- Член од
- 13 септември 2007
- Мислења
- 5.785
- Поени од реакции
- 4.028
...кои ТАА никогаш нема да ви ги каже.
Го најдов ова во списание, па да го споделам
Ги болдирав оние кои сметам дека се ептен точни.
Го најдов ова во списание, па да го споделам
Ги болдирав оние кои сметам дека се ептен точни.
- Колку и да инсистирам да ја поделиме сметката на нашиот прв состанок, моето мислење за тебе ќе биде многу ниско ако ми дозволиш да платам.
- Неочекуваниот бакнеж за време на дербито Интер:Милан може да ти донесе многу поени по натпреварот. Кога сме кај бакнувањето: помалку јазик, повеќе бакнежи по целото тело.
- Да, сеуште мислам на моите поранешни и ги споредувам со тебе.
- Ги чувам сите твои пораки на мојата секретарка, сите СМС пораки, е-мејлови и од време на време им ги читам на моите другарки (особено на почетокот на врската).
- Кога нема да се видиме подолго време, очекувам да се појавиш сам, а не со еден куп твои другари.
- Знам повеќе за твоите поранешни отколку што мислиш ти.
- Мразам кога не ми посветуваш доволно внимание. Караниците најчесто ги започнувам зашто се чувствувам игнорирана и се трудам да ги извлечам твоите емоции.
- Можам да се возбудам и само додека гледам во твоите дланки.
- Купувањето скапи чевли и нова облека секоја сезона ме прави среќна
- Фантазирам за нашата заедничка иднина. Нашата свадба веќе ја имам изпланирано до најситен детал. Точно знам во каква куќа ќе живееме и колку деца ќе имаме.
- Сакам кога стануваш по малку љубоморен. Кога пред тебе флертувам со келнерот во ресторанот или с друг маж на забавата, флертувам со тебе, ама преку нив.
- Знам за порно списанијата што ги чуваш дома и за разголените фотографии во твојот компјутер. Работите кои те возбудуваат ми се смешни.
- Иако секогаш изгледам средена, мојот вистински неред се наоѓа во мојот плакар, во несесерот со шминки и во фајловите на мојот компјутер.
- Кога ќе се вљубам во тебе сосема ќе го загубам апетитот.
- Ако сакам да ти раскинам, сите мои другарки ќе знаат за тоа најмалку една недела пред тебе.
- Кога ќе ти раскинам, сите твои фотографии и други работи кои ме потсетуваат на тебе ќе ги ставам во кутија за чевли и ќе ја сместам во најнедосатпниот агол во мојот плакар...во случај некогаш повторно да бидеме заедно.
- Кога не си дома, дури и на еден ден, спијам во твојата омилена стара блуза само зашто мириса на тебе.
- Скоро секогаш знам кога погледот ти е во градите на некоја друга жена, колку и да се трудиш да бидеш дискретен.
- Иако си најчесто во право, мразам кога ми кажуваш дека имам ПМС.
- Мојата другарка знае СЕ:Големината на твојата банковна сметка, ама и големината на мојот омилен ден од твоето тело-и какви се тие во споредба со сите други мажи со кои сум излегувала. Верувал или не, мерката која ја користам за да ги дознаам твоите пропорции е големината на мојата рака. Затоа, ако ја „фатиш„ мојата другарка како скришно „те проверува“ знај дека не халуцинираш, таа навистина го прави тоа.
- Да, гледам во твојот задник секогаш кога си ми свртен со грб.
- Сакам кога ТИ ја имаш контролата врз се. Теоретски јас сум финансиски независна жена, способна да живеам и без маж покрај мене. Тоа не значи дека не сакам да ме кренеш во раце, да ме однесеш во спалната соба и без прашање да го земеш тоа што го сакаш.
- Заради тебе сум плачела повеќе отколку што мислиш, ама и за тоа нема никогаш да дознаеш.
- Моето тело не е природно мазно и безвлакнесто како што го гледаш, но никогаш нема да дозволам да забележиш дека за тоа треба да направам безброј депилации, пилинзи, ексфолиации..
- Постојано те тестирам. Кога ќе те прашам дали ти се допаѓа некоја жена, единствениот точен одговор е: „Зошто би сакал да спијам со друга жена кога те имам тебе?“
- Постојано ми требаат докази дека сакаш да бидам блиску до тебе. Затоа подобро е да ме прашаш: „викендов ќе одам во Охрид. Сакаш да дојдеш со мене?“, наместо „Што планираш да правиш викендов?“
- Кога ќе те прашам дали мислиш дека сум здебелена СЕКОГАШ чекувам одречен одговор
- Никогаш нема да ти го кажам точниот број на мажи со кои сум спиела, колку и да изгледам искрена кога ќе ти ја кажувам „мојата бројка“.Равенката е следна: бројот што сум ти го кажала, помножи гпо со со три и ќе го добиеш точното решение.
- Кога ќе ти кажам дека сум подготвена, ми требаат уште точно 8 минути за да се подготвам. Овој феномен никако не можеш да успееш да го надмудриш: дури и да се појавиш 8 минути подоа, сепак ќе ми требаат екстра 8 минути.
- Дури и да се жалам дека не се гледаме доволно заради твоите работни обврски, ништо не ми е посекси од глетката кога рано наутро набрзина го облекуваш костимот и истрчуваш за да стигнеш на време на работа.