23.10.2009
Италијанското судство почна истрага во врска со неколку закани за убиство на премиерот Силвио Берлускони кои се појавија на интернет.
Интернет страницата што заговара „Смрт за Берлускони“ има околу 300 членови, а на групата „Да го убиеме Берлускони“ на Фејсбук и се приклучиле 16 илјади поддржувачи.
Страницата „Да го убиеме Берлускони“, отворена минатата година, била запоставена се до пред 10 дена, кога нејзин администратор станал некој под прекарот „Другарот Раул“.
Тој нагласува дека не сака никој да умре и бидејќи не можел да го смени името на групата, напуштена од претходната управа, ја прогласил за „луда работа“ и побарал Фејсбук да ја направи невидлива.
Весникот „Република“ пишува дека луѓето кои се потпишани на страницата со име и со презиме пишуваат пораки од типот на „Силвио, ќе завршиш како Кенеди, немој да спиеш мирно“.