- Член од
- 14 декември 2007
- Мислења
- 3.271
- Поени од реакции
- 708
СЕ ПОДГОТВУВА ЗАКОН ЗА ЗАДОЛЖЕНИТЕ ГРАЃАНИ
Личен стечај или решетки
Граѓаните заглавени со повеќе од 2.000 евра ќе може да одат во стечај. Имотот на „стечаецот“ како и една третина од платата ќе влезат во стечајната маса од која стечаен управник ќе ги намирува долговите
Должите неколку рати за кредит на банките, не можете да ги платите сметките за струја и комуналии, заглавени сте до гуша на картичките па вадите од една за да ја платите ратата за другите. Каде е излезот од лавиринтот? Дали сте подготвени да прифатите вашите финансии и имот да ги води ваш личен стечаен управник?
Граѓаните кои нередовно ги плаќаат ратите на картичките и кредитите и за нив должат минимум 2.000 евра по банки ќе може да одат под стечај. Целиот имот и луксузните предмети на граѓанинот „стечаец“ ќе одат во стечајната маса и со нив и со една третина од платата ќе располага стечаен управник се' додека целосно не ги намири долговите кон банките. Имотот, возилото, телевизорот, ниви и се' што може да се продаде ќе продава за да се исплатат банките.
Оваа законска новина се подготвува во Министерството за економија од каде што се надеваат дека напролет ќе почне да се применува. Се' уште нема ништо на хартија, но ќе се црпат искуства од соседството, Словенија, Романија и другите европски земји, каде што личниот стечај одамна се практикува. Во Словенија овој закон функционира повеќе од една година и има стотина стечајни постапки за граѓани.
- Секаде во светот оваа одредба се применува најчесто за долгови кон банки. Стечај ќе може да побараат и пензиските и здравствените фондови и Управата за јавни приходи ако на граѓанинот не му се подмирени поголеми обврски за придонеси и данок. Потоа лицето ќе може да побара стечај врз фирмата, која му должи и од таму да наплати. Досега кај нас немаше одредба што предвидуваше стечај врз физичко лице, но со новиот дел во законот кој се планира наскоро да се донесе, ќе се даде и таква можност - објаснува Томе Велковски, раководител на одделението за стечај при Министерството за економија.
Според него, законот од 2006 година не нудел таква можност бидејќи тогаш имало многу малку кредитни и дебитни картички во промет, а сега нивниот број е околу 1,2 милиони картички.
Според пресметките на министерството до јануари ќе се избере консултант за оваа проблематика, до пролет ќе се подготви законската регулатива, а стапувањето во сила на законот се најавува за мај-јуни идната година.
- Се' уште ништо не е дефинирано, но според примерот на некои земји, цензусот за долгот се движи од околу 2.000 евра. И според наши стандарди, тој минимален неплатен долг (задоцнети рати) за кој може да се отвори стечај би се движел приближно толку. За разлика од постоечкиот закон за извршување каде се врши поединечна наплата на долгот, стечајот е постапка за колективно намирување на доверителите- објаснува Велковски.
Според него, како и при другите стечаи најпрво целокупниот имот на должникот се продава и се подмируваат доверителите. Граѓанинот-стечаец останува само со минимум пари и предмети за неопходни за егзистенција.
- Се' она што влегува во луксуз му се одзема, како телевизор, камера, фотоапарат, мотор, патничко возило, нива, викендичка односно се' она што може да се претвори во пари. Во меѓувреме ако добие наследство или други пари, и тие влегуваат во стечајната маса. Ако нема никаков имот и нема од каде да плаќа, ќе одговара кривично. Не може некој да прави обврски свесно, знаејќи дека утре нив не може да ги враќа - вели Велковски.
Регулативата за личен стечај во светот предвидува и процентуално намалување на долгот, односно има можност и за отпишување на дел од долгот.
- Ќе постои можност ако граѓанинот под стечај и редовно го намирува долгот и е дисциплиниран со плаќањето, да може доверителите да му простат дел од долгот - објаснува тој.
Според Велковски, во Америка најмногу функционира оваа законска можност. Таму 70 проценти од стечаите-банкротите се врз граѓани, а само 30 отсто за компании.
Од Комората на стечајни управници велат дека оваа законска можност се применува секаде во светот и мора да заживее и кај нас.
- Во почетокот ќе има негативни реакции од граѓаните, имајќи ја предвид општата економска состојба на населението и неможноста редовно да се наплаќаат обврските. Но, тоа е неминовно ако сакаме да го усогласиме нашето законодавство со европското. Политика на државата е кој ќе биде минималниот цензус на долгот кај нас, но ќе мора да се земе предвид стандардот на населението - вели Ацо Петров од Комората на стечајни управници.
Според експертите, постапката за стечај врз граѓаните ќе биде многу скапа.
- Во практика и врз трговец поединец постапката е скапа, а не врз граѓани. Најпрво банката, односно доверителот, кој покрева стечајна постапка плаќа аванс, а потоа тој и сите направени трошоци за судскиот процес, за стечајниот управник и други трошоци се наплаќаат од стечајната маса односно од имотот на граѓанинот - објаснува професор Тито Беличанец.
За граѓаните оваа законска мерка е неприфатлива. Викаат дека лошиот стандард и високите камати и онака ги исцрпиле.
- Наместо некако да ни се олесни плаќањето на обврските, се оди во насока да им се помогне на банките како полесно да не' исцедат. Цените отидоа до плафон, платите останаа исти или се намалија, ама затоа каматите посебно на картичките двојно пораснаа. Ако плаќав една третина од плата за рати по банки, сега тој износ дојде до половина плата- се жалат граѓаните кои ги анкетиравме.
Според податоците на Народната банка, граѓаните должат околу 1 милијарда евра на банките, или секој вработен должи по околу 2.200 евра за кредити, без долгот на кредитните картички со кои располагаат.
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=AD0F8D62C9E1CE49A92BE6366BDD35C3