Обидот на владата на Македонија од 2006 г. наваму, низ своето делување за да се дефинира конечно националниот идентитет на Македонците, предизвика бура од неповолни реакции, најмногу однатре, од оние чии корени не досегаат подалеку од 1944 г. Антиквизацијата, како што во негативна смисла ја дефинираа АСНОМ-ците, ја сврте водата кон воденицата на Данајците, за уште поситно да го сомелат она малку што остана од нашето самопрепознавање.
Низ неколку продолженија на овој фељтон, Форум прави обид преку книгите “За тројанско-словенската мистерија” од Бранко Вукушиќ и “Велесова книга на Словените” од д-р Радивоје Пешиќ и група автори, да ги осветли темните векови од постоењето на Македонија и Македонците
Сопствениците на историјата немаат никакво оправдување за мистеријата со која ја обвиткале Тројанската цивилизација, затоа што нејзините траги, но и огромното влијание во европското цивилизациско и културно наследство, наложуваат да се отргне митолошкиот превез со кој е покриена уште од античките времиња. Тоа се причините што го оправдуваат повторното покренување на древното “Хомерово прашање” - кои се, всушност, Тројанците?
Зошто се игнорира најновото археолошко-етничко откритие дека тие се коренот на Словените!?
Во 1983 г. светот беше вознемирен и длабоко возбуден од појавата на книгата Хомеровата слепа публика на Мексиканецот Роберто Салинас Прајс, чии тези легалната наука не направи обид со научни факти да ги оспори или демантира, туку го примени секогаш ефикасниот метод на игноранција и заборавање, со една единствена цел - да се сокрие од очите на јавноста нејзиниот историско-цивилизациски фалсификат!
Во Прајсовите досега недемантирани тези се вели дека историско-географските сознанија за Тројанската цивилизација, како и археолошките откритија од 19 и 20 век и другите сознанија за европско-медитеранската цивилизација, и натаму остануваат во митолошката магла, иако современата наука располага со современи средства и методи, со можности со огромна прецизност да се утврди историското време на постанокот на археолошките наоѓалишта (методот карбон 14) и етничкото потекло на творците на одредена култура (ДНК).
МИТОЛОШКИ ПРЕВЕЗ
Токму поради ова, сопствениците на историјата немаат никакво оправдување за мистеријата со која ја обвиткале Тројанската цивилизација, затоа што нејзините траги, но и огромното влијание во европското цивилизациско и културно наследство, наложуваат, поради потребата од историска вистина за неа, да се отргне митолошкиот превез со кој е покриена уште од античките времиња. Тоа се причините што го оправдуваат повторното покренување на древното “Хомерово прашање” - кои се, всушност, Тројанците?
Овие сомневања се во тесна корелација со најновите археолошки истражувања на поборниците на автохтоната школа за потеклото на Словените, кои со факти ги демантираат досегашните научни тврдења дека Словените се неисториски варвари кои се појавиле во Европа во 6 век “од никаде”, па поради тоа не им припаѓа никаква улога во градбата на автентичната историја на европската цивилизација.
Самиот наслов на Прајсовата книга е сугестивен. Надокажането слепило на Хомер им послужило на хеленските историчари да го оправдаат нескладот помеѓу настаните што самиот Хомер ги опишува, со географските локации што треба да се во непосредна врска со нив. За Салинас Прајс не бил слеп Хомер, туку слепи сме сите ние, Хомеровата публика, кои некритички ги прифаќаме таквите субјективни објаснувања.
Кога се чита Илијада, барем малку упатен читател може да забележи големо несовпаѓање помеѓу географскиот и историскиот контекст. Има многу нејаснотии во тврдењето дека лоцирањето на Троја на ридот Хисарлик во денешна Турција може да се поврзе со реалните историски настани. Така, првата дилема се појавува на самиот почеток на епот - дали нарацијата се случува на некое од островите или на копното? Ниту еден од описите на светиот град Илиос според текстот на Илијада не одговара на археолошкиот слој кој, според авторот на Троја, Германецот Шлиман, е означен како Троја 8: дали Троја била разурната во земјотрес или ја уништил голем пожар?!
ИЛУЗИЈА И РЕАЛНОСТ
Покрај оваа неразјаснета дилема, страните на светот се погрешни, Сонцето изгрева на запад(!), реките течат во спротивна насока од текстот на епот, планините се распоредени поинаку на теренот од она што е кажано во самиот еп, а сојузниците на Данајците доаѓале од нелогична страна, доколку се остане на фактот дека Троја била на Хисарлик.
Уште од предисторијата се редат претпоставки за местото на Хомеровиот Илиос - Троја, поточно вистинската локација на тројанската цивилизација. Современата европска наука, меѓутоа, воопшто нема интерес да ги побара одговорите на таквите фундаметални прашања. Со Шлимановото лоцирање на Троја на ридот Хисарлик, таквите прашања се сметаат за решени, а неговото, наводно откритие, за камен-темелник на дефинитивното вклучување на Тројанската цивилизација во хеленското наследство.
На тој начин, Хисарлик станал место на средба помеѓу илузорниот свет на Илијада и историската рамка на реалноста.
Во некои предисториски, но и подоцнежни арте-факти во улога на историски извори, се наидува на цврсти претпоставки дека Троја се наоѓала во Европа, на Балканот, а не во Мала Азија. Така, византискиот историчар Стефанос од 10 век, опишувајќи ја пропаста на Троја и подемот на стариот Рим, вели дека Троја се наоѓала во Европа, западно од Македонија.
Салинас Прајс, по долги истражувања, во јавноста го објави своето откритие дека градот Илиос (Троја) се наоѓал во делтата на реката Неретва. За разлика од малоазиската Троја, оваа локација одговара целосно, потполно е во склад со описите во Илијада: нема никакви географски нелогичности, ниту страните на светот се погрешно распоредени.
Така, постојниот систем на реките во Мала Азија е невозможно да се поврзат со описите од Илијада, според која Посејдон и Аполон ја насочувале силата на реката Скамандер и нејзините планински притоки на ѕидините на Троја за да ја потопат. Малоазиската река Мендерес, која е идентификувана како Скамандер од Илијада, нема заканувачка сила на својот тек како што опишува Хомер, додека поврзувањето со немирната Неретва и нејзините притоки Рама, Буна, Брегава и Требижта е многу логично. Овде еден навидум незначаен детаљ дава предност на далматинската во однос на малоазиската Троја - метафоричната сцена во Илијада во која поради запалените бродови при опсадата на Троја, Скамандер зоврел и неговата површина побелела од белите стомаци на сварените јагули во врелата вода, што зборува за нивното големо присуство. Делтата на Неретва и денес е позната по богатството на јагули кои во малоазискиот Скамандер никогаш ги немало.
http://forum.com.mk/#_tools/article/11677/view