Прашање до вработените програмери

  • Креатор на темата Креатор на темата The One
  • Време на започнување Време на започнување
Друже, ќе ти поставам едно културно и интелигентно прашање:"Зошто, според тебе постојат факултетите и зошто факултетската диплома насекаде е драстично повеќе ценета отколку таа од средно?"
Јас ќе ти кажам дека денес мн мн и не се гледаат дипломите колку што се гледа знаењето, а има многу луѓе што познавам што не биле и не се на факс а знаат повеќе од јас што сум на факс.
 
Може прашањево ќе звучи малце глупаво но би сакал да знам што се бара од вработен програмер почетник односно колкаво знаење поточно за MySQL и .NET програмерите.
Прашувам затоа што наскоро дипломирам па сакам да имам дојам за тоа како личи тоа работно место и кои проблеми ги носи со себе.
Однапред фала.

Е ова и мене ме интересира, и јас наскоро дипломирам :smir:
 
Е ова и мене ме интересира, и јас наскоро дипломирам :smir:
Значи вака, генерален заклучок за тоа што треба да знае еден почетник програмер за да работи во фирма, нема.
Секоја фирма си е различна приказна, посебно тука во Македонија.
За време на студирањето во летниот период кога нема испити/предавања, убаво е да си аплицирате за практична работа во некоја од ИТ компаниите, така најубаво ќе опипате самите како реално се одвиваат работите во една ИТ компанија.
Тоа што треба да го имате на ум е дека треба да ви работи кликерот во главата, да имате способност брзо да учите и да се приспособувате на нови технологии, бидејќи информатичките трендови секојдневно се менуваат, а така и технологиите со кои работат ИТ компаниите.
Немојте да се надевате само на знаењето стекнато од факултетот, користете го секое слободно време да научите по нешто ново, и практично да сработите нешто. Бидете упорни, и искуството само по себе ќе си дојди.
 
Факултетот те учи како да учиш. факултетот не те учи како да работиш или да заработуваш пари.
Кај нас постојат многу фирми кои нудат катастрофални услови и плата, а од тебе очекуваат да бидеш готов кадар.
Но од друг страна има и фирми кои се одлични, ти даваат шанса да научиш и да се издигнеш.
И немојте да се залажувате дека Т-Хоум, Космофон или Вип се најјаки.

Уредено: За стереотипот дека ако имаш диплома ќе те вработат. Врска нема. Познавам милион програмери кои се со диплома, а незнаат ни две линии код да напишат. Познавам мои врсници кои почнаа да работат пред дипломирање и имаа поголемо работно искуство (конкретно .NET), па дури и по 2 години работа сеуште користеа DataSource и GridView во веб апликација. А да и дизајнер за изгледот на страната. Да не почнувам дека не знаева во код да ја сменат селектираната вредност на паѓачка листа.

Муабетот ми е: не мора да значи дека тој што е дипломиран и што веќе работи дека знае. Тоа е индивидуално. Затоа постојат и различни фирми. И во секоја подобра фирма, имате и тестирање за да се види дали навистина ве бива или сте камења.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom