се потсетам на политиката на Јуве кога ги собраa Канаваро Турам Буфон Недвед Каморанзеи Замброта .... неможам да споредам никако со играч со квалитети на Мело:nenene:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom