Словенечкиот амбасадор изјави дека наместо досегашното вообичаено чекање за визи, сега е доволно само на граница Македонските граѓани да ги поднесат со себе следниве документи за влез во Словенија за да се избегнат евентуалните непријатности на граница.
-Платиниумска кредитна картица и најмалку 2 златни
-Имотен лист од најмалку 234 квадрати имот со потврда преведена на нотар дека не е даден во хипотека или деловен простор од најмалку 45 квадрати со соодветна документација.
- Да покажат 400 евра за секој ден што планираат да го поминат во Словенија
-Ролекс часовник
-Автомобил не постар од 2006-та на ваше име и не помал од 1800 кубика
-Валидна виза за САД
-Членска книшка од Ротари Клуб
-ваша слика во Хилтон Хотел
Гони ги бе у.п.м ебаму тоа лигавите
Слободно патување не значи апсолутно слободно:tv:
Македонските граѓани веќе нема да вадат визи во амбасадите. Се што ќе им биде потребно за да патуваат во ЕУ ќе биде новиот биометриски пасош и доказ дека финансиски можете да ги издржите престојот во посакуваната земја.
Доказ за финансиите може да ви биде банкарска гаранција или, пак, писмо од роднини или пријатели кои ќе гарантираат оти ќе имате каде да се сместите и храните.
Постојат уште два услови кои и не зависат толку од самите граѓани. Првиот е да не сте на нивната црна листа на лица на кои им е забранет влез во ЕУ.
Вториот е дискреционото право на граничарите на земјата во која планирате да одите да ве вратат доколку проценат дека сте закана по редот и мирот или пак ако сметаат дека сте потенцијален емигрант.
„Слободно патување не значи апсолутно слободно, туку дека граѓаните во земјите кон кои ќе се урне визниот режим и во кои ќе може да се патува без визи ќе имаат право да останат во шенген зоната максимум до 3 месеци во рамки од 6 месеци, што се смета од првиот ден на влез“, вели Сања Костовска од Центарот за истражување и креирање политики.
Укинувањето на визите не значи дека граѓаните ќе можат и да работат во земјите на ЕУ. Таму можете да отидете само туристички.
Сања Костовска
„За кој било поинаков ангажман, како на пример работна дозвола или подолг престој вон споменатите временски рамки, тоа потпаѓа под надлежност на конкретната земја членка“, објаснува Костовска.
Од МВР велат дека македонските граѓани се подготвени за укинувањето на визите. Според нивната евиденција, нови пасоши досега зеле околу 460.000 граѓани или над 70 насто од тие што поседуваа од старите.
Без визи ќе се патува во сите 25 европски земји дел од Шенген зоната првично формирана во 1985 година. Сите земји на ЕУ се дел од неа, освен Ирска и Велика Британија. За таму и понатаму ќе требаат визи.
Исклучок се и Бугарија, Романија и Кипар, кои се уште не се дел од зоната, бидејќи не се технички подготвени. Три земји, Исланд, Норвешка и Швајцарија пак, иако не членки на ЕУ, се дел од Шенген зоната.
Важно е да се напомене дека укинувањето на визите ќе важи и за Грција, но бидејќи тие не го признаваат македонскиот пасош, модалитетот допрва ќе се бара.
Најверојатно ќе издаваат некаков документ на самата граница.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=111475