Квиз за Бугарите, прашања и одговори!

Мишелинка

расол
Член од
19 мај 2006
Мислења
3.449
Поени од реакции
385
Види кој ни дојде на гости :)


Тука сум си јас цело време, ама гледам да ги одбегнам провокаторските твои и на Кул и на Маќедонски теми, не ми се вадат очи со никого, а докажувањето на потекло или бранењето на историски личности сериозно ми е далеку од приоритетите. Ама да, еве ме.

Нема да ти го коментирам целиот пост, иако морам да ти кажам дека вака вечерно ме орасположи што чувствуваш дека ми се потребни лекции од историјата. Од различна литература ја читаме... Нема да се спогодиме на исто па не ја гледам поентата да го продолжуваме муабетот.
 
Член од
4 декември 2009
Мислења
36
Поени од реакции
1
Види кој ни дојде на гости :)

Од 972 не постои никаква Бугарија ниту царство со нејзиното место, територијата е поделена на теми, а Роман со титулата се наоѓа во Цариград.
Темата Бугариja e создадена во 1018 (до 1185), Темата Паристрион во 1001 (до 1185), Темата Стримон во 1018 (до 1191), Тема Македониjа околу 789-802 (до 1205). Ова "до" е кога е била пак дел од Бугарската држава.

Официјален јазик на форумов е македонскиот, дека ти е прва опомена.

Не ми релативизирајте сега ова она ќе пиеме, ќе се дружиме и сл. бидејќи ви згусти.

Нема ни еден доказ дека Самоил се прогласил за Бугарски Цар.
Од кое врме сакаш доказ... еве ти ги маку след времето на Самуил:
Скилица-Кедрин, Jоан Зонара, Кекавмен, Ал-Мекин, Михаил Псел - сите хроничари од ова време. Докази колку сакаш.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Тука сум си јас цело време, ама гледам да ги одбегнам провокаторските твои и на Кул и на Маќедонски теми, не ми се вадат очи со никого, а докажувањето на потекло или бранењето на историски личности сериозно ми е далеку од приоритетите. Ама да, еве ме.

Нема да ти го коментирам целиот пост, иако морам да ти кажам дека вака вечерно ме орасположи што чувствуваш дека ми се потребни лекции од историјата. Од различна литература ја читаме... Нема да се спогодиме на исто па не ја гледам поентата да го продолжуваме муабетот.

Не е до литературата, туку тоа дека ти читаш само од едната.

И не ти е тебе до историски лекции туку овде си по сопствен повик да браниш нешто што е дел од тебе.

Јас го правам истото, темите кои за тебе се провокаторски, за мене се негаторски и чувствувам потреба да ги отфрлам, но јас не сум тука за да ти пропагирам дека ти не си тоа што мислиш и дека си нешто што не чувствуваш дека си, ниту земам за право да ги нарекувам твоите претци по моја желба.

Ова е форум Историја и ќе се отвараат соодветни теми, се разбира со акцент на македонската историја и македонските гледишта.
Не очекувам да се спогодиме, бидејќи очигледно не сме на исти страни.

Од кое врме сакаш доказ... еве ти ги маку след времето на Самуил:
Скилица-Кедрин, Jоан Зонара, Кекавмен, Ал-Мекин, Михаил Псел - сите хроничари од ова време. Докази колку сакаш.
Пукај со кој сакаш од овие, сите одат против тебе и здравата историска логика.

Ама си полн демагогија и тенденциозно интерпретирање.

Кажи кое точно да читал од Лав Ѓакон, имам неколку извори од него.

Ти обештав точен цитат од Скилица-Кедрин (а не слободната интерпретациjа на овоj македонскиот историчар). Еве што пишува"



Cedreni op. cit. p. 455 (редови 6-16)

Види го овоj цитат, види и ова што пишува мк историчарот.

И сега кажи как тие "македонски склавини" се борели против Роман и Петар? И што бара Роман во главниот град на "Самуиловата држава"? Според теб Роман и Самуил биле врагови? И каде е теориjата дека Самуил jа превзел Бугариja, кога закониот престолонаследник е во Скопје?

Ме тераш да се преповторувам, напишано ти е и за Лав Ѓакон со цитат и за Скилица-Кедрин.

Секој Византолог пишува за борбата на склавините против Борис и Роман, дури и Бугарските историчари.

Се правиш со сила глувонем и слеп.

The Byzantine historian Scylitzes describes how Samuil, son of a Bulgarian noble, became ruler of all Bulgaria

11th-12th c.

Immediately after the death of Emperor Ioannes the Bulgarians rose in revolt and four brothers were chosen to govern them: David, Moses, Aaron and Samuil, sons of one of the all-powerful comites of the Bulgarians and for this reason named Kometopouli...Of the four brothers, David was immediately killed by some Wallachian vagabonds between Castoria, Prespa and the so-called “Fair Oak Wood.” While besieging Seres, Moses was hit by a stone cast from the wall and died. Aaron was killed by his brother Samuil on July 14 in the place called Razmetanitsa, together with all his kin, because he was a sup­porter, so they say, of the Byzantines, or because he was trying to seize power for himself. Only his son Vladislav Ivan was saved by Samuil's son Radomir Roman. Thus Samuil became the absolute ruler of all Bulgaria ...


Georgii Cedreni compendium, op. cit., pp. 434-435; cf. ГИБИ, VI. p. 275; the original is in Greek

Ајде сега напиши од кога е Georgii Cedreni.

А во меѓувреме да те информирам дека Скилица пишува 80 години после смртта на Самуил, откако е создадена ТЕМАТА БУГАРИЈА.

Скилица потенцира дека се работи за ЖИТЕЛИ НА ТЕМА БУЛГАРИА, додека на територијата на денешна Бугарија немало Бугари туку Пастрионци и Мизи.

Te gledam deka si "prepolnen" s "dokazi" ,deka Samuil bil mak. car.
Chekam tvoite dokazi za "makedonskio" car Ivan Aleksandar. Az ti pusnah ORIGINAL. Chekam...ama da ne ostareem ei, brat...
A koga si domakin, treba da si dobar, za tui ti kajuvah, ...no ako sakash, pa odi si sam - "Trajanovi vrata"...u hronikite e zapisano kato "unizitelna zaguba ot b`lgarite" na Vasilii II ot .....Samuil. Pa chekam otgovor...Takviz li sa ti site 12 000 mislena bre, brat...?
Arno e deka Makedonija se otvaria kon sveta i oste ne sa me banirali. Blagodarim na citavite Makedonci...

Диверзија на бугарски начин.

Каде реков дека Иван е Македонец?

Ниту бил ниту пак имам интерес да го докажувам тоа. Во манасиевата илустрација си стои како Македонец по негова заповед, ти сега пробај да дешифрираш зошто.

Јас го сретнав веќе одговорот, чекам ти да го најдеш.
 
Член од
4 декември 2009
Мислења
36
Поени од реакции
1
Скилица потенцира дека се работи за ЖИТЕЛИ НА ТЕМА БУЛГАРИА, додека на територијата на денешна Бугарија немало Бугари туку Пастрионци и Мизи.
Jас ти дадов цитат, дека Скилица ништо не "потенцира". Дaj да го видимие цитатот о дека потенцира дека станува зборза жители на темава Бугариjа. Дали ке го наjдеш?
 

ilija^veles

Nick Sloter
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.050
Поени од реакции
41
Brat остави ги да спијат луѓето. Жал ми падна некако.

Да имаа во главата ќе сватеа дека ниту се булгари, ни дека зборуваат булгарски итн.




Извинете ми се.
 
Член од
4 декември 2009
Мислења
36
Поени од реакции
1
Brat остави ги да спијат луѓето. Жал ми падна некако. Да имаа во главата ќе сватеа дека ниту се булгари, ни дека зборуваат булгарски итн.

Извинете ми се.
Булгарскиот jазик е изумрен, Булгари нема од векови. Има Бугари и бугарски jазик.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Jас ти дадов цитат, дека Скилица ништо не "потенцира". Дaj да го видимие цитатот о дека потенцира дека станува зборза жители на темава Бугариjа. Дали ке го наjдеш?
Абе ко на рицинус да сте, само крекате “цитати цитати“ и “оригинали“ а како основно не знаете да читате!


Скилица сосема јасно вели дека Скопје е главниот град на Бугарија, а луѓето од Бугарија се Бугари ( за востанието на Петар Делјан во “Хроника“)

А Скопје бил главен град на византискатa ТЕМА БУГАРИЈА, додека на Самоиловата држава главен град бил Охрид.

Тема = византиска војно-административна единица.

Затоа јасно е дека Скилица збори за темата Булгарија и нејзините жители.

Кажи ми како ги нарекува жителите на територијата на денешна Бугарија? Не ги нарекува Бугари, туку Мизи.

Што сте биле вие трансцендентална нација, првин на Волга, после Украина, Дакија, па Тракија, Македонија, се до Црна Гора и Србија па едвам сте се сместиле каде што сте денес.

Оваа игра на куче и маче, луд и полуд, мора да прекине во даден момент.

.
 

Мишелинка

расол
Член од
19 мај 2006
Мислења
3.449
Поени од реакции
385
Јас сум една до малкуте на форумов што имаат читано од двете страни без да се особено замара со вистинитоста или легитимноста на едната или другата.. Видиш Братот, ја имам таа предност што - што и да бил Самоил од можностите - пак си е „мој“ :) Затоа не сум дојдена за историски лекции или за да „бранам нешто мое“, не чувствувам потреба дека постои опасност да нешто ми биде одземено, во ни една варијанта.
За мене тема што се вика „Квиз за Бугари“ е по дифолт опровокаторска, непотреба, од старт запукана на лошо и кратко - апсолутно непотребна:) Ни ќе се разјасни нешто, ни ќе се смени нечија страна... Ама ајде, ќе „негираме“, за да го употребам твојот израз.
Што сум и како сум не е за овде муабет иако не-премногу-бистриот „Не сме на иста страна“ момент ми става на знаење дека во некаква си друга тајфа ме стави. Ама ако... Нели овде сме на форум Македонска Историја каде акцентот е ставен на Македонската Историја и каде на традиционално и чисто Македонски начин со главата се мава во ѕид и се отфрла како „пробугарско“ „прогрчко“ или прорандом се што не ни се допаѓа.
 

ilija^veles

Nick Sloter
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.050
Поени од реакции
41
Булгарскиот jазик е изумрен, Булгари нема од векови. Има Бугари и бугарски jазик.
Абе тоа не го пишува во енциклопедијата на Блгарија, немој да лажеш, тука лагите не поминуваат.

... Нели овде сме на форум Македонска Историја каде акцентот е ставен на Македонската Историја ....
Грешка, прочитај како се вика подфорумот и тебе ќе ти стане јасно.
 
Член од
7 март 2009
Мислења
247
Поени од реакции
32
Самоил не можел да биде ниту Бугарин ниту Македонец, бар не онака како што денес ги замислуваме (во етничка и национална смисла).

Тоа што неговото царство од голем број историчари е наречено Бугарско нема скоро никакво влијание врз прашањето: Која модерна нација има ``најголемо право`` да го присвојува Самоил. За да ти објаснам еве ти еден квиз, ама барам да бидеш искрен со одговорот. Ние сме Македонци и цел свет(надвор од Грција) го користи тоа име за нас. Дали тоа според тебе значи дека ние како нација имаме најголемо право да го присвојуваме Александар Македонски? Заради името?

Кога се присвојува некој пред-национален херој во предвид се земаат неколку фактори:

1. Територијата на која е неговото царство- ова воопшто не ви оди во прилог зашто Самоилово Царство не ја ни опфаќа модерна Бугарија.




2. Население односно чии предци живееле, работеле и се бореле за тоа царство- сите знаеме дека основа на царството биле Словените, поточно Словените од Македонија. Нивните синови и внуци денес сеуште живеат во Македонија и се нарекуваат Македонци. Тие се тие луѓе кои имаат право врз Самоил. Жителите на Охрид,Преспа,Скопје, Велес итн. А не оние на Пловдив и др градови кои никогаш не биле дел од Самоиловото Царство.:tapp:
 

Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.612
Брат,
Прво супер идеја, ама си ги оставил они да прашуваат, а ете гледам и некои наши им влегуваат во замката па се води некаква дискусија сега, кога имаш (барем за мене) јасен концепт за темата.

Совет: Или задади им прашање и остави им цел ден само за одговори, само на нив, и тоа на тие што ќе одговараат или се обидуваат, а се друго што гледа да драпа колчишта бриши.
Или па терај вака ама гледај пак да ти одговараат на постовите, зашто ги гледам чекаат да се извртат 1-2 страни и пак истите работи ги драпаат за кои веќе си постирал јасни одговори само за да замајат работа.


Ајде сега кога се тргнало вака, еве и јас да чепнам малку...


И тоа со кој друг ако не со јужниве...

Бре мајката, дури и грчишчава (во ретките изливи на искреност, се разбира инспирирани од бранењето на "нивните вековни права врз Македонија" од б'лгарчетата :drk:) знаеле да издадат книжуриња каде подизлегуваат на виделина работите како што стварно биле:

"Whilst, during Symeon's reign, the Droungovits, Strymonits and in general all Sclavinians were distinguished from the Bulgarians, during Samuel's reign and thereafter the name of Sclavinians vanished altogether, the Macedonian Slavs are designated by the Byzantines under the general name of Bulgarians, and the country conquered by them from Samuel, ie the west and north Macedonia, was from now on called Bulgaria. Thus the Greeks themselves gave the name of Bulgarians to all Slav-speaking populations and named Bulgaria not only the Bulgarian territory but Greek provinces as well. We, then ourselves gave to the Bulgarians the rights to lay claim over regions and populations with which they had nothing in common....."

(S. Kyriakides, "The Northern Ethnological Boundaries of Hellenism", p. 37, Thessaloniki, 1955)

Превод:
"Додека за времето на владеењето на Симеон Драгувитите, Струмјаните и општо сите Склавини беа јасно посебни од Бугарите, за време на владеењето на Самоил и после тоа името Склавини сосема исчезна, Македонските Словени се назначени од Византијците со општото име Бугари, и земјата освоена од нив од Самоил, т.е. западна и северна Македонија беше од тогаш наречена Бугарија. На тој начин самите Грци му го дадоа името Бугари на сето Словено-говорно население и ги крстија Бугарија не само Бугарските територии туку и Грчките провинции. Ние самите значи (мисли на Грците) им го дадовме на Бугарите правото да претендираат кон области и население со кои тие немаат ништо заедничко..."

(С. Киријакидес, "Северните Етнолошки Граници на Хеленизмот", стр. 37, Солун, 1955)


Инаку овој цитат го користат и србендите за борба против б'лгарчета, ама некако не им се допаѓа она за Драгувитите и Струмјаните, па и општо за Склавиниите, па не го преведуваат тој дел иако го даваат вака во целост.

Што мили соседи сме ти имале ние бе без да знаеме, просто срцки..!
:uvo:
 
Член од
7 декември 2009
Мислења
207
Поени од реакции
12
Daj da se argumentirame so srednovekovni izvori a ne so mislenija na balkansji nacionalisticeski istorichari ot vremeto na nacaloto na studenata vojna.Az sam uveren deka ti ne bi se soglasil so 99,99999% od napisanoto na ovoj grk.V tazi kniga on se trudi da dokaze deka naselenieto na Makedonija e predominantno grcko.I ti si izvadil 5 reda i gi maftash ko nekakvov dokaz.Dali se soglasuvash i s ostanalata cast na knigata?
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.587
Ченто, нешто немаат одговори... :wink:

Чудна работа нели, некако бугарињава ги нема на темава, пробуваат да дефокусираат од моето прашање, а од толку активни пропагатори нивни на форумов се решија да ни пастираат википедија. Другите си чекаат под сенка.

Вообичаена слика за начинот на кој што дејствуваат.


Бидејќи немам намера да ги чекам до недоглед да преминеме понатаму.

Роман бил цар на Бугарија (977 - 997).

Самоиловото царство или Славинија на цар Самоил постоела од 976 до 1018 година.

Е сега, дали е можно Бугарите во исто време да имале 2 Цара?

Роман 977 -997
Самоил 976 - 1018
Значи 21 година биле едно царство со два цара :kesa:

Бугарска работа.
 

Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.612
Turchin напиша:
Daj da se argumentirame so srednovekovni izvori a ne so mislenija na balkansji nacionalisticeski istorichari ot vremeto na nacaloto na studenata vojna.Az sam uveren deka ti ne bi se soglasil so 99,99999% od napisanoto na ovoj grk.V tazi kniga on se trudi da dokaze deka naselenieto na Makedonija e predominantno grcko.I ti si izvadil 5 reda i gi maftash ko nekakvov dokaz.Dali se soglasuvash i s ostanalata cast na knigata?
Како прво, ти не ќе да си Турчин...
Ова на сличево вистина ли е?



:pos:

Како второ, штом не одговара правецот на дискутијата и неоспорните факти пу-пу не важи ај ќе даваме само извори од среден век, нели.
Така ли те учеа тебе дома "Турците"..?!?

Па уште ме прашува демек дали сум се слагал со остатокот од книгата, бре, бре...
Јасно и гласно сум ти напишал:
Ч Е Н Т О напиша:
(во ретките изливи на искреност, се разбира инспирирани од бранењето на "нивните вековни права врз Македонија" од б'лгарчетата ) знаеле да издадат книжуриња каде подизлегуваат на виделина работите како што стварно биле...
Арно ама на тебе и на твоиве браќа тука не ви прави проблем мојот "модерен извор", туку вистината што тој ви ја кажува, ете тоа ве пече.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom