Темата е “Птичја љубов“. Значи, општо, за птичјата љубов... ако треба да се ограничат моите коментари само на петте фотки од воведниот пост, кажете...
Јас протестирам против тврдењето на неколкумина овде, дека кај птиците, коитусот настанува само заради инстинктот за размножување! Да беше само нагонот во прашање, немаше цели 90% од птиците да бидат моногамни во сексуалното општење и живеењето со птицата-партнер. Да нема некаква емоционална поврзаност меѓу нив, секоја сезона, тие би се пареле со различни партнери. Кое е другото објаснување за огромната моногамност кај нив? Глупи се?
Практикувањето секс меѓу истополови, било изопачено, така ја нападнавте леандра... Да потсетам дека во 1999 година имаше регистрирано над 1500 животински видови кај кои хомосексуалноста била евидентирана и проучена од луѓе специјализирани за таа област.
Што е уште поневеројатно, кај птиците постои хомосексуално однесување не само две единки од ист вид, туку и меѓу различен!
Добро проучена е хомосексуалноста кај фламингата, гулабите, патките, лебедите, пингвините и лебедите. Само кај овие последните, е забележана стапка на хомосексуалност кај женките од 15%. Кај патките стапката е цели 19%!
Да ви наведувам примери каде хомосексуални фламинга се грижеле за јајца оставени од женки и по испилувањето, подеднакво се грижеле за опстанокот на младите...? Или нејќете да ви кварам расположение?