NBA сезона 2009/2010

Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.773
Поени од реакции
30.630
Денвер 99-97 Кливленд:baeh:
Ве поздрави Mr. Big Shot
 
Член од
18 јули 2009
Мислења
6.744
Поени од реакции
6.467
Феникс - Мајами 105 - 109 Вејд одигра одлична партија 33 поени
 
Член од
30 јули 2007
Мислења
1.391
Поени од реакции
86
Oрландо се во криза,... од лошо кон полошо иде .. :S
 

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.922
Поени од реакции
8.798
Oрландо се во криза,... од лошо кон полошо иде .. :S
и јас мислам така, мора да признаеме Картер лошо игра баш читав на нба.цом имаше статија каде имаше мислење дека Картер треба помалку да шутира во однос на Хауард ако сакаат Орландо да победуваат можеби се во право, за Картер ова е најслаба година, само 39% шут од игра и просек од 17 поени по натпревар ептен слабо... и останатите не се баш најдобри, го нема препознатливиот шут на Луис додека Нелсон можеби ланската година ќе биде најдобрата во кариерата, го нема оваа година:toe:
 
Член од
2 октомври 2008
Мислења
1.016
Поени од реакции
50
Туркоглу фали во Орландо. Земањето на Картер се покажа како лоша одлука. Прво нема ни реализација ни процент на шут како шо имаше Туркоглу, а налет то и се повреди сега. Орландо е тим со многу шутери и цела игра им се базира на тоа. Хауард не е тип на играч како Шек и Јао. Неможе да го носи цел тим на свој грб, не е толку добар во офанзивни задачи, а и не ни треба да биди. Од него се бара само офанзивни скокови и да забие некоја топка. Главна работа му се дефанзивните задачи и во тоа си ја врши работата.
 

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.922
Поени од реакции
8.798
Туркоглу фали во Орландо. Земањето на Картер се покажа како лоша одлука. Прво нема ни реализација ни процент на шут како шо имаше Туркоглу, а налет то и се повреди сега. Орландо е тим со многу шутери и цела игра им се базира на тоа. Хауард не е тип на играч како Шек и Јао. Неможе да го носи цел тим на свој грб, не е толку добар во офанзивни задачи, а и не ни треба да биди. Од него се бара само офанзивни скокови и да забие некоја топка. Главна работа му се дефанзивните задачи и во тоа си ја врши работата.
брат постот ама ич не ти држи

прва работа- ти ставрно ли мислиш дека е до Картер работата?? мислиш со Туркоблу ќе беа подобри? ова нема врска, трампата што ја направија е добра, а сега да беше Туркоблу во тимот можеби ќе беше и полошо, значи како што кажав Луис и Нелсон играат очајно не е само до Картер работата, Туркоблу е добар да постигне 10-15 поени во просек во една сезона, а Картер просекот му е 17 моментално и со тек на времето ќе се оправи

втора работа- Хауард не е тип на играч како Шек и Јао... зошто?
моментално има 17 поени просек и 13 скокови по натпревар, значи во преосек секој натпревар тој прави дабл-дабл учинок плус е млад ќе се надоградува уште...:toe:
 
Член од
30 јули 2007
Мислења
1.391
Поени од реакции
86
Мислам дека слабите резултати на Орландо во овој период,поточно и 4рите порази по ред не се резулат на лоша игра на еден играч.А точно е дека Картер игра мн слабо.т.е неговите шутеви кои обично ги погага ,едноставно не влагаат.
Но за таков играч ,скорер(преку 19000 поени во кариерата) единствена работа која што треба да ја напраи е да продолжи да шутира,кад тад ке фати ритам и ке биде ОК.

Према мене,за лошите резултати у последно време се виновни 2ца,тоа се плејот Нелсон и тренерот Стен Ван Ганди. Откако се врати Нелсон почнаа лошиве резултати,едноставно ко да не сфака дека на него е само да ги разигра останатите а не да изиграва некој поентер пошто му штети на тимот.. Треба малце да учи од Џејсон Вилијамс,кој мн солидно ја игра оваа сезона и покрај пензионирањето од лани. Што се однесува до тренерот,мислам дека на моменти праи грешни одлуки во однос на тоа кој и во кој момент треба да се најде на теренот. Мада и не му е лесно,Орландо има ротација од 10-11 души и многу е тешко да се игра така.
Но талентот што го има овој тим не е спорен воопшто.Ја почнаа сезоната многу јако,и сега доживуваат еден пад,по кој што треба да се повратат,да си го пронајдат идентитетот и играта која што ке ја применуваат понатака. Добро е што ова се случува сега а не и во плејофот .. Има време :)
 
Член од
2 октомври 2008
Мислења
1.016
Поени од реакции
50
брат постот ама ич не ти држи

прва работа- ти ставрно ли мислиш дека е до Картер работата?? мислиш со Туркоблу ќе беа подобри? ова нема врска, трампата што ја направија е добра, а сега да беше Туркоблу во тимот можеби ќе беше и полошо, значи како што кажав Луис и Нелсон играат очајно не е само до Картер работата, Туркоблу е добар да постигне 10-15 поени во просек во една сезона, а Картер просекот му е 17 моментално и со тек на времето ќе се оправи

втора работа- Хауард не е тип на играч како Шек и Јао... зошто?
моментално има 17 поени просек и 13 скокови по натпревар, значи во преосек секој натпревар тој прави дабл-дабл учинок плус е млад ќе се надоградува уште...:toe:
Џабе ти се бројките шо ги пишиш, не е све до нив. Пример Нелсон кога ќе видиш статистика има само четири ппг помалку отколку минатата сезона. Се друго е идентично, а ти сепак велиш дека очајно игра. Проблемот јас го гледам во заминувањето на Туркоглу. Сите ги знајме квалитетите на Картер, ама дека игра жалосно во Орладо игра..факт! 39% шут а треба да е главен шутер во тимот. Али долга е сезоната дај боже да се поправи баш мило ќе ми е. А за Хауард точно дека ќе се надоградува и сето то, али неможе уште да го води тимот во нападот. Кога си видел сите играчи на Орландо константно да го бараат Хауард во нападот ?
 

InSuLaNeR

A man who never was a boy.
Член од
13 јули 2009
Мислења
878
Поени од реакции
107
Бостон загубија од Атланта 85-93 мислам дека неможеме да ги играме сите натпревари со повредени играчи така да не се изненадив многу!!!:nesum:
 
Член од
2 октомври 2008
Мислења
1.016
Поени од реакции
50
Мислам дека слабите резултати на Орландо во овој период,поточно и 4рите порази по ред не се резулат на лоша игра на еден играч.

Према мене,за лошите резултати у последно време се виновни 2ца,тоа се плејот Нелсон и тренерот Стен Ван Ганди.
Значи пак е виновен еден играч + тренерот ?:icon_lol::smir:
 
Член од
30 јули 2007
Мислења
1.391
Поени од реакции
86
Значи пак е виновен еден играч + тренерот ?:icon_lol::smir:
Да да :kesa: :pos2:

Сакав да кажам не е само Картер.. :D Али мн ми е слаб Нелсон.а он е тој што треба да ги разигра другиве..
Иначе сите ама буквално сите мора да се подобрат ,и тоа ке биде наскоро.
Дали од вечерва против Атланта ,ке видиме :)
 
Член од
2 октомври 2008
Мислења
1.016
Поени од реакции
50
Да да :kesa: :pos2:

Сакав да кажам не е само Картер.. :D Али мн ми е слаб Нелсон.а он е тој што треба да ги разигра другиве..
Иначе сите ама буквално сите мора да се подобрат ,и тоа ке биде наскоро.
Дали од вечерва против Атланта ,ке видиме :)
Те сфаќам, малце се зафркавав:smir:

Само Хауард си игра како минатата сезона, дури и се подобри во офанзивните задачи. И нормално дека Нелсон треба да ги размрда малце, а Картер да ги завршва акциите.
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
466
Поени од реакции
30
DreamBox is My Life,NBA is My Dream!!!

На кој сајт глеате НБА?
Spored mene naj dobro reseni e da si kupite,
Satelitska ili Dreambox na pretplata,od vcera
i nova NBA TV cto znaci vkupno 4 NBA TV,
baska sekoja vecer Spancite davaat,UK,
Ceska,Poland,Sport Klub Sr i HRT,i drugi Turski i...
Cenata e razlicna ne e ista, cenata gore dole e tuka,
da ne naveduvam ceni koga jas go kupuvav,
bese druga sega bil padnat,edna strasna rabota,
fudbal i muzika,cudo,ne mi e celta ja tuka reklama
da mu pravam,od srce vi kazuvam CUDESIJA.
Nokeska izgledav 5 NBA utakmici, sekoj vecer od
2 pa na gore,ma ja go imam samo za NBA,koga
resavav na kom i satelitska si zaemav satelitska,
mene mi e pokomotno, nemozam na kom da gledam.
Toa e samo moja preporaka,UZIVANJE vo NBA,
koj ke namesti se ke mu kazam raspored, utakmici TV,
satelitite itn...pa ke kazam voa ne nikakva reklama,
voa e da se ispolnite gledajki,za nokeska strasno bese,
ako fanam da gi komentiram ke mi treba cela istorija,
baska dosadno e za citanje,decki nema utkaaaaaaa.
!!!!!!!!!!!!!!!!!!I LOVE THIS GAME!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
 
Член од
30 јули 2007
Мислења
1.391
Поени од реакции
86


Орландо Меџик ја прекина лошата серија а екипата на Атланта беше таа која го плати цехот(113-81).Едноставно на Атланта не им иде во дуелите против Орландо оваа сезона .Меџик беа без Винс Картер кој е повреден на листа на повредени ден за ден .

Како што изјави и самиот Двајт Хауард, оваа добра игра е поради тоа што беа гладни за победа.
"We were hungry," Howard said, adding. "We didn't eat on the plane ride home from Washington." :pos2:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom