Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Кајги,
не знам за другите, ама мене небово толку ми беше зелено, што секаде само црно гледав. xD

Поз4е.
 
Драга Кајги,

Денес ти е именден! Денес додека размислував како да ти го спакувам поклонот ми текнаа куп работи кои ги правевме кога бевме мали. Секогаш се влечев по тебе. Те обожавам цел мој живот. Си поминувавме прекрасно. Ми текна колку многу се смееш кога ќе ти текне дека не сум можела да ти го погодам името па сум те викала Линка. Пред некој ден кога ми кажа дека најубав покол ти бил моментот кога ќе ме осетиш како трчам накај тебе у соба за да ти честитам прва, не знаеш колку бев пресреќна. Знам дека не сакаш скапи поклони, знам дека сакаш само да те гушнам и да ти честитам именден, ама тебе и целиот универзум да ти го подарам е малку. Ти си прекрасна. Извини што ти досаѓав како мала, ама јас многу сакав да се дружам со тебе. Знаеш колку те обожавам, јас и сега не можам да си замислам ден без тебе. Ми текна кога трчавме кај дедо и кај баба `ко муви без глави и кога не им дозволуваше да ме караат мене. Ми текнува кога ме бранеше кога ме караа мама и тато. Аааах ми текнува кога ми ги раскажуваше лектирите по македонски и лекциите кои ми ги држеше пред тоа. Ми текнува кога се обидуваше да ми објаснуваш хемија, ама ужасно ти идеше. Сеуште се чудам зашто никогаш не ми рече да се откачам дека ти сметам и дека сум доасдна, а толку многу пати го заслужив тоа. Јас сум најсреќна на светот што си ми ти сестра! Не знам што би правела без тебе! Линке прекрасна си!

Те сакам најмногу на свет! Честит именден!!!
 
Кара миа...
Ништо од плановите, Крушево дури во среда :( Ама ако и тоа е нешто.
 
аее се зеле сите со паметов бе....
не ми е криво што заглабив на микаелис ментен, ама барем еден чоек да не ме измамеше денес, ијаа дрски луѓе
):
 
Животот ти е како флипер а ние сме малата метална кугла. Само чекаме некој да не подудри за да почнеме пак да се движиме и да правиме рекорди низ сите светлечки објекти во флиперот. Битна работа е употребата на прстот (ворнинг за перверзните - не мислам на никакво унутрашно телесно допирање) Тој што го стиска копчето. А ако гледаме поубаво на прстот, тоа е веќе друго. Сеа дали е тоа палецот со насоката горе или доле, дали е тоа средниот прст во позата Penis (извинете за францускиот, с-то на крај не се чита) или пак некој покажува накај нас со показалецот, сосема е сеедно, се додека тоа ни значи за нас и е дел од процесот акција-реакција. Стиснат е стартот пред 20 години и едноцифрен број месеци...Let's play a game.


П.С. Магде е егоцентрична.
 
Драга Кајгана
Нека ни е за многу години празникот...посакувам здравје,љубов и среќа на сите МАКЕДОНЦИ
 
Кајганскаја Винтовка Драгунова, разработаннаја в 2005 года группој конструкторов под руководством Ацида.
Си забележала како секогаш ти пишувам во емо mode или не? Не си. Код те боли. Повторно сум тука, на повремена доза хејт кон све со пулс, вклучувајќи го и лудото куче на лудата баба која го третира како новороденче. Него, да преминам на поентата на еден просечен драгакајгана коректен пост. А што друго и служи нејзе освен полујасно мрчење за тоа дека животот бил оваков или онаков. Ок, и неартикулирани восклици на ПМС, извештаи за забавниот ден, објава на планови, откажани планови и желби од непроценлива важност за националната безбедност и општонародното ментално здравје. Јас би сакал да скокнам мешање во државна безбедност (не било добро во политика да се мешаш, вика баба ми) и да пристапам кон полуедуцирано, не многу интелигентно, по нешто малку искусено и најмалку оптимистичко сумирање на овоземјето. Животот бил полн со изненадувања, викаат овие среќните. Не можам да не се согласам. Животот е РПГ игрица во која трчкаме наоколу низ пространиот свет во потрага по изненадувањата уредно спакувани во мали кофчеџиња по мерак на дизајнерот, секој пат во очекување на подобар и помоќен предмет. Spoon: +1 damage, -3 charisma. Како тренирани хрчаци ја притискаме рачката, секој пат со шанса некое симпатично кофчеџе да падне од таму горе. Постојано. До крај. Целиот тој труд за неколку секунди бесцелно светкање, додека истото не стане досадно. Ние сме машините на Војо, хрчаците на тркалото, Шехрезат во епизоди толкуцифрени што секој Кенко дигитрон ќе врисне од мака.
Сакам да ти раскажам многу кратка приказна за едно мало хрчаче. Тоа хрчаче беше како и сите други, со тркалце и рачка, затворено во симпатичен бел кафез. Но еден ден тоа случајно испадна од тркалото, токму кога кажа дека врти во тркало. Го најде својот рај, без тркала, без рачки, во кој несомнено уживаше, заборавајќи на својата хрчакност. Секако, како и во секој добар глуп филм, појавувањето на ѓаволчето хрчачко духче (или што и да се оние добри-лоши миниинкарнации на ликовите кои им стојат на рамо и им прават муабет во време на морални дилеми) беше неизбежно. Тој го потсети нашиот нехерој дека и покрај се што направи во својот рај, и за својот рај, тој е ништожен хрчак. „Не се ни обидувај да го негираш тоа“, рече џаолот, „ти сакаш рачка, сакаш следен кофчег, сакаш повеќе“. Кутрото хрчаче веќе беше заведено. Посака повеќе од рајот, престана да ја наводнува градината и наместо тоа почна да ги краде овошките. Алчно. Одеднаш, портите на рајот се затворија пред наведнатата глава на заведеното хрчаче. Неговиот единствен избор беше со презир да се врати на своето старо тркало. А старото тркало му предизвикува дијареа. Нема хепи енд. Нема порака. Der Hamster hat keine Lust.
Поздрав, Кајганскаја. Од адмиралот без флота.
 
DEar,
Деенес пак лоом ..пак плачки ..пак викање ..што се случува??
Па знаеш шо прават др на мои години лелел а јас..уште поштена да бидам да си прашам...
Па др..мојот "најдобар другар" секогаш е тука кога му требам и јас добра душа како да го одбијам..ама глуп е бе dear глуп е дозволува девојка му да го манипулира и со можам јас тука ..само да му кажам дека е глуп.. хмм
ЕЕЕ имам најдобар брат на светот...
и така ауу фатив книга денес замислиии..
и сега гоод нигхт :)
 
Драга Кајги,

Дојдовме, наместивме се` и... сите ги извадивме компјутерите, а 15 компјутери може да бидат и интернет кафе :pos: Туку после треба да идам да потврдам резервација. Денес принцезата ќе си ја оставам да си уживка. Не ми се верува како наведнале сите глави над лап топите, ко злато да бараат, упс и јас сум со тастатура у раце :pos: за да има повеќе смеење требаше да си земеме еден обичен компјутер, ќе го ставевме сервер да ни биде :pos: :pos: :pos:
Ај поздрав, ќе се уклучам после пак. Да каснеме салатче и да наздравиме. Прво седнавме на компјутери, оти имавме доста работа од сабајле, па немаве време за нет. Времево се мурти, колку сака нека врне, ќе си влеземе внатре. Само шумава можеле да ја средат :pos:
 
Се осечам ко највечи спамер.
 
Мила, добар ден..
Денес се врати сестра ми од одмор и до сеа раскажуваше,сум се патосувала од смеење се што се дешавало таму!
Ме боли забот,жешко ми е ,ми се пие ми се спие и ми се иде накај парк!Ми фалат луѓево .
ај поздрав.:salut:
 
Драга Кајгана...

Добар ден :)
Пука сонце ја сум дома место негде на плажа...јебига.
Уште малку и се враќам дома, ќе се испијанчам со другарите, ќе ја изебам локалната дроља, ќе се возикам низ цел град....и пак ќе мрчам :)
 
Драга Кајгана,
Предавник ти е човек што гледа Шехерезад на Илинден.
Како да имам жиг од пред една година, кога се разделивме... Што ми е мене. Не треба да гледам веќе телевизија.
 
Кајгано прекрасен ден :vozbud:
Не само денес, туку и другиве денови ми беа одлични. Денес си организиравме пикник на Водно. Можеби скарата не ни испадна како до сега, и беше малку ќумуреста, али битно топ си поминавме. После шетање низ маало, уивање, и сега пак искачање :wub:
Кога ќе ми текне дека треба да полагам уште еден предмет на 3 септември ми се присерува :icon_mrgr
Бтв Украјна-МКАЕДОНИЈА 58-71!!!
Среќен Илинден на сите Македонци. Чиста, чиста, чиста Македонија!!!!
 
Кееј среќен Илинден :oeoeoe: We love Makedonija
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom