Море нека идат у пи**у матер и Берлускони и Галијани и сите до еден од клубот на Милан , значи како што овој состав може да те извади од контакт тоа не може никој друг .
Па добро бе како е можно да не се упати ниту еден прецизен удар од 6-7 метра пред голот или од 2 метра да се шутира во голманот , па и да сакаш да промашиш од такви позиции едноставно не се промашува , но тоа им успева само на овој мизерен состав на Милан .
Убедливо во последно време го имаме нај килавиот напад во Сериа А па и во Европа , и што е нај трагично кога Галијани кажува дека ги имале Бориело и Хунтелар и не им требал друг , море мамичето негово лоповско . Бориело не го оправдуваат неколку голови со ножички кои можеби и на среќа ги погодил , поголем токмак не сум видел , не се ни труди да трча по топката , додека се заврти сите се околу него , се врти толку споро како автобус да врти , а за ударите нема што да кажувам , вистински напаѓач не смее да промашува од вакви позиции , и не само тој , Инзаги , Бекам , па од оние шанси вистински напаѓачи мора да постигнуваат просек по 5 голови на натпревар судејќи според шансите кои ги имаат , а не едвај 1 и тоа да те полудат , во последна минута .
Средината е спора како трактор , додека Пирло се врти во средина голманот слободно може да се напие едно кафе и да се врати на голот , па така ли се оди во напад бе , а за брз контра напад не ни знаат што е .
Одбраната , незнам дали е виновен тренерот , дали тој ги учи така или самите играчи се толку глупави или тромави , па како е можно да не се скока на ниту една нафрлена висока топка , доказ за тоа е и Руни кој е метро и жилет човече а ни даде 3 гола со глава , никој не се ни обидува да скокне и да попречи , сите гледаат на противничките играчи кој ќе скокне и кој ќе им даде гол , тоа е стварно несватливо , но тоа го гледа и тренерот и незнам зошто не ги учи да скокаат , и тој ми изгледа како ептен заспан .
Знам дека некој ќе рече зошто кога победуваат сите ги фалиме , победуваат можеби поради искуството , некој пенал , некоја нафрлена топка или случајно ако помине некој пас , но секогаш се упорни и сакаат да влезат со топката во гол , не ми е јасно зошто штом влезат во 16-ник не упатуваат удар , а и тие кои ги упатуваат се никакви , мора Лео тука да поработи со играчите и да ја сменат таа тактика на напад со која сакаат заедно со топката во гол , мора почесто да се упатуваат удари , а без удари нема ни голови .
Се на се , дефинитивно на лето половина тим треба да го соблечат дресот на Милан , доста веќе ни го срамат клубот и ни бришат богата историја , а згора на тоа и сите живци ми ги скинаа и не ни заслужуваат да се гледаат , просто ме вадат од контакт , а вечерва од нервоза и не ги ни гледав последните 10 мин.
Победивме вечерва поради прекрасниот удар на Сидорф , кој мораше да влезе и порано во игра , но не треба да го негираме и фактот дека и нивниот гол не беше од офсајд кој и тука е виновна нашата одбрана , а еден Силва што да ти прави , се бори со сета сила детето но овие другиве трупови не можам ни да ги замислам .
Како и да е стигнавме на -1 зад Интер , следни се Наполи , исто така незгоден тим , а ние со ваква игра и со ваков мизерен напад богами тешко против нив , се надевам на победа затоа што и Интер има тешко гостување , па можен е нивен кикс а ние никако не смееме да кикснеме и мораме да ги користиме шансите , но не и со вакви тромави напаѓачи кои мораат да одат до некој сервис за балансирање на нозете .
Поздрав до сите Миланези , и сепак , победа си е победа , честито на сите .