Софија ја штитат телохранители
Седумнаесетгодишната кавадарчанка, по објавувањето на нејзината песна "Лигав тип", почнала секојдневно да добива закани на нејзиниот мобилен телефон и на нејзиниот "Фејсбук" профил
Поп-пејачката Софија Манева е исплашена за својата сигурност и нејзините родители најмиле телохранители кои што ја следат на секој чекор. Седумнаесетгодишната кавадарчанка, по објавувањето на нејзината песна "Лигав тип", почнала секојдневно да добива закани на нејзиниот мобилен телефон и на нејзиниот "Фејсбук" профил.
Песната на Софија, раперите ја сфатија како голема навреда беше причината во рок една недела да бидат направени околу дваесет песни во кои раперите од земјава и порачаа на Софија да си ја гледа нејзината работа. Откако Софија изјави дека јавно го крева гласот против турборапот и песните кои се крајно навредливи за жените, почнала навалата на заканувачки пораки. Нејзините родители, сериозно се загрижиле и решиле да најмат обезбедување кое што ќе се грижи за безбедноста на нивната ќерка.
- Телефонот ми се вжешти од пораки, разни навреди, закани, вулгарности и од пцуење", ни кажа Софија во разговорот. Со песната "Лигав тип" јас само сакав да го кренам гласот против понижувањата на женската популација од страна на турбораперите. Како одговор на тоа тие се организираа и направија околу дваесет песни во кои што ме навредуваат, нарекуваат провинцијалка од Кавадарци, ме пцујат. Не знам зошто се крена толкава прашина поради моите зборови упатени кон турбораперите кога тие самите секојдневно го нарведуваат целиот женски род во нивните песни? Ја не бев исплашена од заканите, но моите родители инсистираа да добијам обезбедување кога одам на училиште, кога се враќам, кога излегувам навечер. Се работи за телохранители од една кавадаречка агенција, но поради тоа што сакав барем малку да си ја зачувам приватноста тие не одат во чекор со мене, туку ме следат на одредено растојание", раскажа Манева. Таа е ученичка во четврта година во средното училиште Добри Даскалов во Кавадарци.
ААААААА БРАОС нема друга работа неа че а тепат
