Acid
Frontman
- Член од
- 22 јануари 2005
- Мислења
- 35.319
- Поени од реакции
- 34.735
- Возраст
- 40
- Локација
- Скопје
- Веб-сајт
- www.kajgana.com

Taa борува, тој ги превртува очите и одбива да слуша и да молчи. Ова сценарио веројатно им е познато на многу жени, а и мажите сигурно честопати се прашуваат зошто е ова така и дали може да биде поинаку.
„Зошто не ме слуша? Зошто не може да запамти што му реков?“ - ви звучи познато? Не е невообичаено многу жени да имаат чувство дека нивните партнери не ги слушаат. Не дека сите мажи одбиваат „послушност“, но често придонесуваат за ваквите проблеми.
Зошто е ова воопшто така?
Еве некои забелешки кои ги навеле мажите како причина за неслушање, а во прашање е комуникацискиот стил на нивната партнерка кој не им одговара:
-Жените зборуваат премногу
-Мажите претпоставуваат дека сето тоа веќе го слушнале
-Имаат чувство дека партнерката вика или се гневи поради нешто
-Темата не им е интересна
-Поради нешто им се врши притисок
Според некои истражувања кои се направени, женскиот мозок е виновен за ова бидејќи функционира поразлично од машкиот. Мажите помалку го користат делот од мозокот кој е одговорен за продукција на зборовите и затоа имаат потреба порано да ги завршуваат конверзациите додека жените имаат потреба да зборуваат и зборуваат... Жените се тие кои преку комуникацијата сакаат да постигнат подобра поврзаност со партнерот.
Општо е познатто дека врските со тек на време стануваат катастрофални ако комуникацијата меѓу партнерите не е квалитетна. И затоа, еве некои совети кои може да им помогнат на жените во оваа насока:
-Се е во добриот тајминг. Размислете за тоа кој момент би бил најпогоден за започнување на некој сериозен разговор. Мудро би било да се причека мажот да заврши со сето она со што е преокупиран во моментот: ТВ, весници, работа...и потоа да се започне разговорот.
-Она што сакате да го кажете, нека биде кратко и јасно. И запомнете: крајот на денот не е најдоброто време за разработување на некои детали.
-Зборувајте полека, смирено и гледајте го во очи, бидете сигурни дека е фокусиран на она што го зборувате. Не кокодакајте и не хистеризирајте бидејќи тој едноставно ќе се исклучи.
Мажите би требало да имаат на ум дека жените сакаат емоционална поддршка, а тоа се обидуваат да го добијат со разговор. Позади нивната приказна има многу емоции и ако мажите слушаат и се обидат да ги разберат, жените ќе им бидат благодарни и вака или онака ќе ги наградат своите партнери.
Поентата на се е дека на сите нам ни треба чувство на важност и дека сме сакани и сфатени, а за тоа нема подобар начин од комуникацијата и можноста да чуеме што партнерот сака да ни каже.