Квиз за Бугарите, прашања и одговори!

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Одиме со следното прашање.

На една минијатура на Манасиевиета хроника глостарот од XV век „го ставил - покрај кирилскиот текст - изразот „De Cruma rege Macedonie“ [Се однесува бугарскиот кан Крум (802-814).] и „Cruma rex Macedonie“. На една друга страна, пак, на минијатурата, под ликот на бугарскиот цар Иван Александар ( 1331 до 1371 ) напишал дури: Sanctus Johannes Alexander Macedo (Македонец - С.А.), односно Јоан Александар Македонец!


извори:
- “Leetopista na Konstantin Manasi“ - Constantine Manasses, Ivan Duĭchev, Biblioteca apostolica vaticana

Bulgarian Church Slavic translation of: Synopsis historikē by Manasses ; originally written in Greek.

- “Samuel and his state“ - Stjepan Antoljak

Дали ова значи дека Крум бил Македонски крал, а бугарскиот цар Иван Александар бил Македонец?
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
не сакам маjмацедониа, сакам оригинален историски извор во коj пишува дека македонецот самуил кренал востание против бугарите :tapp:
Ни јас несакам бугарска википедија.

Доколку не си знаел, Самоил имал задача да се бори токму против Бугарите во договор со Византија.

Првото востание во 969 а другото во 976 против браќата Борис и Роман - според John Scyilitzes (Skyl.255.73-80)

Ванче Стојчев “ Воена Историја на Македонија“ Воена Академија. Скопје 2004, страна 63.

Роман заедно со вистинските бугари се борел во корист на Византијците против Самоил и стигнал се до Скопје. Откако го освоил Скопје, бугаринот Роман го предал градот на византискиот цар Василиј II и за тоа големо дело Роман бил назначен за стратег на Абидос, а ја добил и ромејската почест сан патрициј и препозит (Skul—Cedr., ibid., II, p. 45513–18 ) .
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Би ли посочил извор, в којто да пише која година Самуил станал цар?
Самоил се прогласил самиот за Цар во 976 година откако сите други претенденти биле мртви.

Нема точен датум кога бил прогласен за цар од страна на Рим, меѓутоа потврдено е дека не ја зел титулата од Роман, нема таков доказ.

Територијата на неговото царство била автономна и не потпаѓала под бугарскиот цар Роман.

Семејството на Самоил, Комитопулите, се бореле против Борис и Роман кои биле на страната на Византија.

Самоил основал НОВА ДРЖАВА, со нова посебна автокефална црква во 976 год. која добила ранг на патријаршија 999 год., но не со седиште во старите бугарски црковни центри, туку во Преспа, а потоа и во Охрид.

Додека бугарската црква била укината 972 год.

През 972 г. император јоан Цимисхи уништожава политическата и ц'рковна независимост на Източното б'лгарско царство.

Ц'рковен Вестник, Издание на Б'лгарската Православна Ц'рква, Година 103, број 9 и 10, Софија, 1-30 мај 2003, наслов “Б'лгарските патриарси през Средновековието” Александра КАРАМИХАЛЕВА).
царство без патриаршество не бива
Две патријаршии во една држава немало!

Т'рновската патриаршија е название на независимата б'лгарска православна ц'рква през периода 13-14 век.

А таа не била поставена на темелите на Охридската ниту претставувала нејзино продолжение, туку била паралелна со Охридската.


Автономијата на македонските склавинии, како политичка, така и религиска ја потпомогнал папата во 866 г. кога наредил на бугарскиот кнез Борис т.е. Михаил секој народ во Бугарија да има посебна црква со свој епископ, а сите епископи да избираат заеднички Архиепископ н а Бугарија. Инаку целото папско правило гласи: ”Episcopos gentium singularum scire convenit, quis inter eos primus habeantur, quem velut caput existiment et nihil amplius praeter eius conscientiam gerant etc. ”(Правила на св. православна ц'рква с т'лкованијата им, Софија, 1912, т. I, стр. 98 / Васил Н. Златарски: ”Историја на П'рвото б'лгарско Царство”. II. От славјанизацијата на д'ржавата до падането на П'рвото царство (852—1018) стр.119-120)

Тогаш, бугарскиот цар Борис Михаил ги одвојува Македонците од бугарското царство и создава автономна македонска област (Периодическо списание, 1898 год., кн. 55-56, стр. 85.); за управник на македонската автономна област го назначува Св. Климент, кој воедно ја вршел и задачата на епископ на словенски јазик , каде јазик во средниот век означувал народ.

Македонија станала третиот дел од бугарското царство со своја управа. Според , Св. Климент станал автономен управител на целата територија на Македонија, на југ се до Халкидик и Јанина (Ibid. pp. 157 et seq.). Но, забележни се пред Св. Климентовото време и два кмета од Македонија Тамериан и Дристар (Житието на Тивериуполските маченици кај Migne, Patrol. gr., t. 126,ibid., cap. 47, col. 213 A.), кои биле полунезависни владетели на македонските етнички територии во склоп на Бугарија со свои војски и свои крепости (Skyl.—Cedr., ibid., II, p. 4698–9).

Таков кмет (комитопул) бил и Никола, таткото на Самоил и со таква титула е забележан во византиската историографија (Zonaras, ibid., IV, p. 75).


Чекаме одговор на следново:

Одиме со следното прашање.

На една минијатура на Манасиевиета хроника глостарот од XV век „го ставил - покрај кирилскиот текст - изразот „De Cruma rege Macedonie“ [Се однесува бугарскиот кан Крум (802-814).] и „Cruma rex Macedonie“. На една друга страна, пак, на минијатурата, под ликот на бугарскиот цар Иван Александар ( 1331 до 1371 ) напишал дури: Sanctus Johannes Alexander Macedo (Македонец - С.А.), односно Јоан Александар Македонец!


Извори:
- “Leetopista na Konstantin Manasi“ - Constantine Manasses, Ivan Duĭchev, Biblioteca apostolica vaticana

Bulgarian Church Slavic translation of: Synopsis historikē by Manasses ; originally written in Greek.

- “Samuel and his state“ - Stjepan Antoljak

Дали ова значи дека Крум бил Македонски крал, а бугарскиот цар Иван Александар бил Македонец?
 
Член од
4 декември 2009
Мислења
36
Поени од реакции
1
Не ова ништо не значи, а дека "Macedo" било "Македонец" е голема глупост. За Крум значи дека jа управувал Македониjа. Овие се надписи, кои многу слободно ги обjаснуваш.

За Joван Александар може да читаш "Зографската грамота":
Овој [дом] долго време се владее од православните, благочестиви и христолјубиви бугарски цареви, деди и прадеди на моето царство и секој од нив, дури и до нашето царство, се даваат и го крепи според своето благоволение за свое упоменание.

Oткако пак е благоизволил Господ Бог мој Исус Христос по милоста и поддршка на прочистена негова мајка и ме постави на престолот на бугарското царство, кој е дeдов и прадeдов на моето царство, то исто така и моето царство примена и даваше според своите можности во сите времиња .
Во однос на "патриаршиите"
1. Трновската е патриаршиja, охридската е архиепископиja. Дали ги разликуваш двете? Кое е поголемото?

2. Денес во македониja се барем 2 цркви
2.1. Македонска Православна Црква - Охридска Архиепископија
2.2. Православна Охридска Архиепископија

Првото востание во 969 а другото во 976 против браќата Борис и Роман - според John Scyilitzes (Skyl.255.73-80)


Ванче Стојчев “ Воена Историја на Македонија“ Воена Академија. Скопје 2004. Страна 63

Роман заедно со вистинските бугари се борел во корист на Византијците против Самоил и стигнал се до Скопје. Откако го освоил Скопје, бугаринот Роман го предал градот на византискиот цар Василиј II и за тоа големо дело Роман бил назначен за стратег на Абидос, а ја добил и ромејската почест сан патрициј и препозит (Skul—Cedr., ibid., II, p. 45513–18 ) .
Преводот од Скилица-Кедрин не е превод, туку слободна интерпретациj на оригиналот. За никави "вистински бугари" не се зборува во оригиналот. И таква страница 45513-18 нема. Страницата е 455.

а "13-18" се редовете од страницата... само со copy/paste не става, требе читане.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Не ова ништо не значи, а дека "Macedo" било "Македонец" е голема глупост. За Крум значи дека jа управувал Македониjа. Овие се надписи, кои многу слободно ги обjаснуваш.

За Joван Александар може да читаш "Зографската грамота":
А што би требало да биде, па самите тоа го пишувате бе абдал еден.

Рекс = Крал

Ниту едниот ниту другиот не биле Македонци.

Во однос на "патриаршиите"
1. Трновската е патриаршиja, охридската е архиепископиja. Дали ги разликуваш двете? Кое е поголемото?
Што бладаш сега?

Охридската е Патријаршија кога Трновската уште не постоела.

Дури по падот на Самоиловото Царство во 1018 таа е деградирана во архиепископија, но ја задржала автокефалноста.

Доколку Охридската била “бугарска“ тогаш немаше паралелно со неа да ја формирате Трновската.

И не го заборавај папското правило кое му наложило на Борис да ги одвои Македонците и црквата како посебен народ.


2. Денес во македониja се барем 2 цркви
2.1. Македонска Православна Црква - Охридска Архиепископија
2.2. Православна Охридска Архиепископија
Во заблуда си.


Преводот од Скилица-Кедрин не е превод, туку слободна интерпретациj на оригиналот. За никави "вистински бугари" не се зборува во оригиналот. И таква страница 45513-18 нема. Страницата е 455.

а "13-18" се редовете од страницата... само со copy/paste не става, требе читане.
Море море.. извини што не сум оставил - празно место - меѓу бројките па вака во голема заблуда ве внесов, ептен добар и начитан дискутант си, еве ќе почекам на оригиналот од тебе.

:kesa:


Ништо не кажа пиленце, вака или онака пак дојдовме на нашето, дека лажете колку што можете, само да не и погледнете на вистината во очи.
 
Член од
20 декември 2008
Мислења
1.193
Поени од реакции
75
Одиме со следното прашање.

На една минијатура на Манасиевиета хроника глостарот од XV век „го ставил - покрај кирилскиот текст - изразот „De Cruma rege Macedonie“ [Се однесува бугарскиот кан Крум (802-814).] и „Cruma rex Macedonie“.
Тоа пак е шпекулација со изворите. Покажи точно што пишува и да не заборабаш каде е Македонија во времето на Крум.

Крум ја освоил Македонија (која била во денешна Тракија) и нормално е да rege со неја.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
12.012
Поени од реакции
18.830
Тоа пак е шпекулација со изворите. Покажи точно што пишува и да не заборабаш каде е Македонија во времето на Крум.

Крум ја освоил Македонија (која била во денешна Тракија) и нормално е да rege со неја.
А видиш како самите се фативте во лагата, а зошто тоа било така да те прашам?
Епа еве јас ќе ти кажам - Византија, Источното римско царство своите жители ги декларирала не на етничка база, туку географски, по Темите каде што живееле. Тема е византиска воено-административна област, со своја сопствена управа, но потчинета на Византија.

Во состав на Византија имало голем број на Теми, населени со повеќеетничко население; Византија за полесно да ги лоцира луѓето ги нарекувала по името на Темата, а не со етничкото име, но и со тенденција сите нив да ги асимилира во Ромеи (Византијци). Така, жителите на темата Стримион, биле стримионци, жителите на темата Македонија биле географски Македонци, но не и етнички.

Од 972 г. бугарската држава не постои, истата влегува во состав на Византија, во која спаѓаше и поголемиот дел на Македонија; слободните територии на Самоил и неговите браќа не беа признати за посебна држава, туку тие беа за Византија само бунтовници. Тогаш, Византија ја дели територијата на Бугарија, денешните Македонија, Србија, Црна Гора и дел од Албанија на Теми. Но, за да ги асимилира различните етникуми во својата држава, Византија ги менува имињата на окупираните територии; така, територијата на источна Тракија станува тема Македонија, а жителите на темата Македонија за византијците се Македонци, без разлика на нивната етничка припадност. Цариград и неговата околина се сместени во тема Тракија, а жителите на Тракија биле нарекувани Тракијци. Територијата на Македонија, Црна Гора, сегашна Србија влегуваат во византиска тема Бугарија (Воулгариа) и сите жители (Македонци, Срби, Црногорци) на темата Бугарија беа за Византија бугари. Права, вистинска Бугарија станува тема Паристрион или Мезија (Мизија), а жителите Паристрионци или Мизи (Ibidem, p. 43-49./Vezi P. Diaconu, Les Petchénegues..., p. 112-115, N. Iorga, Les premieres cristallisations d'État des Roumains, “Bulletin de la Section Historique”, 5-8, 1920, 1, p. 33-46; N. Bănescu, Les premiers témoignages byzantins sur les Roumains de Bas-Danube, “Byzantinisch-Neugriechische Jahrbücher”, 3, 1922, p. 287-310 / N. Bănescu, Les duchés byzantins de Paristrion (Paradounavon) et de Bulgarie, Bucarest, 1946, p. 101; P. Diaconu, Les Petchénegues..., p. 101).
Така, по византискита книжнина, Македонците ги нарекуваат Бугари, по територијата каде што живеат- тема Бугарија, а пак Македонци за Византија се луѓето од темата Македонија (околу Одрин-Едрене), пред се словенизирани Траки, Евреи, Ерменци, Ромеи-Грци, итн. Затоа, многу од подоцнежните писатели, хроничари и патеписци за Макединија и останатите територии од темата Бугарија, го користат терминот Бугари и согласно со тоа, наоѓаат Бугари во Македонија. Но, истите тие кои се служат со тематската поделба од Византија, Македонци лоцираат во источна Тракија, каде што некогаш била византиската тема Македонија.

Најубаво ќе ја разбереме византиската терминологија на луѓето по теми, ако го разгледаме случајот со византискиот император Василиј Втори Македонецот, Бугароубиецот. Василиј Втори Македонецот припаѓа на лозата на Македонците, чиј родоначенлик е Василиј Први, по потекло Ерменец, од ерменска фамилија или мешано словеноерменска, која стотина години живеела во Адријанопол-Едрене, и, поради тоа што е роден (811 г.) во тема Македонија, во сите византиски извори е наречен Македонец, а неговата династија Македонци - „Македонос“ (Извори: 1. Ibidem, p. 228; cf. GSBH, V, p. 155 / 2. "Basil I." Encyclopædia Britannica. 2005. / 3. Abstracts from the International Conference ARMENIAN CONSTANTINOPLE organized by R.G. Hovannisian, UCLA, May 19-20, 2001, UNIVERSITY OF CALIFORNIA, LOS ANGELES, DICKSON AUDITORIUM). Така, Ерменците и сите останати националности што живееја во темата Македонија (историски Тракија) станаа по византиските книги Македонци, а Македонците оти живееја во тема Бугарија станаа Бугари. Василиј Втори Македонецот е најлутиот непријател на Самоил. Во 1014 г. кај Беласица, Василиј Втори Македонецот ја победува македонската армија на Самоил, каде убива неколку илјади македонски војници. По оваа битка, Василиј Втори Македонецот од страна на византиските хроничари е наречен Бугароубиецот т.е. убиец на жители од темата Бугарија, а не етнички Бугари.



Како ермено-словенот Василиј Втори Македонецот беше Македонец, така и Цар Самоил беше бугарин за Византија- жител и владетел на териториите кои припаѓаа на темата Воулгарија.

Седиште на темата Бугарија било Скопје, од каде се управувала не само најголемиот дел од Македонија, туку и Србија, денешна Црна Гора и делови на Албанија. Поради тоа, Србите, како и Црногорците за византијците представувале бугари- жители на темата Бугарија.

Византискиот историчар Лаоник Халкондил вели “Трибалите (средновековно архаично име за Cрби т.е. рашкани) сега се нарекуваат Бугари” (Laonicus Chalcondyles, P.G., т. 159, Op. cit., кол. 26).

Кедрин, најголемиот хроничар на средновековната македонска држава и Црногорците ги нарекува Бугари, а црногорскиот принц Константин Бодин, син на црногорскиот кнез Владимир и Самоиловата ќерка Косара го нарекува „Цар на Бугарите“, а целата негова војска составена од Црногорци, која потоа собирала и косовари, е, окарактеризирана како војска на „Бугари“ (Georgius Cedrenus loannis Scylitzae ope ab L Bekkero suppletus et emendatus 11, Bonnae, 1839, pp 714-719) т.е. војска составена од жители на темата Бугарија. Според бугарската историја, ова би значело дека и Црногорците се Бугари. Неговиот татко Јован Владимир, кнез црногорски, византиските хроничари го нарекуваат секогаш Бугарин (жител на тема Бугарија), па затоа и бугарската црква побрза да го прогласи црногорецот за бугарски светец и денеска неговото име се слави од БПЦ на 22 мај (Види православен календар на Бугарската Православна Црква).

По пропаста на Самоиловото царство, Василиј Втори Македонецот ја намалува диецезата на Охридската Патријаршија само на Тема Бугарија т.е. на најголемиот дел од Македонија, Србија и Црна Гора. Бугарските историчари тврдат дека Охридската Архиепископија е бугарска црква поради тоа што нејзината надлежност била за ЦЕЛА БУГАРИЈА; но, под ЦЕЛА БУГАРИЈА се подразбира целата тема Бугарија, која не ја опфаќаше денешна Бугарија- Добруџа (византиска тема Паристрион, Мезија) и Тракија (византиска тема Македонија), кои тогаш беа потчинети на Цариградската Патријаршија.



Ромеите (Грците, Византијците) кои живееле во темата Бугарија се сметале за Бугари т.е. географски Бугари, жители на Византиска Тема Бугарија.

Теофилакт Охридски, грк, родум од Еврип, е Архиепискот на Охридската Архипископија од 1090 г. до 1119 г. Познат е по тоа што го има напишано "Пространото Св. Климентово Житие" каде објаснува дека за него бугари се жителите на византиската тема Бугарија т.е. тоа се географски бугари. Теофилакт и самиот себеси се сметал за бугарин- жител на темата Бугарија, па во Пространото Житие на Св. Климент запишува "Св. Климент ни го предал НА НАС БУГАРИТЕ сето она што се однесува на црквата" (Пространото Житие на Св. Климент, Охридски ракопис во Румјанцев музеј во Москва. Збирката на Григорович под број 818, лист стр. 11-6 до ЗЗ-б. / Архивен институт на БАН (кутија ИИИ, папка ИВ.)

Како мнозинското население во византиската тема Бугарија (Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија) било словенско, бугари за грците биле словените, па Теофилакт пишува во своето житие на Св. Климент за "славенскиот или бугарскиот народ", а јазикот во во темата Бугарија го нарекува бугарски. За него, Св. Климент бил "прв епископ на бугарски јазик" (Пространото Житие на Св. Климент, Охридски ракопис во Румјанцев музеј во Москва. Збирката на Григорович под број 818, лист стр. 11-6 до ЗЗ-б. / Архивен институт на БАН (кутија ИИИ, папка ИВ.).

Оттогаш, за Византијците и Грците зборот Бугар станал синоним за словен, а бугарски јазик синоним за словенски јазик. Но, таа класификација на жителите по теми ги користела само и исклучиво Византија и Византијците. Жителите на темите си се изјаснувале по нивната етничка припадност. Така, НЕ ПОСТОИ НИТУ ЕДЕН ИСТОРИСКИ ДОКУМЕНТ ОД СРЕДНИОТ ВЕК, КАДЕ НЕКОЈ МАКЕДОНЕЦ СЕ ИЗЈАСНИЛ КАКО БУГАРИН, ЖИТЕЛ НА ТЕМА БУГАРИЈА. ИСТИОТ СЛУЧАЈ Е И СО СРБИТЕ, ЦРНОГОРЦИТЕ И СЛОВЕНИТЕ ОД БУГАРИЈА.

"Краткото житие на Св. Климент", уште наречено "Охридската Легенда" е напишано од охридскиот Архиепископ од 13 век, гркот Димитриј Хоматијан, родум од Ликија (Мала Азија), сите словенски народи ги нарекува бугари - волгарои. За словените, грчкиот автор во "Охридска Легенда" пишува: "тие (бугарите) беа иселени во старо време од воената сила на Александар, од крајот Бруса Олимп кон Северниот океан и Мртвото море, а откако поминало многу време, бугарите со страшна војска го преминаа Дунав и ги зазедоа сите соседни области: Панонија и Далмација, Тракија и Илирик, а и голем дел од Македонија и Тесалија" (Охридска легенда- автора на житието — охридскија архиепископ Димитриј Хоматиан; Ал.Милев, Гр'цките житија на Климент Охридски" , 1966 г. ). Во истата Охридска Легенда, оригинално напишана во 13 век се вели дека папата го ракоположил Методиј за архиепископ на Моравија и Бугарија (тема Бугарија), а Kлимент бил ракоположен од Методиј за епископ на целиот Илирик и на "бугарскиот народ" кој ги владеел тие краишта (Ив. Дујчев, Краткото Климентово житие от Димитриј Хоматиан, в „Климент Охридски, сборник от статии по случај 1050 години от см'ртта му" БАН, Софија, 1966 г., стр. 161—171). За Грците, сите словенски народи што ги населуваат Илирик, Далмација и Панонија биле бугари и ги нарекуваа со едно име, почнувајки од 10 век. Илирик е територијата на денешна Хрватска, Србија, Босна, па грчкот од 13 век ги нарече и Хрватите, Србите, Црногорците, словените од Панонија ништо друго, туку Бугари.

Еве сега Бугарине ме интересира само едно, зошто денеска вие не пробате да им викате на Србите, Црногорците и Хрватите дека и тие се Бугари, еве зошто одговори ми?

Бугарија го користи фактот што Македонија била дел од темата Бугарија, да ги прикаже Македонците како Бугари. Воедно бугарската историографија лаже дека античките Македонци се населиле во источна Тракија, тема Македонија, па по ова нивно "правило" да испадне дека жителите на темата Воулгарија се Бугари. Притоа "забораваат" да спомнат дека во Византија, како жители на темата Бугарија и бугари (тематски, географски) фигурираат и србите, црногорците како и словените од Срем. Инаку, не постои ниту еден пишан или усен историски извор дека античките Македонци се иселиле во источна Тракија околу Едрене. А и каде таа мала територија околу Едрене би ги собрала сите Македонци од етничка Македонија која се простираше на 68.000 км2? Темата Тракија беше Цариград и околината, па ако пак одиме по умот на Бугарите, зарем сите Траки отишле во Цариград и цариградските села? Знаејки дека Траките биле најголемиот антички народ и се чудам како ги собрало сите Траки во Цариград? Би требало да се изградат илјадници облакодери од по 100 ката за да ги собереле сите Тракијци во тогашниот Цариград и градот да зафаќа површина од стотина км2.

Ако одиме по логиката на бугарската пропаганда дека Македонците во 10 век биле Бугари оти живееле во тема Воулгариа, следува дека денешниве Бугари не се Бугари оти не се наречени Бугари после 972 г., туку Византијците ги нарекуваат Македонци и Паристрионци- Мизијци, според темите на кои припаѓаа.
 
Член од
20 декември 2008
Мислења
1.193
Поени од реакции
75
Убедливо, ама само за непросветените.

Кога е создадена темата Бугарија и зошто точно така ја именувале Ромеите? Дали е произволно или од други причини?
Тоа за Хоматијан е вадење на зборови од контекст. Читај го житието па види дали Хоматијан зборува или ги предава зборовите на некој друг.

Текстот ти е многу опширен и треба подетајлно да се анализира.
Отвори посебна тема, па да ти кажам кои се лагите во него.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
12.012
Поени од реакции
18.830
Прво одговори ми на прашањето. И Србите и Црногорците и Хрватите се наеркувани Бугари во Византија, јас ќе те прашам уште еднаш зошто не тврдите дека и тие се Бугари денеска?

Инаку гореспоменативе народи се нарекувани Бугари затоа што Византија сакала да изврши асимилација, од иста причина што и вас Бугарите ве нарекувале Мизи и Македонци, а оние што живееле во Цариград ги нарекувале Траки, јас не ја гледам лагата кога постојат мапи на Византија, и како темите на Византија биле именувани. Тоа е исто ко јас тебе да те прашам зошто тие што живееле во Одринско биле нарекувани Македонци?
 
Член од
20 декември 2008
Мислења
1.193
Поени од реакции
75
Прво одговори ми на прашањето. И Србите и Црногорците и Хрватите се наеркувани Бугари во Византија, јас ќе те прашам уште еднаш зошто не тврдите дека и тие се Бугари денеска?
Toa e utopija.
Daj gi faktite da gi proanalizirame. Koj gi narekuval Bugari, koga vo site vizantiski izvori jasno se razgraniceni i Srbite i Hrvatite od Bugarite.

Ne tvrdime deka bile Bugari, zosto samite sebe si nikogas ne se narekuvale Bugari.
Za Makedoncite e drugo prasanje. Najdobro e na prvo vreme da gi procitas "Za Makedonckite raboti". Tamu e dobro objasneto.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Тоа пак е шпекулација со изворите. Покажи точно што пишува и ...
Кутаргур... не се мачи да релативизираш, џабе ти е:

http://books.google.pl/books?ei=BbUeS6rBBKO8zgShjaSUCg&cd=3&as_brr=0&q=De Cruma rege Macedonie


.. да не заборабаш каде е Македонија во времето на Крум.
Крум ја освоил Македонија (која била во денешна Тракија) и нормално е да rege со неја.
Ко рипче во тавче ми скокна.

Нормално дека ЈАС не заборавам каде била темата Македонија ниту целта ми беше да го помакедончувам хан Крум (скраја да е).

Меѓутоа доколку нормално било Крум да биде рекс - крал на Македонија, се мисли на ТЕМАТА МАКЕДОНИЈА -- византиската воjнo-aдминиcтpaтивнa eдиницa -- а не на етногеографска историска Македонија.

Тогаш зошто го правите сосила Самоила БУГАРИН по род, кога неговата престолнина како прво била во Преспа, потоа во Охрид, основал архиепископија на таа територија и што е најважно во негово време на владеење не постоела ТЕМА БУЛГАРИЈА ?!?

Дури по падот на неговото Царство во 1018 година Васил 2 Пурпурниот ја создава темата Булгарија на територијата на Македонија, Србија, Бугарија.

Значи и ние по ваша логика можеме да го присвојуваме хан Крум, поготово доколку се земат во предвид двете хипотези за неговото фамилијарно потекло:

There are two hypotheses about the family origin of Krum. According to the first one, his family has come from Pannonia, where it had been in service of the Avars[1] whereas according the second and more popular, Krum was born in Macedonia. [1]His father Toktu was a member of a proto-Bulgarian noble family and even became a ruler of Bulgaria between 766 and 767. Most likely he belonged to the branch of Dulo which settled in Macedonia, led by Kuber and established a Bulgarian state with serious Slavic participation.[1] Krum's mother Lana (or Svetlana) was of Slavic descent and this gives further explanation to the fact that Krum was described and portrayed by the Byzantine chronists as a light-hairеd man with light eyes, especially taking into consideration that there is no evidence for the existence of blond people on the Balkans till the arrival of the Slavs.
Меѓутоа ние не го правиме тоа, ниту имаме потреба.


Едно е сигурно, Самоил не ја земал Бугарската круна, бидејќи таа била однесена во Цариград од страна на Цимискиј во 972, а во времето на Самоил, со ИРИ владеел Васил 2 Пурпурниот кој повеќе од сигурно е дека не му дал круната и потврдено е дека Цариград не го признавал Самоила за Цар.

През 972 г. император јоан Цимисхи уништожава политическата и ц'рковна независимост на Източното б'лгарско царство.

Ц'рковен Вестник, Издание на Б'лгарската Православна Ц'рква, Година 103, број 9 и 10, Софија, 1-30 мај 2003, наслов “Б'лгарските патриарси през Средновековието” Александра КАРАМИХАЛЕВА).

Затоа Самоил се обраќа во Рим од каде добива благослов да формира нова архиепископија и да биде прогласен за Цар. Тоа е пред големата шизма и поделбата на католици/православни.


Сега пробувате истовремено да манипулирате меѓу ТЕМИТЕ и подоцнежните извори кои се повикуваат на нив, за да создадете основа за вашите лажливи тврдења.

Иако сите тие византиски извори потенцираат дека се работи за жители на темите, а не за етничкото потекло.
Тука особено е парадоксално титулирањето кое нема никаква врска со потеклото.

Васил 2 Пурпурниот е наречен Македонец бидејќи е роден во ТЕМАТА Македонија, односно источна Тракија денешна Турција.

Basil was born to Armenian parents in 811 in the Byzantine theme of Macedonia (an administrative division corresponding to the area of Adrianople in Thrace).[1] While one source has claimed him to be of Slavic decent, such assumptions have been dismissed as fiction by the scholarly world.[2] The sole foundation of the Slavonic theory is that Arabic writers designate him as a Slav; this is explained by the Arabic view that all Macedonians were Slavs.
Додавката “Бугароубиец“ му е дадена неколку века подоцна (14 век) во Хрониката на Ефрем (Ephraim Aenii Historia Chronica, Athens, 1990, стр. 109) 4 века после битката кај Беласица, односно откако веќе била создадена ТЕМАТА БУЛГАРИЈА во 1018 г на територијата на денешна Македонија (заедно со оној дел во Грција), југоисточна Србија и северозападна Бугарија.

In chapter five, Stephenson explores how the contemporary authors referred to Basil. An extensive survey of the Byzantine sources reveal that instead of Voulgaroktonos, Basil was generally referred to as porphyrogennetos or "born in the purple" to show he was the reigning emperor.Otherwise he was referred to as "the younger" or "the second". Thus Basil was known to the chroniclers and others as Basil II. This trend continued in the literature well beyond the life of Basil. Stephenson also reveals that this was well known even to biographers in the seventeenth century.

It is not until chapter six thatthe mystery is revealed in why Basil transforms from porphyrogennetos into the Voulgaroktonos. As one might suspectit has more to do with political changes, particularly in the ways that Bulgars were viewed in the twelfth century, rather than any particular historical activities. However, Basil image would decline again in later centuries, particularly with the rise of the Turks and a decline in the threat from the Bulgars.

The Legend of Basil the Bulgar-Slayer
http://www.deremilitari.org/REVIEWS/...nson_basil.htm

1. Не постои ниту еден документ во Кој Самоил или било кој член на неговата династија се изјаснил како Бугар.
Каде е важно да се напомене дека арапските историчари Азогик и Јахја ја одделуваат лозата на Комитопулите(Самоил) од онаа кралската Бугарска, односно “браќата“ Арон и Мојсеј не биле од фамилијата на Комитопулите.
The Arab historian Yahya claims that the son of Samuel, Gavril, was assassinated by the leader of the Bulgarians, son of Aaron, because Aaron belonged to the race that reigned over Bulgaria. Asoghik and Yahya clearly distinguish the race of Samuel from the one of Aaron or the race of the Cometopuli from the royal race. According to them, Moses and Aaron are not from the family of the Cometopuli. David and Samuel were of Armenian origin and Moses and Aaron were Armenian on their mother's side.[132]

The 11th-century historian Stepanos Asoghik wrote that Samuel had only one brother, stating they were both Armenians from the district of Derjan, an Armenian land incorporated into the Byzantine Empire. They were sent to fight the Bulgarians in Macedonia but ended up joining them.[121] This version is supported by the historian Nicholas Adontz, who analyzed the events and facts of the century and concluded that Samuel had only one brother, David.[122] Asoghik's version is also supported by the historian Jordan Ivanov;[123] furthermore, according to Samuel's Inscription, he had only one brother called David.

Adontz, Nicolas. Etudes Armeno-Byzantines. Livraria Bertrand. Lisbonne, 1965, pp. 387-390

2. Постоијат документи во кои се гледа дека неговото царство се нарекува Склавинија (а не Бугарија).

3. Византиските и други извори зборуваат за вулгари, т.е. жители на византиската тема Вулгарија.

4. Досега ви пропаднаа неколку обиди за фалсификување на наводни плочи каде Самоил се декларира за “протобулгар“.

Кејс клоусд? :smir:
 
Член од
7 декември 2009
Мислења
207
Поени од реакции
12
Dali ima srednovekovni izvori koi narekuvat toa carstvo makedonsko za da bidat kontra na izvorite koi go narekuvat bugarsko?
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Toa e utopija.
Daj gi faktite da gi proanalizirame. Koj gi narekuval Bugari, koga vo site vizantiski izvori jasno se razgraniceni i Srbite i Hrvatite od Bugarite.

Ne tvrdime deka bile Bugari, zosto samite sebe si nikogas ne se narekuvale Bugari.
Za Makedoncite e drugo prasanje. Najdobro e na prvo vreme da gi procitas "Za Makedonckite raboti". Tamu e dobro objasneto.
Mанипулираш, Црногорците, Хрватите, Босанците, Србите биле нарекувани Бугари и самите се нарекувале Бугари.


За Македонците терминот Бугар не означавал етническа припадност, а славјанска.
За македонците и рускија царь беше бугарски, не по националност a по славјанство,Periodichesko spisanie (Sofia), LXV (1904)“ стр.818

А Бугарите во 18-19 век сакале да се нарекуваат Грци, и тоа е потврдено.
Но нјакои не обичат да знајат за своја б'лгарски род, а се обр'штат к'м чужда култура и чужд език и не се грижат за своја б'лгарски език, но се учат да четат и говорјат по гр'цки и се срамуват да се нарекат б'лгари.
- Паисиј
И најдобро е да го припазиш редот на темава, ние поставуваме прашања, вие одговарате.

Dali ima srednovekovni izvori koi narekuvat toa carstvo makedonsko za da bidat kontra na izvorite koi go narekuvat bugarsko?
Објаснето е зошто е нарекувано “бугарско“ дури по падот на Самоиловото Царство и по создавањето на ТЕМА БУГАРИЈА на неговата територија.

“Бугарија“ и “бугарско царство“ во ниту една форма НЕ ПОСТОИ меѓу 972 и 1018 година.

Аналогија:

Терминот Византиско царство е исто така модерен термин, и никогаш не бил употребуван во текот на неговото постоење.
Во текот на своето постоење ова царство се нарекува Романиа (грчки: Ῥωμανία), Ромеја или Βασιλεία Ῥωμαίων (Басилеиа Ромаион), што претставува директен превод од латинското име на Римското царство -Imperium Romanorum, сите постоечки записи говорат за Византијците како за „Ромеи“, значи земји кои се наследници на Римското царство и нивни поданици.


Називот Византија прв пат се користи во 1557 - 16 век - (повеќе од 1 век по падот на Константинопол) од страна на германскиот историчар Хероним Волф, во неговото дело Corpus Historiae Bizantinae, каде што се вели дека називот Византија потекнува од старогрчкиот назив Византион, кој се однесувал на грчка колонија на која постоела на Босфор пред формирањето на Константинопол.


---

Самоиловото Царство се спомнува единствено под името СЛАВИНИЈА и МАКЕДОНСКА СЛАВИНИЈА.
 

SpiderWeb

ја заменува титулата под името во вашите мислења.
Член од
12 мај 2008
Мислења
632
Поени од реакции
622
Bratot, не знам кај ги наоѓаш овие факти, книги, датуми... ама алал да ти е!

Треба да се направи некоја база за складирање на овие податоци, стварно се од бесценета вредност за нас Македонците.
 
Член од
7 декември 2009
Мислења
207
Поени од реакции
12
Vazmozno li e na temata da se postirat samo izvori bez publicistika za da moze sekoj za sebe si da preceni na koe da verva.

Manasievata Hronika


Duklanska letopis

По времето на Тугемир до властта в Б'лгарија се домогнал нјакој си Самуил, којто војувајки с г'рците, които д'ржали Б'лгарија в робство, успјал нај-после да ги прогони от неја. Г'рците изпитвали так'в ужас от него, че никога не помислили да се приближат до Б'лгарија”.

јоан Скилица

The emperor [Basil] did not relent, but every year he marched into Bulgaria and laid waste and ravaged all before him. [The Bulgarian ruler] Samuel was not able to resist openly, nor to face the emperor in open warfare, so, weakened from all sides, he came down from his lofty lair to fortify the entrance to Bulgaria with ditches and fences. Knowing that the emperor always made his incursions through so-called “Kiava Longon” 1 and [the pass known as] “Kleidion,” he undertook to fortify the difficult terrain to deny the emperor access. A very wide fence ( phragmon ) was built and worthy defenders were committed to it to stand against the emperor. When he arrived and made an attempt to enter [Bulgaria], the guards defended the wall manfully and bombarded and wounded the attackers from above. When the emperor had thus despaired of gaining passage, Nikephoros Xiphias, the strategos of Philippopolis, met with the emperor and urged him to stay put and continue to assault the wall, while, as he explained, he turned back with his men and, heading round to the south of Kleidion through rough and trackless country, crossed the very high mountain known as Belasica. On 29 July, in the twelfth indiction [1014, Xiphias and his men] descended suddenly on the Bulgarians, from behind and screaming battle cries. Panic stricken by the sudden assault [the Bulgarians] turned to flee, while the emperor broke through the abandoned wall. Many [Bulgarians] fell and many more were captured; Samuel barely escaped from danger with the aid of his son, who fought nobly against his attackers, placed him on a horse, and made for the fortress known as Prilep. The emperor blinded the Bulgarian captives -- around 15,000 they say -- and he ordered every hundred to be led back to Samuel by a one-eyed man. And when [Samuel] saw the equal and ordered detachments returning he could not bear it manfully nor with courage, but was himself struck blind and fell in a faint to the ground. His companions revived him for a short time with water and smelling salts, and somewhat recovered he asked for a sip of cold water. Taking a gulp he had a heart attack and died two days later on 6 October . 2


http://homepage.mac.com/paulstephenson/trans/scyl1.html
 

Kajgana Shop

На врв Bottom