Нееее бе не верувам,немат муда,ќе барат помош од французите,па можеби тогаш Франција ќе кочи,а лично вака Кипар или Грција не верувам дека ќе им стават вето на Турција,од проста пичина немат муда

Само Франција или Германија можат да им попречат патот на Турција кон ЕУ.
Али ова е лош сигнал за ЕУ
Турција наместо кон ЕУ се врти кон Истокот
Турција полека се врти кон соседството на Блискиот Исток, наместо кон Европската Унија, без разлика на состанокот што ќе се одржи во Истанбул меѓу турската Влада и шефовите на дипломатиите на 27-те земји-членки на ЕУ, пишува „Фајненшл Тајмс“.
Како што јави дописникот на МИА од Лондон, весникот забележува дека Турција одново се потврдува како регионална сила, настојувајќи да му покаже на Брисел дека има алтернатива за блокадата од Франција, Германија и Австрија, кои со сите сили настојуваат да и ја затворат вратата на Анкара во Унијата и да не дозволат оваа земја да биде нејзина полноправна членка.
Во рамките на тоа свое свртување, Турција ги подобри односите со соседна Сирија, но и со Ирак и Иран, а во исто време почнува со политиката на помирување со Курдите на сопствената територија.
Во истото тоа време, забележливо е заладувањето на Владата во Анкара со Израел, во еден процес што лондонскиот весник го нарекува „неоотомански пресврт“, но за кои смета дека се прави повеќе од интерес, отколку од идеологија.
Според „Фајненшл Тајмс“, Турција е една од најсилните држави во регионот, која и натаму има силно присуство во Европа. Големо постигнување за неа е способноста на секуларната турска република да го прифати сегашното управување со земјата од една, во основа, исламистичка партија.
Во исто време, Турција спроведува и своевидна „уставна револуција“, успевајќи со тоа да ги воодушеви најдинамичните слоеви на арапското општество, а тоа е добро за ЕУ, како што е добро и за поширокиот регион на Блискиот Исток, заклучува лондонскиот весник.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=116749
Ама работава е што Турција има друга алтернатива,а ние немаме па мора да ги слушаме како ќе ни диктират,ние не сме некоја сила како што е Турција