Месечна плата од 18.000 денари за овчари и козари

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Месечна плата од 18.000 денари за овчари и козари


Со цел да го стимулира вработувањето на овчари, државата им дава субвенции на одгледувачите на ситен добиток. Како што велат од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, аплицирањето за оваа мерка е до 25 овој месец. Сите што ги исполнуваат условите за добивање надомест за нето-плата од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2009 година ќе добијат по 18.000 денари месечно за секој вработен кој чува 150 овци или 100 кози.
-Целта на овие мерки е да им се помогне на одгледувачите на ситен добиток кои се жалат на недостиг на работна сила, а стимулацијата на кооперативите е да се поттикне здружувањето на земјоделците во повисока форма за да се намалат производствените трошоци. Со тоа очекуваме да се зголеми конкурентноста на странските пазари - велат од Платежната агенција.

Надомест за нето-плата не повеќе од просечната во дејноста изразена во месеци може да се бара и за управителот на новоформирана земјоделска задруга или правно лице од здружени земјоделски производители од 1 јануари до 30 октомври годинава. За исто толкав надомест за нето-плата може да се аплицира и за управителот на задруга или правно лице од здружени земјоделци, но формирана од јануари 2008 година, за периодот до крајот на октомври, годинава. Истото важи и за управителите на задруги или правни лица на здружени земјоделци пред јануари 2007 година, но повторно за периодот од јануари 2008 до октомври 2009 година.

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=2EF57D86772E974F8F418B5DEC6BEE79

Колку што разбрав, 18.000 денари плус ЌАРОТ од овците и козите...
Не е лошо...
 
Зааакон... чување овци. прашање: Каде се фармите со овци или воопшто каде се нашите развиени фарми?
 
Зааакон... чување овци. прашање: Каде се фармите со овци или воопшто каде се нашите развиени фарми?
Најдобрите фарми со здрави овци се по македонските села и планини, близу пасишта и вода, чистите места, добро оградени и поврзани. Запад, Исток.
 
Зааакон... чување овци. прашање: Каде се фармите со овци или воопшто каде се нашите развиени фарми?
Каде и колку овци има исто е прашање. Порано пред 10-15 години имаше накај 2 ипол милиони овци за да се намалат сега на миљонипол некаде (нема ни податок на нет за бројот). А сето тоа после големите критики од страна на професорите од земјоделски. Слично се случуваше и со говедата.
Нема сосем точна евиденција за сточниот фонд (па и за механизацијата), како и за други податоци за земјоделството-за пасиштата на пример...but, it's forbidden to ask about pastures :)

Инаку за темава, повеќе од одлична заработка за овој дел од светот. Ама нешто не сфатив-ќе му плаќаат во семејство на секого (полнолетен) што ќе се изјасни дека ги чува овците? Тога цело семејство ќе се пријават (4х18), па само од ова ќе добијат плата во вредност на еден раководител во некоја многу јака (финансиска или комуникациска) фирма. А што велиш ќарот од стоката...башка.
Ај нека пробаат мада мислам дека пак ќе се злоупотреби. Друга работа (битна) е дали има пласман, цена... за овие производи? Да не се стимулира нешто што после ќе се фрла по реки и патишта.
 
Зааакон... чување овци. прашање: Каде се фармите со овци или воопшто каде се нашите развиени фарми?

vo najgolem del vo kobasici, pasteti, pleskavici, kebapcinja i slicno :)
no od druga strana , ova e dobra rabota za pottiknuvanje na ovcarstvoto.
Ne sum samo siguren deka e kompletno obmisleno i deka ima ISKRENA nameri vakvo nesto da se podbutne....nekoi drugi raboti se MNOGU POBITNI za ovcrstvoto i celata taa stocarska problematika od 18.000 denari ....za "ovcari i kozari"...
 
Е ова е добро ... Ме радва што некој се сети да ги живни овие гранки на сточарството .. .Пошто да сме сериозни , некако ко да од умираат ...

Уште поважно сега можам да си ја остварам животна желба и да станам овчар ... Ако е вака платено ... дури е и подобра опциа од некои градски работи .

:vozbud::vozbud::vozbud:
 
Е ова е добро ... Ме радва што некој се сети да ги живни овие гранки на сточарството .. .Пошто да сме сериозни , некако ко да од умираат ...

Уште поважно сега можам да си ја остварам животна желба и да станам овчар ... Ако е вака платено ... дури е и подобра опциа од некои градски работи .

:vozbud::vozbud::vozbud:
Башка ако немаш дарба за свирење на кавал :vozbud: земаш лап-топ со солидна батерија (што држи 7-8 часа) и го имаш ова...


Код:
<html>
<head>
<title> (тука доаѓа делот РОСКАААА неој во бафчата)
....

така да можеш и веб сајтови да изработуваш додека ги пасиш офците.

Ем солидна плата, ем нема да ти биде досадно.
 
Ај сеа сите ќе бидеме овчари,и ќе ја смалат платата на 2 иљади и ќе се буниме?:tapp:
 
Малку пари се, не разбираат луѓево дека овчар или козар не е работа со работно време од 8, 10, 12 саати туку 24 саати :toe:.
 
Малку се ама се добар стимул, подобар од овој кој е сега - НИКОЈ. Некако нее јаснпо дека во земјава има недостаток на анимални прозиводи а и фабрики за преработка на истите, што би било еднакво на зголемен профит т.е буџет за државава а да не спомнуваме колку работни места се тоа.
 
Башка ако немаш дарба за свирење на кавал
Ја прашале некоја жена што работи нејзиниот маж а таа одговорила дека тој е агроном по музика!
Сите биле зачудени што професија било тоа а таа им дала еден прост одговор: Мојот маж пасе овци и свири на кавал :pos::pos::pos::pos:
 
Не е лесно воопшто да си овчар, 18 000 се малку пари за таа работа,читав на нет дека во Црна Гора или Хрватска беше плата од 1000 до 1500 евра,па видиму сеа :nesvest:
 
Иако сметам дека 18 000 денари се премалку за обемот на работата, ( да бркаш 150 овци по пасишта валда не е лесно ) сепак е некое помрднување напред бидејќи претходно не сум сигурен дали воопшто државата предвидувала ваков стимул.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom