Фан Клуб: Јувентус

Статус
Затворена за нови мислења.

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
15.331
Поени од реакции
6.012
Гоал.ком излегува со информација дека Јуве ќе испрати понуда од 12 милиони евра за Rafinha во Јануари. Мислам дека тоа не е добар потег, Rafinha е при крај на договорот, а многу се 12 милиони за играч кој во Јуни ќе му заврши договорот со Шалке, а во моментов Caceres игра одлично.

Но, со оглед дека природната позиција на Caceres му е централен дефанзивец,а Cannavaro е стар, и ако Јуве навистина планираат да дадат 12 милиони за десен бек, мислам дека Ebue е далеку поквалитетна опција од Rafinha, и според начинот на кој игра Ebue мислам дека далеку подобро ќе се снајди. Најдобра опција е Sagna, но најверојатно неговата цена нема да биде помала од 15 милиони.

Eден од најдобрите Италијански фудбалски агенти и стручњаци на сите времиња, Dario Canovi, изјави дека трансфер маркетот на Јуве ова лето бил одличен, и дека Diego и Felipe Melo се одлични играчи и дека е убеден во нивниот квалитет. За шпекулациите кои се појавија дека има шанси Melo да биде продаден, Canovi изјави дека тоа ќе биде голема грешка. линк

Се погласни се шпекулациите за заинтересираноста на Јуве за бекот на Хофенхајм, Andreas Beck линк

Јувентус се интересирале за Уругвајскиот напаѓач на Ајакс, Luiz Suarez. За тој напаѓач биле заинтересирани и Барса и Челзи. линк
 
G@rfielD

Модератор
Член од
10 февруари 2007
Мислења
10.761
Поени од реакции
9.867

Ниту Рафина ниту Ебуе не ни е потребен. Го имаме Касерес на таа десна бековска позиција, кој игра супер, а ако земеме десен бек, ќе му опадне самодовербата и со тоа неговите игри ќе почнат да слабеат. Касерес не може да игра централен бек кај нас, а и конечно си се пронајде на десната бековска позиција, така да не гледам зошто би земале десен бек. Кога веќе сакаме да земеме нов играч, поарно централен бек да биде како замена за Канаваро, а Касерес да си остане онаму каде што е.

Е за Бек, добро би било да се донесе. Лев бек во моментов каде каде повеќе ни треба одколку десен. Малиов игра супер во Хофенхајм, така да мислам дека би бил добар потег.
 
Sluzbarski

Македонец
Член од
21 јули 2009
Мислења
3.364
Поени од реакции
78
Другарче да те потсетам ЛвГал има освоено лига на шампиони, има успеси како тренер.
си беше еднаш пепелашка.... нека си решава крстозбори слободно,само го најде овој нашиов,шо не знае со шо потенцијал располага во тимот...

"I don't know what the problem is at Juventus. It certainly isn't Ferrara's fault because he has found himself with players who are not up to the Juve standard," Moggi told Ilsussidiario.net.

можеби има нешто вистина во кажаново...

и екс-играчот на јуве Миколи го повика Амаури да го напушти јуве и да премини во палермо-аман земете го уште сега да ми ги скрати маките...
 
Член од
29 март 2007
Мислења
6.820
Поени од реакции
238
сме понудиле за рафиња 12 м евра ??? незнам али како би играле Киелини Канаваро Касерес Рафиња ?
 
Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
15.331
Поени од реакции
6.012
Ниту Рафина ниту Ебуе не ни е потребен. Го имаме Касерес на таа десна бековска позиција, кој игра супер, а ако земеме десен бек, ќе му опадне самодовербата и со тоа неговите игри ќе почнат да слабеат. Касерес не може да игра централен бек кај нас, а и конечно си се пронајде на десната бековска позиција, така да не гледам зошто би земале десен бек. Кога веќе сакаме да земеме нов играч, поарно централен бек да биде како замена за Канаваро, а Касерес да си остане онаму каде што е.
Точно. Подобро да се вложат тие 12 милиони во квалитетен централен дефанзивец, бидејќи Канаваро е во крајот на својата кариера. Касерес игра одлично како десен бек, и со тек на време кога ќе собере повеќе искуство и ќе биде уште подобар.Бетега изјави дека на Јуве му недостасува напаѓач, и мислам дека е во право, бидејќи нападот на Јуве (освен Трезеге и Јакинта) се покажа доста неефикасен и мора да се променат работите во тој сектор. Бетега во 2000 година беше најзаслужен поради тоа што Трезеге во Јувентус, така да се надевам дека нема да погреши и во овој избор.
 
Stara dama

Luciano Moggi fan
Член од
1 октомври 2008
Мислења
1.336
Поени од реакции
95
Рафиња има уште 2 години од договорот така да 12 милиони не се многу (мислам дека има уште 2 , исправете ме ако грешам) ...

А Касерес еднакво добро може да игра и како лев бек , така да би се ослободиле од уште еден пациент (Гросо) ...

Проблемот е само како Рафиња ќе се вклопи со дружината кариоки , бидејќи е познат како ноќен човек ...
 
Мајло

B I S
Член од
22 јуни 2009
Мислења
1.594
Поени од реакции
940
Иако на Касерес природна позиција му е централен дефанзивец мислам дека не ми се снашол толку добро како што е сега кога игра десен бек.Супер е вака му тргна на оваа позиција мислам дека не треба да се менува,и се надевам дека Управата нема да напраи глупости па да не го откупи на перменентен договор.

Друга работа што мора да ја напраи управата е да земе централен дефанзивец за партнер на Киелини.Желба би ми било да биде Мексес.Желби се едно,реалноста сега е сосема друга:smir:

12 милиони за Рафиња?!Премногу пари се тоа за тој играч.Не сум гледал партии каде што Рафиња би докажал дека вреди толку.

Момци ако успееме да го земеме Суарез тоа би било нај најдоброто нешто.Ако тој е паметен играч би потпишал за Јувентус,каде штто сигурно би играл додека во Барса не е баш така.

Очекувам да се продадат Тиаго,Амаури и уште 1-2 играчи затоа што воопшто не се потребни во овој тим барем засега.
 
С

сашенко

Гостин
Рафиња има уште 2 години од договорот така да 12 милиони не се многу (мислам дека има уште 2 , исправете ме ако грешам) ...

А Касерес еднакво добро може да игра и како лев бек , така да би се ослободиле од уште еден пациент (Гросо) ...

Проблемот е само како Рафиња ќе се вклопи со дружината кариоки , бидејќи е познат како ноќен човек ...

ПА ти мора да си луд бе..извини вака ама јас никогаш не би го ставил КАсерес ЛЕВ БЕК...Тип4ето си е добар десен бек и не би требало да го мењаме од таа позиција.Се согласувам со неколку постови погоре дека нас ни треба централен дефанзивец наместо канаваро само.Гросо летово ке му најдеме замена и тоа би била нашата одбрана.
 
Stara dama

Luciano Moggi fan
Член од
1 октомври 2008
Мислења
1.336
Поени од реакции
95
ПА ти мора да си луд бе..извини вака ама јас никогаш не би го ставил КАсерес ЛЕВ БЕК...Тип4ето си е добар десен бек и не би требало да го мењаме од таа позиција.Се согласувам со неколку постови погоре дека нас ни треба централен дефанзивец наместо канаваро само.Гросо летово ке му најдеме замена и тоа би била нашата одбрана.
Касерес во Уругвај нон стоп игра како централен или лев бек , во Барселона лани кога играше најчесто играше лев бек. Во Уругвај го гледав на 2 натправери како лев бек , изигра многу подобро н отколку на десната страна, така да освен Јувентус ако не пратиш друг фудбал размисли малку пред да речиш нешто....
 
Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
15.331
Поени од реакции
6.012
Рафиња има уште 2 години од договорот така да 12 милиони не се многу (мислам дека има уште 2 , исправете ме ако грешам) ..
Rafinha од Јуни е слободен играч.

ПА ти мора да си луд бе..извини вака ама јас никогаш не би го ставил КАсерес ЛЕВ БЕК...Тип4ето си е добар десен бек и не би требало да го мењаме од таа позиција.Се согласувам со неколку постови погоре дека нас ни треба централен дефанзивец наместо канаваро само.Гросо летово ке му најдеме замена и тоа би била нашата одбрана.
Касерес во Уругвај игра како лев бек, а и во Барса играше како лев бек. Добар е и како лев бек.
 
Sluzbarski

Македонец
Член од
21 јули 2009
Мислења
3.364
Поени од реакции
78
шо ќар од рафиња :) мислам дека ќе остани на шпекулација ова(дај боже)...
 
Член од
25 јануари 2008
Мислења
1.839
Поени од реакции
68
Иако на Касерес природна позиција му е централен дефанзивец мислам дека не ми се снашол толку добро како што е сега кога игра десен бек.Супер е вака му тргна на оваа позиција мислам дека не треба да се менува,и се надевам дека Управата нема да напраи глупости па да не го откупи на перменентен договор.

Друга работа што мора да ја напраи управата е да земе централен дефанзивец за партнер на Киелини.Желба би ми било да биде Мексес.Желби се едно,реалноста сега е сосема друга:smir:

12 милиони за Рафиња?!Премногу пари се тоа за тој играч.Не сум гледал партии каде што Рафиња би докажал дека вреди толку.

Момци ако успееме да го земеме Суарез тоа би било нај најдоброто нешто.Ако тој е паметен играч би потпишал за Јувентус,каде штто сигурно би играл додека во Барса не е баш така.

Очекувам да се продадат Тиаго,Амаури и уште 1-2 играчи затоа што воопшто не се потребни во овој тим барем засега.
Ова за Суарез го прочита некаде или само онака го спомна, иначе го имам гледано едно 2 пати не ме импресионира многу, но од друга страна сум импресиониран од бројот на головите што ги постинал сезонава каде што на 26 натпревари постигна 30 гола, нешто што ниту Роналдо, ниту Ромарио не успеале да го постигнат во Холандското првенство.
 
Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
15.331
Поени од реакции
6.012
Ова за Суарез го прочита некаде или само онака го спомна, иначе го имам гледано едно 2 пати не ме импресионира многу, но од друга страна сум импресиониран од бројот на головите што ги постинал сезонава каде што на 26 натпревари постигна 30 гола, нешто што ниту Роналдо, ниту Ромарио не успеале да го постигнат во Холандското првенство.
Во Tuttojuve имаше напис за евентуална заинтересираност на Јуве за Суарез. Суарез е играч со огромен процент на реализација и добро би дошол во Јуве еден таков напаѓач со одлично изработено чувство за гол.
 
Pinturicio

Forza Juventus !!!
Член од
22 септември 2007
Мислења
1.705
Поени од реакции
109
Ова за Суарез го прочита некаде или само онака го спомна, иначе го имам гледано едно 2 пати не ме импресионира многу, но од друга страна сум импресиониран од бројот на головите што ги постинал сезонава каде што на 26 натпревари постигна 30 гола, нешто што ниту Роналдо, ниту Ромарио не успеале да го постигнат во Холандското првенство.
Абе друже остај ти Холандско првенство. И Кежман и Хунтелар даваа по 30 гола во сезона па кога преминаа во Челзи односно Милан беа камења.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom