Прво добредојде на Касано :pehar: а за тоа кој каде и како ќе игра нека му ја мисли Алегри има доволно време сеа за празнициве :cug:
Оваа формацијава на Мак. Тигар е најверојатна за следната утакмица со Кајлари само Гатузо и Боатенг да си ги сменат местата
Боатенг...Амброзини...Гатузо
..............Касано..................
.........Пато.....Робињо..........
Е сеа за оваа позицијава што би требало да ја има Касано треба доста и да се враќа назад да поработи, што тој баш и не го правел тоа во тимовите за кои до сега играл така да ќе мора да поработи и на тоа поле зато шо не би сакал пак да го гледам Сидорф во прв состав како се влече и мачи да повлечи еден напад. Играчот што игра на таа позиција не треба само да знае да даде топка (Сидорф во случајов) туку мора и да ја земе топката и да повлечи напред со што би добиле играч повеќе во напад(пример како што беше кога го имавме Кака, а во последниве утакмици Боатенг одлично се снајде на таа позиција) е сеа се надевам дека тука би требало да снајдат Касано и Робињо мада и двајцава гледаат што понапред да седат и ретко кога да се вратат назад(со исклучок на сегашната игра на Робињо пошто моментално игра шпиц). А па кога ќе се вратат Златко и Андреа ситуацијата станува уште покомплицирана, фактот дека сите сакаме формација во која би ги гледале сите заедно дополнително ги закакшкува работите. Еве пример формацијата на Гоки е премногу офанзивна макар и на местото на Касано да игра друг некој видовме дека сме многу ранливи со таа формација.
........Абијати
Абате....Неста..Силва....Замбро
....Гатузо...........Пирло...
.............Касано..........
Пато......Ибра.....Робињо
За да се игра со 4-3-3 формација потребна е голема раздвиженост на фудбалерот кога се организира напад и соодветно пресинг кога се браниме. Така да некогаш ќе опали со оваа формација како што тоа беше лани ама во поголемиот дел од сезоната играчите се исцрпени и не го играат она што се бара за ваквата формација. Гатузо, Пирло, Амброзини, Сидорф се се ова играчи кои немаат континуитет во играта баш заради нивната спремност.
Јас едноставно би продолжил со истата формациска структура на теренот со некои измени, а тоа би изледало вака:
:::::::::::::::::Абијати:::::::::::::::::::::
Абате:::::Неста::::Силва:::::Замброта**
::::Гатузо:::::Пирло:::::Боатенг*::::::::
::::::::::::::::Робињо**::::::::::::::::::::
:::::::::::Пато::::::::::Ибра:::::::::::::::
*- Боатенг ќе го игра тоа што го играше Сидорф во фомрацијата на Милан со Анџелоти
**- За овде не сум сигурен дали Касано или Робињо би се снашол подобро
***- И за овде се надевам на некој друг бек кој би се донесол зимава( на листа желби ми се Кришито,Коентрао.. а може и друг само да се донесе некој, гледам го спомнувате Циглер, таман би бил и тој )
Замените би оделе вака Фламини со Гатузо, Амброзини со Пирло.. Касано може и на местото на Робињо и на Пато односно Ибра. Шо се однесува до Роналдињо ако не си замине нека со борат со Сидорф за место на таа позицијата која најмногу ја спомнував..а Сидорф ќе може да се најде и како замена за Боатенг на таа старата негова позиција како box to box midfielder.
Немав работа па реков ај ќе напраам една анализа ја така сеа за сеа ги гледам работите па сеа за другото и поважното како Алегри мисли незнам ама знам дека ќе има доста мака за кои 11мина да се одлучи како најсилни во тимот. Како што реков и на почеток има доста време за празнициве
:cug: