Зошто го мешате признавањето на Косово со политиката на Србија кон Македонија? Признавањето се случи лани, а ставот на Србија е ист 20 години, иако билатерално не признаа под уставно име, нивната политика е во корелација со официјалната грчка поради историските пријателства што ги врзуваат овие две земји, посебно поради нивните вековни претензии врз Македонија и Македонците.
Сетете се дека на Евровизија бевме претставени под референцата, како знак на добра волја кон Грците, т.е. придржување кон "официјалните правила на игра". Пред 2-3 години во еден нивни весник (мислам дека беше Политика, не ме држете за збор) на картата на Балканот бевме претставени под референцата БЈРМ, а исто и во временската прогноза на еден национален медиум, во делот за Македонија стоеше референцата. Тогаш не постоеше независно Косово, па што штета им сме направиле за така да ни прават?
Во меѓусебните односи за нив сме Македонија (кога е потребно), а во разговорите со јужниот сосед одеднаш, за да не им се налутат јужнине, стануваме БЈРМ. Би ја искористил народната:
За атер не се јадат