Најголеми грешки во врска со љубовта

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Љубовта е најубаво чувство во животот.За неа се врзуваат убави и болни искуства, но исто така се појавуваат и многу митови кои ствараат предрасуди, недоразбирања и проблеми.

1.Вистинска љубов е онаа кога двајцата партнери се слични
Колку повеќе сличности имаат партнерите, толку е посилна нивната љубов-грешка.
За љубовна врска полна со хармонија и разбирање,како и љубов, не е потребно да имате слични карактерни особини како партнерот.Квалитетни љубовни врски имаат и партнери кои се потполно различни.

2.Кога партнерите не се караат, тоа е љубов
Расправиите и кавгите се дел од човечките односи, па така и во љубовните врски.Преку кавгите често можете да ја зацврстите врската, затоа што на тој начин се решаваат проблемите и се бара решение за истите.

3.Љубов на прв поглед
Феномен кој се поврзува со романтичните филмови.
Навистина верувате дека е можно да осетите права љубов по само еден поглед-зарем, ако е и можна, не станува збор за заљубеност во физичкиот изглед?

4.Љубовта е секогаш верна
Верноста е збор со индивидуална дефиниција.За некои неверство е и одење на кафе со особа од спротивниот пол, додека за некои ни сексот за една ноќ не претставува кршење на љубовните правила.Од вас зависи што подразбирате под верност.Но исто така не можете да заклучите дека доколку партнерот ве изневери, не ве сака.Љубовта често е едноставна, но и подеднакво комплицирана.

5.Љубовта претставува разбирање без зборови
Телепатија, читање мисли, видовитост? Или како би требало да разберете некој без зборови.Секако дека после одредено време знаете што сака вашиот партнер, па нема по стоти пат да го прашате какво кафе пие.
Тоа не значи дека некого може да познавате одлично и веќе нема да мора да разговарате за своите желби, стравови, очекувања.


Доколку се сетите на некоја грешка, заблуда поврзана со љубовта слободно допишете :pipi:
 

ZoraNaSlobodata

Чоечко суштество
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.736
Поени од реакции
111
Љубовта е најубаво чувство во животот.За неа се врзуваат убави и болни искуства, но исто така се појавуваат и многу митови кои ствараат предрасуди, недоразбирања и проблеми.

1.Вистинска љубов е онаа кога двајцата партнери се слични
Колку повеќе сличности имаат партнерите, толку е посилна нивната љубов-грешка.
За љубовна врска полна со хармонија и разбирање,како и љубов, не е потребно да имате слични карактерни особини како партнерот.Квалитетни љубовни врски имаат и партнери кои се потполно различни.
:bravo:

6.Партнерот ќе биди се шо некогаш сум сакал/а и ќе ги задоволи сите мои потреби

7.Ќе го сменам партнерот(нема шанси)- постои само една личност на светот шо можиш да ја смениш.

8.Љубовта ќе победи се.
 
Член од
14 јуни 2009
Мислења
147
Поени од реакции
21
Не се согласувам со баеги од точките али највеќе со четворката
Љубовта Е секогаш верна
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Не се согласувам со баеги од точките али највеќе со четворката
Љубовта Е секогаш верна
Може да бидеш малку појасен со што точно не се согласуваш?
Можеби не се согласуваш со тоа дека ако некои немаат карактерни сличности не доживуваат вистинска љубов, не уживаат во врската, не се сакаат?Или пак ќе ме убедиш дека има врска во која нема кавги?Има да, ама во бајките.:uvo:
Ах да, а ќе објасниш на почеток на врска како ќе се разбереш со партнерката без зборови?Преку телепатија ќе и кажеш што сакаш?Очекуваш да биде видовита во поглед на твоите желби?
 
O

Out Boy

Гостин
3.Љубов на прв поглед
Феномен кој се поврзува со романтичните филмови.
Навистина верувате дека е можно да осетите права љубов по само еден поглед-зарем, ако е и можна, не станува збор за заљубеност во физичкиот изглед?
Така е. Грешка.
Изгледот не кажува ништо, станува збор за телесна привлечност или естетско привлекување. Карактерот многу често е пресуден за љубовта.
4.Љубовта е секогаш верна
Верноста е збор со индивидуална дефиниција.За некои неверство е и одење на кафе со особа од спротивниот пол, додека за некои ни сексот за една ноќ не претставува кршење на љубовните правила.Од вас зависи што подразбирате под верност.Но исто така не можете да заклучите дека доколку партнерот ве изневери, не ве сака.Љубовта често е едноставна, но и подеднакво комплицирана.
Целосна грешка. Да, љубовта по дифолт МОРА да биде верна.
Ние луѓето, не можеме да останеме слепи на привлечноста на други. Често може да сретнеме и некој друг кој би ни се допаѓал. Но верноста значи баш тоа: да сакаш да го изневериш партнерот, ама да не го направиш тоа. Затоа што врската не значи само поволности, туку и обВРСКА.

И не знам кој тоа не смета дека не е изневерување ако партнерот се сексал со друг/а??? Што е изневерување во љубовта? Треба и да се заљуби во дотичната особа? Каде е тогаш љубовта.

Сепак, да, има луѓе кои сметаат дека треба и емоционално да се поврзат со третата особа, за да биде случката изневерување. Ете, до таму ни стигна светот...

“Ама тоа беше само секс: јас и понатаму те сакам тебе...“
Хе хе...
 

Stre3T Danc@

The definition of #BFABB
Член од
10 април 2009
Мислења
1.690
Поени од реакции
146
Леле прекрасно е напишано и целосно точно. Многу ми помогна ова во сфаќање на некои очигледни факти.

Еве за мојата врска :
1. Навистина разликите се привлекуваат, но и не се на одмет сличностите со партнерот..заедничките интереси и сл.
2. Од лично искуство во моментов, знам дека од реални кавги се зајакнува врската. Донесеното решение спречува од понатамошни недоразбирања :smir:
Кога ќе сфатиш дека навистина грешиш или тој згрешил некаде, кога ќе увидиш дека нема причина за раскинување туку-така...многу е послатко подоцна.
После си дури уште повљубен и љубовта која ја чувствуваш расте.
3. Можеби е точно. Но, љубовта на прв поглед може да значи многу и долго да трае.
4. Точно е дека секогаш е верна. Понекогаш се изневерува бидејќи станува здодевно со еден монотон партнер, но љубовта е сеуште присутна. Во моментот кога љубовта ќе ја снема, тогаш не е ни изневерување.
5. Дефинитивно. Читањето мисли и предвидувањето за промена на расположението е присутна. Мојов барем, знае дека се лутам за нешо или дека не ми е по ќеф во истата секунда. А заедно сме релативно кратко.

Секако зборуваме за вистинска љубов.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.706
Поени од реакции
13.378
- преголема посесивност/пожртвуваност.
- Преголема сличност/различност
- целосна/никаква посветеност кон партнерот

Како што се забележува нзс на овие 3 точки е нешто во огромни количини. Се` што е премногу, не е на арно. Една од најбитните работи во љубовта е балансот. Ако се нема, љубовта (заедничката па и индивидуалната) преоѓа во опсесија/омраза.
 
Член од
14 јуни 2009
Мислења
147
Поени од реакции
21
Може да бидеш малку појасен со што точно не се согласуваш?
Можеби не се согласуваш со тоа дека ако некои немаат карактерни сличности не доживуваат вистинска љубов, не уживаат во врската, не се сакаат?Или пак ќе ме убедиш дека има врска во која нема кавги?Има да, ама во бајките.:uvo:
Ах да, а ќе објасниш на почеток на врска како ќе се разбереш со партнерката без зборови?Преку телепатија ќе и кажеш што сакаш?Очекуваш да биде видовита во поглед на твоите желби?
1)...за вистинска љубов нема везе дали партнерите треба да се слични или треба да се различни...релативно е...партнерите не требаат ништо освен да си се сакаат
2)...Љубов е кога партнерите се разбираат...нормално дека ќе има караници и викање, љутење..тоа е незибежно... ама не се слагам дека треба да се зближувам со партнерката преку расправии кои ќе резултираат со 2-3 дена раскинување за после да се смириме и да сватиме дека неможеме еден без друг...бљак....врска се јакне кога ќе настапат проблемите..реални проблеми кои заедно ќе ги поминете со меѓусебна поддршка...да не речам другарски....знам многу врски кои се распаднале баш поради тие караници
3)..немам што да кажам...се слагам(лично)
4)...веќе кажав...верност си е верност...нема многу што да филозофирам околу тоа...„не можете да заклучите дека доколку партнерот ве изневери, не ве сака“...баш можам да заклучам,ако ме изневери -не ме сака...и точка
5)...таман работа да мислам дека за тоа со кафето е читање мисли или добро познавање на партнерот...има моменти кога стварно си поврзан со неа...речи го тоа телепатија или случајност ама има нешто...пишување на порака во исто време, мислење на иста работа во исто време итн
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
2)....врска се јакне кога ќе настапат проблемите..реални проблеми кои заедно ќе ги поминете со меѓусебна поддршка...да не речам другарски....знам многу врски кои се распаднале баш поради тие караници
Можеби ти при секоја обична караница раскинуваш со девојката, а некои после кавгата и решавање на проблемот ја зајакнуваат врската.:smir:
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Расправиите ја зајакнуваат врската доколку се водени и решени на правилен начин, додека деструктивните расправии само ја зголемуваат љубовната ерозија во врската.

После 100хххтата расправија сфаќаш дека залудно седиш со некого кој демне да те фати и во најапсурдната ситуација на слабост за да ти го извади преку нос сето бидејќи има его-перверзија која му вели дека ти мораш да му се покориш,а тој да биде секогаш во право.
 

Ada?

мјаууууу
Член од
4 април 2009
Мислења
490
Поени од реакции
54
Се утешив со четвртото:pipi: и потполно се согласувам со третото ..љубов на прв поглед тешко такво нешто да постои.
 
Член од
14 јуни 2009
Мислења
147
Поени од реакции
21
Можеби ти при секоја обична караница раскинуваш со девојката, а некои после кавгата и решавање на проблемот ја зајакнуваат врската.:smir:
не...само сакам да ти кажам дека има многу луѓе што мислат дека караниците им се неопходни и главно нешто за да си ја зацврснат врската...намерно ги сценираат баш поради тој разлог што тие само така функционираат...а тоа е погрешно :smir:
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
не...само сакам да ти кажам дека има многу луѓе што мислат дека караниците им се неопходни и главно нешто за да си ја зацврснат врската...намерно ги сценираат баш поради тој разлог што тие само така функционираат...а тоа е погрешно :smir:
Па не праам јас муабет за такви луѓе кои уживаат во расправии и кавги, јас пишав дека е сосема погрешно некој да мисли дека кога партнерите не се караат,тоа е љубов.:smir:
И искрено "секоја чест" на оној кој место да се радува на убавите моменти со партнерот, ужива во сценирани расправии и така ја јакне врската :tapp:
 
Член од
16 октомври 2009
Мислења
593
Поени од реакции
28
Најголема грешка е кога се има љубомора.Се додека љубомората е присутна ќе има карање во врската и сомнежи.
 
D

devojcence

Гостин
najgolemi greski se posesivnost i bolna ljubomora. a za karanicite zavisi za sto se.ako se obicni karanici ke se nadminat, ali ako se poradi golemi razlicnosti togas e drugo toa nema efekt ke raskinat po nekoe vreme. i tie se poradi toa sto se totalno razlicni ili na nekoj od pratnerite go frustrira nesto kaj drugiot. vistinskata ljubov e sekogas verna tocno taka. i ne veruvam vo ljubov na prav pogled i ne se slozuvam deka postoi. za razlicnostite necini ako se pregolemi necini ni premali znaci sredina.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom