Ќе се нафатам да започнам една премногу тешка тема.Седнав со мајка ми и ми кажа дека еден близок човек има рак.Јас ја прашав како ја примил веста и она ми рече со зборовите "Па дали си ти нормален,не знае"И почна кавга со мене како сум можел да бидам толку ГЛУП и да кажам таква глупоста.Јас ја држев темата дека човек не треба да крие такви работи и дека човекот си има право да си знае.Кријат од него,жената,децата па и докторите.Може и јас не сум во право но сепак се мислам дали има истомисленици како мене дека човек мора да си ја знае вистината посебно кога деновите му се избројани.