Колкава слобода родителите треба да им даваат на своите деца?

  • Креатор на темата Креатор на темата rossonerka
  • Време на започнување Време на започнување

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Многу млади се незадоволни од ограничувањата на родителите и посакуваат поголема или по можност комплетна слобода.
Но дали стварно децата заслужуваат комплетна слобода од родителите? Тинејџери сметате дека сте доволно зрели и искусни да можете без ограничувањата од родителите да го одберете правиот и вистинскиот пат за вас? А и родителите на кајгана нека се изјаснат колкава е слободата што им ја даваат на децата?

Има деца кои имаат комплетна слобода од родителите. Имаш 14 години и на излегување ако сакаш и во 7 сабајле врати се, битно родителите велат дека ти веруваат, што сакаш прави кога искачаш и кога сакаш врати се. Дали е тоа во ред? Или имаат ужасно слаби оценки на училиште и родителите му велат на детето ако сакаш учи ако не падни година твој живот. Праведно е тоа?
Добро ли е родителите да не се мешаат ни во приватниот живот иако децата се малолетни, нели им пречи што нивната 13годишна ќерка дома носи дечко, дали треба да внимаваат со кој се дружи, со кое друштво излегува, што прави во слободно време итн. Слободно коментирајте за се што е поврзано со младите.

Во последно време се повеќе гледам родители кои се преокупирани со работа и им даваат комплетна слобода на децата, иако се малолетни. Твој живот, живеј го како сакаш! Колку е тоа позитивно или негативно?
 
Моите деца се мали па не знам што да кажам :)
Инаку уште сега им давам на децата да одлучат како и што сакаат, ама сепак додека се дојде до одлуката јас ја свирам музиката (им давам насоки) па на крајот секогаш горе долу е како што мислам јас дека е најправилно.
Инаку слобода е нож со две острици.
Лично мислам дека преголеми ограничувања носат само проблеми, ништо повеќе. Од друга страна, зависи од милион фактори, меѓу кои и воспитувањето од малечки, кои се предности, што е важно, комуникацијата и начинот на комуникација низ годините. Се тоа е важно за да се амортизира ударот од пубертетот и побезболно да помине. Горе долу сум за слобода (поточно да мисли дека има слобода :))
 
Имаат доверба во мене,ама и јас си ја знам границата на еден 16 годишњак и не планирам да ја преминам.
Со време не сум воопшто ограничена, ама треба да имам усул кога се враќам, ниту ме казниле или ми забраниле нешо.
За дали сум зрела,искусна и независна да можам сама да си одлучувам??
Hell no.
Дури живеам со нив, ме ранат,ме перат,се грижат за мене и ми даваат пари не помислувам да речам дека сум дорасната да си одберам прав пат, уш помалку зрела и искусна.
Инаку, задача на родителите е да се грижат за детето и да му укажат шо е правилно,а шо не. Не е само довербата битна секогаш,треба и детето да си ја знае границата и да не ја злоупотребува таа доверба.
А, родители шо му викаат на детето"шо сакаш прај, твој живот" не ни ги сметам за родители. Епа чим се одлучиле да имаат дете,треба да имаат и одговорност кон него.
И ако се преокупирани со работата не значи дека детето треба да го остават да живејт како сака и дај му пари и воспитувај се сам.
 
Се зависи од карактерот на детето и како тоа е воспитано. Јас на пример секогаш сум имал комплетна слобода, но тоа е така затоа што моите веруваа во мене. Веруваа во тоа како ме воспитале:wink: Па така кога имав 14 години, седев и до 8 часот на сабајле, но знаеа дека сум низ маало, и знаеа дека немам никакви пороци, а ниту пак можам да посегнам по нешто или пак нешто да ми се случи. Сепак да сум сега родител, не би го практикувал истото, да би дал слобода до одредена мера но не толкава. Тоа е така затоа што низ животот сум гледал милион примери како мои другари и другарки се смениле за час, па од примерни луѓе забегале по патиштата на дрогата и алкохолот...
Сепак како што кажав се зависи од карактерот на детето. Но прашање е колку може да бидфе цврст карактѕерот на едно дете од 13-4 години кое сеуште нема свои ставови кон многу нешта во животот а и никакво искуство:wink:
 
Да, многу млади се незадоволни од ограничувањата што им ги имаат поставено родителите и посакуваат поголема слобода, НО дали тие всушност се запрашале дали навистина заслужуваат поголема слобода и дали можат да прават што сакаат?
Како еден родител ќе му дозволи на своето дете да остане надвор до доцна или да му оствари некоја желба ако родителот нема доверба во него и ако детето не го исполнува она што се очекува од него како дете?
Ако едно дете се враќа дома пијано, ако има лоши оценки, бега од училиште и сл. родителот треба на тоа да му рече Браво сине?
Мислам дека се` е во довербата која што родителите ја имаат во децата.
Моите на пример имале и сеуште имаат целосна доверба во мене.
Знаат дека јас кога ќе излезам навечер нема да се вратам дома во она време кога комшиите стануваат да одат прва смена на работа. Знае дека ако излезам нема да се вратам мортус пијана.

Само жално е што денес во ова материјално време во кое што живееме и во време кога е актуелна трката за пари, многу од родителите ги имаат испуштено од раце нивните деца и не знаат што се случува со нив. Затоа се случува она што се случува.
 
Најважно е како ќе ги оформиш додека се уште топли и меки :) додека се мали.После и да им ја дадеш цела слобода на светот сами ќе се ограничуваат според принципите и насоките од нивните родители.
И треба понекогаш да се оставаат да грешат-само така ќе увидат како треба,а како не треба понатаму да постапуваат во животот.

Јас во моите тинејџерски години имав проблем ете токму поради тој недостиг на слобода(ме чуваа како во стаклено ѕвоно).Како резултат на тоа имав една непријатна година на лоши оценки и бегање од часови и секако-првото пијанство :).Среќа се заврши добро и од таа година извлеков поука и што ми е најмило од тогаш па наваму и мајка ми не претерува со грижата и ограничувањата.
Најтешко за мене беше што бев третирана како дете па и бебе да не речам.Ми требаше многу време да и докажам на мајка ми дека можам сама да се грижам за себе,дека можам сама да донесувам одлуки.

Децата треба да знаат само што е добро,а што лошо.Понатаму останува на нив да одлучуваат.Нема да ги испуштам од раце,ама во секој случај секогаш ќе ја имаат целосната слобода која сметаат дека им е потребна.
 
Која СМЕТАШ дека ќе им биде потребна ...:toe:
 
Која СМЕТАШ дека ќе им биде потребна ...:toe:

Да,ама нема јас цел живот да бидам тука за нив.Дури не го поминат тој проблематичен тинејџерски период,понатаму се надевам и ќе се трудам да бидат што е можно посамостојни и да знаат самите колку слобода им треба.
 
Па и дете ко дете не трпи многу ограничувања али ипак треба да ги поштува. Јас до пред некоја година имав излас до 12ипол, а и не би ми требало повеќе. Што ќе праи пет-шестнаесно девојче цела вечер надвор од дома. А со оглед на тоа дека и помали скитаат во раните утрински часови не ме зачудува што ни е ептен напредна младинава:vozbud:
а целата кривица ја имаат родителите поради недобро поставените услови, посакуваната поддршка, советите итн итн.
 
Ако мене ми беше дадена целосна слобода кога бев во пубертет, ќе бев или најголем наркоман до сега, или арамија, или мртов.

Најважно е како ќе ги оформиш додека се уште топли и меки :) додека се мали.После и да им ја дадеш цела слобода на светот сами ќе се ограничуваат според принципите и насоките од нивните родители.
И треба понекогаш да се оставаат да грешат-само така ќе увидат како треба,а како не треба понатаму да постапуваат во животот.

Јас во моите тинејџерски години имав проблем ете токму поради тој недостиг на слобода(ме чуваа како во стаклено ѕвоно).Како резултат на тоа имав една непријатна година на лоши оценки и бегање од часови и секако-првото пијанство :).Среќа се заврши добро и од таа година извлеков поука и што ми е најмило од тогаш па наваму и мајка ми не претерува со грижата и ограничувањата.
Најтешко за мене беше што бев третирана како дете па и бебе да не речам.Ми требаше многу време да и докажам на мајка ми дека можам сама да се грижам за себе,дека можам сама да донесувам одлуки.

Децата треба да знаат само што е добро,а што лошо.Понатаму останува на нив да одлучуваат.Нема да ги испуштам од раце,ама во секој случај секогаш ќе ја имаат целосната слобода која сметаат дека им е потребна.
Точно, секој треба да си го избере својот пат. Не можеш секогаш на твоите деца да им кажуваш што и како треба да прават, како што не можеш да ги следиш секојдневно и да гледаш каде одат, со кого излагаат, дали пијат и сл. Треба да им се каже што е добро, а што е лошо. Што ќе изберат од нив зависи.
 
Моите родители секогаш имале доверба во мене и воопшто не ми поставувале никакви ограничувања,така да и јас колку што можам се трудам да ја задржам таа доверба.
За жал секој не е таков(сеа не викам јас сум најдобар)но малкумина би останале на прав пат ако родителите не ги честопати исправаат.
Треба родителот сам според карактерот на детето да одреди колкава слобода ќе му даде бидејки секое дете има различен карактер.Некои се пољубопитни па уште како мали експериментираат со пороци а потоа е тешко да се извлечат.
Најдобро е да се постават неколку правила на игра (не престроги бидејки детето ќе биде изреволтирано и намерно ќе ги прекршува) и санкции соодветни на нив како награди за извршување и казни(БЕЗ НАСИЛСТВО) за обратното.
 
Кога основните постулати на општеството се распаѓаат, родителите имаат мал избор за интервенција и совет.
Сепак колку и мал, треба да е значаен, бидејќи родителие се најблиското нешто и го мислат/треба да го мислат најдоброто за децата.
Колку успеваат против надмоќниот непријател е интересно прашање.
 
Кој е непријателот?
Може ли да се победи истиот?
 
Кој е непријателот?
Може ли да се победи истиот?

Непријателот е се поголемата слобода.
Не секој може да се справи со се она кое може да го прави.
Затоа на многумина им треба нешто за да ги заузда, дали ќе е тоа религија, морален кодекс од било каков вид, социјална заштита, било каков систем кој ќе го следат.
Победата е во прифаќањето на одговорноста, одговорноста за сопствениот живот.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom