А
Ајсшутер
Гостин
Вечерва со почеток во 22:30 во рингот ќе се сретнат Валуев и Британецот Дејвид Хеј, инаку само колку за информација Хеј го предизвика ВБА шампионот во тешка категорија.
Хеј, има 21-1 скор ќе биде послаб 40-тина килограми и понизок 30-тина сантиметри од највисокиот и најтежок шампион во тешка категорија Валуев, кој во 16 професионални мечеви нема нокдаун и има само еден пораз во 52 меча. Хеј, кој го нарече Валуев "најгрдото нешто" што го видел вели дека дуелот на Давид и Голијат нема да биде убав.
Инаку Хеј е познат по својата вулгарност и навредување кон останатите боксери.. тој кажува сее што треба да направите е да земете фотографија од него. За мене тој е повеќе циркуска атракција отколку боксер. Тој е грд тип на боксер, кој се обидува да се потпре на вас, и доаѓа со влакна на градите. Сум разговарал со неколку боксери кои боксувале со него и сите велат дека првото нешто што ќе го забележите е мирисот", додава Хеј.
Ова не е првпат Британецот да зборува "многу", бидејќи пред откажаниот дуел со Владимир Кличко се појавуваше во маички на кои браќата Кличко беа без главите. На крајот тој не се согласи да влезе во рингот со нив.
Јас мислам дека ова ќе биде одличен мотив за Валуев во борбава да го убие од ќотек Хеј за сите навреди што ги упати кон него, но Хеј е заебан тип и ништо не се знае