Македонска Православна Црква-Охридска Архиепископија

Член од
22 февруари 2009
Мислења
746
Поени од реакции
35
Христијанството во Македонија, па и пошироко на Балканот, прв го проповеда и проширува Светиот апостол Павле при своите мисионерски патувања, за што сведочат и Делата Апостолски. На тие негови патувања го придружуваат и апостолите Лука, Тимотеј, Сила и Тихик кои и самите независно од Светиот апостол Павле работат на христијанизација на овие простори. Низ Македонија проповеда и Светиот апостол Андреј Првоповикан кој и го поставува Светиот апостол Урбан за прв епископ во Македонија. Светиот апостол Силуан бил првиот епископ во Солун, а Епафродит во Адрија или Адријакија (погранично место со Тракија). Што значи дека уште тогаш се поставени темели на организирана Црква. Би спомнале тука и дека апостолите Аристарх и Секунд биле Солунјани, Епафродит бил од Филипи, а Гај од Добер (Дервија) кој се лоцира накаде меѓу Струмица и Валандово. Во тоа време Македонија била под римска власт така што често биле менувани нејзините граници. Како резултат на христијанизацијата извршена во првите три века, веќе на почетокот на IV век Христијаните на просторот на Македонија имале организирана Црква со црковна ерархија, чии епископи понатаму редовно учествуваат на помесните и вселенските Собори.

Во V век на просторот низ цела територија на Македонија постојат повеќе митрополии и епископии, од кои попознати биле Солун, Скопје, Хераклеа, Баргала и Стоби. Во тој пероиод и низ цела територија на Македонија никнуваат многу ранохристијански базилики.

За време на владеењето на царот Јустинијан I (527-565), кој потекнувал од с. Таврисион, близу до денешното Скопје, бил изграден нов град наречен Јустинијана Прима, во близината на родното место на царот. Скупскиот митрополит бил издигнат на ниво на автокефален Архиепископ. Кателијан бил првиот Архиепископ на Архиепископијата Јустинијана Прима во тоа време трета по чест меѓу помесните Цркви, после Рим и Цариград. Имало и други архиепископи, како што се: Бененат, Павле, Јован I, Леон, и последниот - Јован IX, кој во 680-681 година учествувал на Трулскиот Собор во Цариград.

Делото на светиот апостол Павле и светиот цар Јустинијан I го продолжуваат светите браќа Методиј и Кирил и нивните ученици светите Климент и Наум Охридски. Во втората половина на X век, во рамките на Самуиловата држава е организирана Охридската автокефална Архиепископија, врз темели на Јустинијана Прима, во достоинство на патријаршија. Подоцна, по паѓањето на Самуиловото Царство, повторно е сведена на степен на архиепископија и како таква постои цели осум века, сè до 1767 година кога е укината од страна на турскиот султан Мустафа III, а нејзините епархии се присоединети кон Цариградската патријаршија. Од овој момент па натаму, македонскиот народ прави постојани напори за нејзино обновување. Нејзините епархии смениле неколку јурисдикции од соседните православни Цркви. Особено жестоки борби биле водени во втората половина на XIX и првата половина на XX век, но поволни услови за враќање на самостојноста се создаваат дури во текот на Втората светска војна (1941-45 г.). Пред самиот крај на војната, во 1944 г. во селото Врановци е создаден Иницијативен Одбор за организирање на Македонската Православна Црква. Во месец март 1945 година во Скопје е одржан првиот Црковно-народен собор, на кој е донесена Резолуција за обновување на Охридската Архиепископија, како Македонска Православна Црква. Оваа одлука е доставена и до Архиерејскиот собор на СПЦ, бидејќи пред војната епархиите во делот на Вардарска Македонија беа во составот на Обединетата Православна Црква на Србите, Хрватите и Словенците, подоцна - Српска Православна Црква. Архиерејскиот собор на СПЦ не ја прифаќа оваа одлука, заради што во своите понатамошни барања Иницијативниот одбор истапува со одредени редукции: наместо како автокефална, бара да биде признаена како самостојна Црква. Но, повторно не наидува на одобрување. Во 1958 година во Охрид е одржан Вториот македонски Црковно-народен собор, каде што е прифатен предлогот за обнова на Свети-Климентовата Охридска Архиепископија, олицетворена во самостојната Македонска Православна Црква, а за нејзин прв епископ е избран г. Доситеј.

Архиерејскиот собор на СПЦ се согласи со одлуките на Македонскиот црковно-народен собор, во одлуката АС. бр. 47/1959 година и 6/1959 година зап. 57 од 17/4 јуни 1959 година.

Одлуката за самостојност на МПЦ беше потврдена преку отслужувањето на заедничка архиерејска Литургија со српскиот патријарх Герман, на 19 јули 1959 година во црквата на Свети Мина во Скопје, и истовремено е извршена и хиротонија на преспанско-битолскиот владика Климент. Со тоа Светиот Архиерејски Синод на СПЦ ѝ дал самостојност на Македонската Православна Црква, со тоа што таа и понатаму останува во канонско единство со СПЦ преку нејзиниот Патријарх. По неколку дена во црквата на Свети Никола во Штип е хиротонисан за владика на Злетовско-струмичката епархија г. Наум. Конституиран е Синодот на МПЦ според Уставот на МПЦ, како и другите административни органи и тела во Архиепископијата и во епархиите.

Во мај 1962 година во придружба од патријархот Герман, со неколку епископи на СПЦ, во посета на МПЦ дошол Патријархот Московски Алексиј, придружуван од митрополитот Никодим, епископот Пимен и повеќе високодостоинственици на Руската Православна црква. На празникот на Свети Кирил и Методиј во црквата на Пресвета Богородица - Каменско во Охрид беше одржана и архиерејска Литургија, на која што служел патријархот Московски Алексиј, во сослужение со патријархот Српски Герман и Архиепископот Охридски и Митрополит Македонски Доситеј. Ова било прво сослужување на поглаварот на МПЦ со поглавари на други автокефални Цркви.

Во 1966 година односите со СПЦ повторно се влошуваат. По новонастанатите недоразбирања и судири, Светиот Синод на МПЦ на 17 јули 1967 година во Охрид го свикува Третиот црковно-народен собор, и на свечената седница во охридската црква на Свети Климент Охридски ја прогласува Македонската Православна Црква за АВТОКЕФАЛНА. Чинот на прогласувањето на автокефалноста на Македонската Православна Црква е совршен на Светата Архиерејска Литургија, отслужена во црквата на Свети Климент Охридски на 19 јули 1967 година, од страна на Светиот Архиерејски Синод на МПЦ. Точно 200 години по нејзиното укинувањето од страна на турскиот султан.

Диецезата на Македонската Православна Црква не се протега само на подрачјето на Македонската држава, туку и во црковните општини надвор од границите на Републиката.
Според точката 17 од Образложението на Одлуката за автокефалност, Македонската Православна Црква како административен дел од едната, Света, Соборна и Апостолска Црква, ќе ги чува Светото Писмо, Светото Предание, апостолските Правила и прописите на вселенските и помесните Собори и ќе се раководи согласно со нив и со Уставот на Македонската Православна Црква.

Молејќи се смирено за другите, Македонската Православна Црква секогаш ќе се потпира на молитвите, благословот и врз помошта на постарите свети сестрински и помесни православни Цркви.
 
Член од
22 февруари 2009
Мислења
746
Поени од реакции
35
) Република Македонија се наоѓа во срцето на Балканскиот Полуостров со површина од 25,713 км2 и со популација од над 2 милиони жители. Република Македонија е матична држава на македонскиот народ и на неколку други малцинства што живеат во неа. Покрај 1,6 милиони Македонци што живеат во Република Македонија (кои се православни Христијани), повеќе од 1,5 милиони Македонци живеат и работат надвор од Македонија (како во соседните земји така и во Европа, САД, Канада и Австралија...).

Неколку години по распадот на СФРЈ, на 8 април 1993, Република Македонија стана 181 членка на Организацијата на Обединетите Народи (ООН), но заради спорот околу името со Република Грција, призната е како Бивша Југословенска Република Македонија. Под нејзиното уставно име „Република Македонија”, досега е призната од повеќе од 100 земји во светот меѓу кои и од Русија, САД и Кина, како и од Србија и Црна Гора, Бугарија, Романија итн.

И покрај јасната одлука на 17 правило на Четвртиот Вселенски Собор, во која се вели дека организирањето на црковните области треба да биде соодветно на државното и граѓанското организирање, на Црквата во Република Македонија од познати политички причини и до ден денес се оспорува правото на самостојност.

2) Од неканонското укинување на автокефалната Охридска Архиепископија во 1767 г., остварено со одлука на турскиот султан, а по барање на Цариградскиот Патријарх Самуил I па сè до Првата светска војна епархиите на сегашна Репубика Македонија се наоѓаат под црковна јурисдикција на Цариградската Патријаршија. После Првата светска војна овие епархии територијално потпаднаа под окупација на Српската држава и затоа преминаа под управа на Српската Православна Црква. Со почетокот на Втората светска војна српските Епископи, заедно со својата војска и полиција, ги напуштија овие епархии со кои управуваа само 20 години и на нивно место дојдоа Епископите на Бугарската Православна Црква. По Втората светска војна Република Македонија егзистира како посебна федеративна држава во состав на Социјалистичка Федеративна Република Југославија.

По завршетокот на Втората светска војна свештенството и православните верници на Р. Македонија побараа од Српската Православна Црква (СПЦ) да им ракоположи домородни епископи, заради поголема пастирска стабилност и ефикасност на Црквата. На 5 октомври 1958 година со одлука на Црковно-народниот собор во Охрид Епископот Доситеј, родум од Македонија, Викар на Српскиот Патријарх Герман, е востоличен за 83 Архиепископ на возобновената Охридска Архиепископија, која заради државата во којашто дејствува го доби името Македонската Православна Црква, а тој - титулата Архиепископ Охридски и Македонски.

Светиот Архиерејски Собор на СПЦ во јуни 1959 година донесе одлука (АС. бр. 6/зап. 57) со која потврдува дека „епархиите во Р. Македонија се издвоиле во САМОСТОЈНА Црква која што ќе се управува со Уставот донесен на македонскиот Црковно-народен собор од 1958“ и дека „со оваа одлука престануваат да важат прописите на Уставот на СПЦ за епископите и архиереите на Народна Република Македонија“. Поради потребата од формирање на самостоен Синод, Српскиот Патријарх Герман, Архиепископот Охридски и Македонски Доситеј , како и Бачкиот епископ Никанор, на 19. 07. 1959 во Скопје го хиротонисаа новоизбраниот епископ Преспанско-битолски Климент. Со тоа се создадоа услови за формирање на Свет Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква. За сето ова Патријархот Српски Герман со свое писмо, заведено под синодски бр. 515, од 31 мај 1961 година, го извести и Цариградскиот Патријарх Атинагора.

На 16 јули 1967 година Македонската Православна Црква, возобновената Охридска Архиепископија, на Црковно-народен собор во Охрид, согласно дотогаш востановената пракса на други Цркви, е прогласена за автокефална помесна Православна Црква, после што СПЦ еднострано ја прекина евхаристиската заедница со неа. Сослужувањето на Епископи од МПЦ со Епископи на други Православни Цркви и до ден денешен се случува, само неофицијално и без јавно објавување. Архиепископот Охридски и Македонски на Великиот вход секогаш ги спомнува имињата на Поглаварите на помесните Православни Цркви.

3) Согласно својот Устав и во своето дејствување и учење, Македонската Православна Црква ги чува светите Догми и светите Канони на Православната Вера утврдени на светите Вселенски Собори, како и целото Свето Предание на Црквата наследено од светите Апостоли и од светите Отци просветлени од Божествениот Дух.

4) Македонската Православна Црква има 13 епархии, од кои 7 се во Република Македонија и 6 во дијаспората. Со епархиите моментално управуваат 10 епископи на кои им помагаат над 500 активни свештеници. МПЦ има околу 500 парохии, со повеќе од 2000 цркви и манастири. Пред десет години се возобновија околу дваесетина манастири во кои денес живеат повеќе од 100 монаси и монахињи. Со осамостојувањето, Македонската Православна Црква има основано Средно Богословско Училиште и Православен Богословски Факултет во Скопје.

5) Македонската Православна Црква ја почитува и никогаш не се меша во канонската јурисдикција на останатите помесни Православни Цркви.

6) Со Нишкиот нацрт-договор во 2002 г. помеѓу Македонската и Српската Црква, беа задоволително решени сите спорни канонски и литургиски меѓусебни проблеми на двете Цркви. Единствен спорен проблем за СПЦ остана името на нашата света Црква и нејзиниот статус. Нашата Црква од пастирски причини инсистираше на името 'Македонска Православна Црква' и на самостоен статус, додека Српската Православна Црква, од политички причини (не го признава постоењето на македонскиот народ), инсистираше на името Охридска Архиепископија и на автономен статус. Сите теолошки и историски факти укажуваат дека проблемот на името на нашата Црква нема црковна, туку чисто политичка основа; додека терминот којшто ќе го формулира нејзиниот организационен статус, односно 'автономија' или 'самостојност', нема суштинско туку само формално значење, со оглед дека суштината на самиот статус беше дефинирана со содржината на Нишкиот нацрт-договор. По отфрлањето и на овој работен документ, и тоа главно заради несогласувањето околу името, и откако Српската Православна Црква сфати дека нема да успее да го смени нашето име, таа еднострано ги прекина разговорите со Македонската Православна Црква и оттогаш па наваму се обидува да организира паралелна црква во Р. Македонија преку поддршката што му ја дава на расчинетиот од нашата Црква бивш Повардарски Митрополит. Му благодариме на Бога што досега секој обид на СПЦ да го подели нашиот православен народ и да формира паралелна црква остана безуспешен. Заради погрешниот пастирски пристап, СПЦ никогаш не го доби и никогаш нема да го добие литургиското „амин“ на православниот народ во Р. Македонија, без кое пак, ниту една нејзина одлука не важи и ништо не може да направи на нашите простори.

7) Слични спорови во Православната Црква и досега постоеле, но се решавале и во пократок рок и на братољубив начин. Ова е особено важно од причина што живееме во време на суптилен прогон на Црквата, а и заради сведоштвото на Христос коешто светот го очекува од нас. Со автокефалната Американска Православна Црква, која освен Руската никој друг не ја признава, сите сослужуваат. Албанската Православна Црква, иако неорганизирана, со самото поставување на Архиепископот Анастасиос беше призната како автокефална. Грузиската Православна Црква, набрзо по осамостојувањето на Грузиската држава од бившиот Советски Сојуз, доби томос за автокефалност од Цариградската Патријаршија итн.

8) Со оглед дека сите информации што се добиваат посредно или од оние коишто нè негираат страдаат од едностраност и од пристрастност, многу би се радувале кога официјална или неофицијална делегација или пратеник на Вашата света Црква, јавно или без информирање на јавноста, би ја посетиле Македонската Правослвна Црква и лично би се увериле во погоре напишаното, односно дека сме жива, организирана и активна Православна Црква. Црква која постојано ја живее Тајната на Распетието и Воскресението Христово, Ваша помесна сестра–Црква.
 
Член од
22 февруари 2009
Мислења
746
Поени од реакции
35
Интервју со Митрополитот Струмички г. Наум
за неделниот весник „Македонско Сонце“ (16.09.2005 г.)

1. Ваше Високопреосвештенство, во една прилика изјавивте дека „сè додека има национал-шовинисти во СПЦ, не постојат услови за продолжување на преговорите”, а повод за Вашето реагирање е повторното интензивирање на негативниот притисок врз МПЦ, при што Српската Црква ги користи сите врски во екумената за да нè оцрни. Дали Вие како Епископ на МПЦ којшто зад себе има голема паства и одговорност за нејзиниот духовен живот и спасение и натаму верувате дека во спорот треба да биде инволвирана и трета страна?

Потребно е да продолжи дијалогот помеѓу МПЦ и СПЦ, не заради доброто на МПЦ, туку заради доброто на Православието. Но за тоа е потребно да обезбедиме услови. Најосновен услов, согласно црковниот метод за решавање на проблемите, е покајанието, односно простувањето и барањето прошка.

Мислам дека после сè што се случи треба да се остави да помине еден период за состојбата да се смири. Во меѓувреме секоја страна мора да се воздржува од какво било дејствие што води кон повторно разгорување на страстите. Можеби е подобро да се почека да помине и изборот за нов Патријарх во Србија, бидејќи со тоа ќе се избегне пројавувањето на екстремни преговарачи од српска страна коишто меѓу себе би се докажувале кој е поголем заштитник на српските национални интереси во борбата за патријаршискиот престол, а на штета на дијалогот. Тоа е досегашното искуство. А по сè изгледа треба да се почека и разврската на настаните во Црна Гора, бидејќи решавањето на црногорското прашање во главите на носителите на идејата за Голема Србија кои се учесници во Соборот на СПЦ е суштински поврзано со решавањето на македонското прашање. Многу добри услови за решавање на црковниот спор со СПЦ би се создале кога би бил решен актуелниот спор околу името на нашата држава со Република Грција, за коешто изгледа исто така ќе треба да почекаме.

Во Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија при крај се предвидените хиротонии на новите Епископи, а постојат уште неколку стратешки важни, но испразнети епископски седишта кои треба да се пополнат. Откако и МПЦ ќе ги консолидира своите редови, тогаш во посилен состав и од нови позиции ќе може да се сретнеме и да ги продолжиме разговорите, и тоа најверојатно под покровителство на Руската Православна Црква.

Преку своите писма и изјави Патријархот Алексиј Втори веќе се наметна како авторитет којшто не се согласува со постојните состојби и решенија и кој ги повикува двете Цркви да се вратат на масата на дијалогот. Рускиот Патријарх и Црква нема да ја пропуштат можноста со решавањето на еден ваков клучен проблем, како овој меѓу Македонската Православна Црква и Српската Православна Црква, de facto да ја преземат лидерската позиција во Православната Црква, особено затоа што се неострастени - за разлика од Грците и од Србите - во однос на пастирскиот и историски факт на постоењето на македонскиот народ. Не е добро во случајов тоа што СПЦ досега на секој начин го одбегнуваше посредништвото на Рускиот Патријарх. Цариградскиот Патријарх и некои Епископи околу него и покрај добрата волја и намера да помогнат, во постојните околности тешко ќе можат тоа да го сторат.

Значи, потребно е да постои трета авторитетна страна како сведок и помошник во дијалогот, особено што аргументите се на наша страна. Лошо ќе биде ако ние се покажеме неспособни, па во решавањето на проблемот непосредно се вмеша Господ. Господ сигурно ќе најде некакво решение, само што најверојатно тоа нема да биде пријатно за никого. Историјата ни покажа дека само под игото на ропството наметнато од иноверници се препознававме како браќа. Само, тоа е решение за неразумни. Решение за разумни постои, но за тоа во свое време.


2. Можеби за православните верници е разбирливо тоа што други православни Епископи си земаат за право да просудуваат што е праведно а што не е во нашиот случај, но сосема е несфатливо тоа што Ватикан го крена гласот и застана зад расколниците. Каква опасност се крие зад сето ова за севкупната православна христијанска екумена?

Сите ние кои живееме во таканаречениот Западен Балкан мораме да сфатиме дека сме му подложни и дека го живееме ефектот на затворен простор. Тој простор го формираат разните верски, национални, јазични, комуникациски, економски, културни, просторни, визни и други бариери што се испречени помеѓу нас и Европа и помеѓу нас и светот. Понекогаш заради ова може да се почувствуваме како да живееме во еден вид експериментален простор. Простор во кој главните експерименти се извршуваат со помош на медиумите.

Сето ова е одлична подлога за српската пропагандна машина неконтролирано да пласира какви сака информации преку нашите медиуми. За жал тоа се прави со помош на некои наши медиумски работници кои се должни да ја контролираат веродостојноста на тие информации, а кои заради својата неосвестена фрустрираност, или намерно, неконтролирано пропуштаат сè што Белград сервира овде кај нас. Така на пример, српската пропагандна машина пронајде две неинформирани лица од Брисел (внимавајте, не од Лондон или од Париз) да изјават нешто за наводно недоволно почитување на верските права и слободи во Р. Македонија и тоа го пренесе преку своите медиуми, а секако, потоа и преку нашите, небаре преку свои, сè со цел да се создаде впечаток дека Европската Унија официјално нешто ни порачува и на тој начин да се изврши притисок врз нашата држава. Од друга страна, речиси ниедна од нашите изјави не се пренесува преку српските медиуми во српската јавност.

Истото важи и во однос на Ватикан. И таму некои од српските Епископи ги искористија своите врски и познанства во Министерството за надворешни работи на Ватикан и добија некаква куртоазна изјава во корист на Вранишковски што потоа медиумски ја пласираа кај нас како сериозна. Но, работите воопшто не стојат така. Ватикан е премногу добро информиран за да си дозволи таков луксуз и да си го извалка угледот сериозно вплеткувајќи се во нечесни игри на некои поединци од Соборот на СПЦ.

Сепак треба да имаме и предвид дека во сите тие или при слични идни реакции можно е да има и многу политика. Затоа, и ние како Црква неопходно е да сме поактивни во претставувањето на вистината за МПЦ пред другите Цркви, а и во делот на она што се нарекува 'односи со јавноста'.


3. Кога станува збор за поимот 'расколник', тоа секогаш во Македонија се поврзува со едно име... Името како име и личноста како личност се битни, но клучно значење во сето тоа има дефинирањето на Охридската Архиепископија. Ако се вратиме на корените, на црковната историја, што тоа значи?

Веќе имам нагласено дека суштинско црковно име на Македонската Православна Црква е Охридска Архиепископија. Согласно историските факти и Уставот на нашата Црква, на Црковно-народниот собор во Охрид во 1958 година беше возобновена Охридската Архиепископија во лицето на МПЦ, а Поглаварот на МПЦ ја доби титулата Архиепископ Охридски и Македонски; случување кое СПЦ во 1959 година го потврди со своја синодска одлука, а што е уште поважно, го потврди со Литургијата на која Српскиот Патријарх Герман во сослужување со Архиепископот Охридски и Македонски Доситеј, како и со Бачкиот епископ Никанор, на 19. 07. 1959 во Скопје го хиротониса новоизбраниот епископ Преспанско-битолски Климент. Ова изворно и суштинско црковно име на нашата Црква, во остварените средби со другите сестрински Православни Цркви, никогаш досега не било доведено во прашање, иако не им е на сите сеедно.
 
Член од
22 февруари 2009
Мислења
746
Поени од реакции
35
Охридската Архиепископија, како Црква од овие простори, се темели врз уште постара Црква од шестиот век, а тоа е Црквата Јустинијана Прима, во тоа време трета по чест меѓу Црквите, после Рим и Цариград. Тоа е црковен континуитет на којшто секој може да му позавиди. Некои од охридските архиепископи дури и се потпишувале како архиепископи на Јустинијана Прима.

Соседните народи во текот на вековите оформиле свои сопствени центри на државна и на црковна моќ, откинувајќи, канонски или неканонски (како на пример СПЦ), територии што се наоѓале под црковна јурисдикција на Охридската Архиепископија. Токму тоа е доказ дека Охридската Столица не ја познавале како свој црковен центар, но добро знаат и денес дека таа, со Охридскиот Универзитет, е нивен духовен и културен центар - од тука па до Русија - и извор на нивниот црковен, а да не кажам и државен идентитет.

Во ова се состои вистинското достоинство на Охридската Архиепископија и нејзината голема историска улога. Божјата Промисла Охридскиот црковен центар го задржала како оска околу која ќе се случуваат сите битни настани поврзани со временениот и вечен опстој, благобитие и идентитет на македонскиот православен народ. Ако е Господ со нас, кој ќе е против нас?! Затоа не можеме и нема да дозволиме никому да го присвојува името Охридска Архиепископија и титулата Архиепископ Охридски.


4. Според сето она што го видовме, Ви се чини ли дека последниве неколку години преку „грбот” на МПЦ се одвива „тивка војна” против Православието во регионот и пошироко, односно дека сегашниот спор е искористен за остварување на нечии геостратешки политички и верски интереси?

Попрво би рекол дека ние православните сме си криви за сè лошо што ни се случува и дека преку „грбот” на МПЦ само се откриваат болеста и парализата на Православието, односно крајно редуцираната и промашена мисија и многу бледото сведоштво на Христос што ние православните му го пружаме на светот. Болеста се нарекува етнофилетизам . Со прости зборови, тоа е кога националните интереси, оние што ги надминуваат пастирските димензии и преоѓаат во експанзионистичко-хегемонистички, се поставуваат пред интересите на Црквата и пред заедницата со Бога, за на крајот оние што така прават останувајќи без благодатта на Светиот Дух да ја изгубат и Црквата и нацијата, а забораваме дека Господ рече: Барајте го најнапред Царството небесно и сè друго ќе ви се додаде (Мат. 6, 33). Болеста на Православието можеме да ја забележиме преку три појави:

а) Прва и најзабележителна појава е организирањето на Црквите во дијаспората кое не е во согласност со светите Канони. Согласно светите Канони на Црквата во еден град треба да постои само еден Епископ кој ја возглавува Црквата на сите православни христијани што живеат во него (8 пр. на I Всел. Собор и др.) . Но, бидејќи Православните Цркви во дијаспората се организираат според начелото на етничка припадност, тие за секоја етничка заедница си поставуваат и свој Епископ. Така се случува во еден град да постојат и десетина православни Епископи, што не е согласно со светите Канони на Црквата, но и со православната догматика во делот на христологијата и еклисиологијата. Меѓу другото, тоа е и лош знак, односно знак дека помеѓу помесните Православни Цркви сè уште траат исцрпувачките внатрешно-црковни и етнички борби за црковна и етничка доминација, кое пак истовремено е и реален показател дека времено сме се откажале од мисијата на Црквата кон надвор, меѓу оние коишто сè уште не ги допрела спасителната благодат Божја што пребива во неа. Затоа, не гледаме православната вера во дијаспората, освен инцидетно, да се шири надвор од православните доселенички заедници и нивните црковни и клубски простории. Секако, заради отсуство на духовниот живот ги губиме и своите православни верници, особено младите кои веќе не го ни зборуваат својот мајчин јазик, којшто пак Црквите заради зачувување на националното го користат во своите богослужби. Македонската Православна Црква е најмалку виновна за сето ова, бидејќи таа само последна се вклопи во веќе постоечката шема којашто другите Цркви досега ја поставиле без да остават простор за друг пастирски избор, и затоа МПЦ е надвор од дометот на судот на која било друга Црква во однос на ова прашање.

б) Втора појава е промашената мисија на Црквите коишто својата јурисдикција ја протегаат надвор од своите етнички граници. Карактеристичен и нам најблизок пример за ова е СПЦ. По завршетокот на Првата светска војна нејзината канонска јурисдикција се прошири од Македонија до Словенија. Но, како што рековме, бидејќи и СПЦ како повеќето Православни Цркви боледува од етнофилетизам, нејзината, би рекле само национална мисија на тие простори, остана, нормално, празна од благодатта на Светиот Дух и е пример за тотално промашување. Тоа значи дека сите оние што се чувствуваат како Срби традиционално учествуваат во нејзиниот живот, а сите оние што се припадници на друга националност, заради обидот насилно да бидат привлечени и посрбени, се одвратија од Православната Црква. За речиси сто години владеење со тие простори СПЦ буквално не може да се пофали дека православно крстила барем еден Словенец, барем еден Хрват, барем еден Босанец, барем еден Албанец, барем еден Маџар. Но, затоа успеа да одврати од себе околу 60% – 70% Црногорци коишто заради тоа организираат своја посебна Црква, а може да се пофали и со демонската идеја дека три милиони Македонци наводно ги одделила од заедница со останатите Православни Цркви. Тоа е една зла намера којашто пред сè нив духовно ги разорува, а не фактичка духовна и црковна состојба.

в) Трета појава е промашената мисија на Црквите внатре во нивните етнички граници. Бидејќи етнофилетизмот го одвојува свештенството од благодатта на Светиот Дух, тоа не може да биде сведок Христов, односно не е способно да го помине патот на очистување, просветлување и обожување, ниту да води други по него. Затоа имаме многу традиционални христијани коишто се тоа само по некаква инерција, а малкумина такви коишто вистински врват по тесниот пат носејќи го смирено и со благодарност крстот Христов. Показател на ваквата состојба се нашите празни храмови. Статистиката е поразителна и сурова. Од стоте проценти на православно население што живее во одредена православна држава одвај 0,5% присуствуваат на неделните богослужби. Тоа се случува на пример и во Македонија, која до душа во споредба со другите православни земји уште и стои некако добро, каде што од 1 600 000 православни само 8000 верници присуствуваат на неделните богослужби. Во Србија присуството на неделните богослужби процентуално е уште помало. На големите празници, пак, како што се Велигден или Богојавление, оваа цифра достигнува само од 10% до 15%. А колку и од овие 0,5% што се редовни на неделните богослужби има такви кои редовно се исповедаат и се причестуваат и живеат под раководство на духовен отец, тоа е друго прашање. Ако и тоа го провериме, тогаш ќе се соочиме со поразителни податоци. Значи, покрај ваквата алармантна состојба присутна кај сите, за големо чудо и срам Православните Цркви сè уште се занимаваат со својата борба за превласт. Затоа, на место се зборовите на еден обичен човек, таксист од Белград: „Ма што прават овие нашиве Владици во Македонија? Да сакаат тие вистински да работат, имаат и овде доволно работа!” Просто ни доаѓа да воскликнеме: „Таксистот за Владика, а некои Владици - за таксисти!
Ова се вистинските проблеми со коишто денес се соочува Православната Црква, кои треба да се освестат и решаваат, а не постојано, свесно или несвесно, да се продлабочуваат. Ваквата состојба е знак дека локалните епископални Цркви ги водат Епископи кои уште не се очистиле од своите страсти, и нивната внатрешна подложност на страстите, особено на страста на етнофилетизмот и на високото мислење за самите себеси, се рефлектира како внатрешна меѓуцрковна борба за власт. Не гледаме видлив физички прогон над Православната Црква денес, кој пак кореспонедира со внатрешната духовна зрелост, особено со дарот на умносрдечната молитва кај прогонетите. Тоа ќе претставуваше потврда за нејзината зрелост во овој историски момент и наша утеха.


5. Неодамна бевме сведоци на последниот од многуте притисоци врз МПЦ со кои сега се лобира за ослободување на Вранишковски. Дали Вранишковски прави нова верска заедница или ја урива МПЦ? И уште: зошто не му се суди за проневера на пари од верниците , што претставува кривично дело очигледно за сите, туку попрво е осуден за кривичното дело ширење на национална и верска омраза , кое потешко се докажува пред Запад?
 
Член од
22 февруари 2009
Мислења
746
Поени од реакции
35
Нападот врз овие три компоненти - свештенството и народот, името на Црквата и титулата на Поглаварот, како и нејзиниот имот - од кои е сочинета и преку кои се означува и се препознава секоја верска заедница, непобитно говори дека главна цел на Вранишковски е разнебитување на МПЦ, а не формирање на нова верска заедница. Во прилог на ова говорат следните докази:

Нарушувањето на владението на имотот што МПЦ го претрпе од страна на Вранишковски и на неговите следбеници е првиот неспорен доказ. Меѓу другите да ги спомнеме само познатиот случај на упад во битолската црква на Свети Димитриј во обид да изврши верски обред и физичката пресметка што ја предизвика внатре. За ова дело, покрај одлежаниот притвор, беше осуден со казна затвор од една година, односно две години условно. Дел од вкупно двете години и шест месеци казни затвор што моментално ги одлежува е и едната година што ја доби за упадот во битолската црква. Откако Вранишковски и неговите увидоа дека упадот на туѓ имот е многу непопуларно и казниво кривично дело и сфатија дека немаат толку приврзаници за да преземат макар еден храм, го напуштија тој начин на дејствување во пракса, иако не и сосема: во нејзината одлука за доделување автономија на својот егзархат СПЦ спомнува некакви нејзини имоти во Р. Македонија, иако такви нема - коишто им ги остава во наследство на своите егзархисти...

Вториот неспорен доказ е недозволениот начин на којшто Вранишковски се обидува да ја регистрира својата верска заедница, односно барањето за регистрација во кое го присвојува изворното, историско и суштинско црковно име на МПЦ, а тоа е името 'Охридска Архиепископија'. Во прилог на ова е и фактот што во јавноста лажно се претставува со титулата 'Архиепископ Охридски', назив што се содржи во титулата на Поглаварот на Македонската Православна Црква. Тоа е единствената и легитимна причина заради којашто не доби дозвола да ја регистрира таа верска заедница. Ниедна друга. Таман работа ако од после ослободувањето во 1944 година ги чекавме СПЦ и Вранишковски дури во 2005 година да ни ја обноват Охридската Архиепископија! Подобро да нè немаше...

И последен неспорен доказ е медиумскиот напад којшто Вранишковски го изврши врз личниот и врз свештеничкиот интегритет на Епископите на Македонската Православна Црква, и тоа на многу недостоинствен и вулгарен начин, како и нападот врз интегритетот на Црквата со негирање на нејзините Свети Тајни, заедно со навредата на верските и националните чувства на народот во Република Македонија. Освен преку личен медиумски настап овој напад беше изведен и преку верските календарчиња, црковните периодики и официјалниот web site на Српскиот егзархат, што е дополнителна отежнувачка околност. Сето ова е евидентирано и документирано. Целта на овој психолошки терор е што поголемо отцепување на народ и свештенство од МПЦ и нивно присоединување кон новата паралелна верска заедница.

Непобитен и очигледен факт за сите е дека обидот за разнебитување на МПЦ го прави за цели и со помош на странска држава и Црква, односно со помош на реакционерните националистички сили, заговорници на идејата за Голема Србија што дејствуваат преку одредени структури на државата Србија и со помош на истите сили присутни во Синодот на СПЦ. Сето ова на сите им стана јасно особено откако официјални претставници на Српската Влада извршија притисок врз Македонската Влада за ослободување на лицето Вранишковски кој е граѓанин на Р. Македонија.

Без да се мешаме во работата на независното судство, комплетната слика на случувањата говори дека неговите постапки воопшто не се наивни и дека не се работи за судски случај во којшто Вранишковски е осуден на издржување казна затвор заради вербален деликт и во кој со таа пресуда му се нарушени верските права и слободи, туку дека Судот правилно пресудил и дека неговите постапки ги имаат сите карактеристики на кривично дело на разгорување на верска и национална омраза и раздор. Па дури би рекле дека неговите постапки имаат карактеристики и на други дејствија коишто можат да се препознаат како инкриминирани во 'Глава 28' од Кривичниот Законик на Р. Македонија со која се опфатени кривичните дела против државата.

Затоа, ако после сè некој се обиде да го ослободи, прикажувајќи го неговиот случај како погрешна одлука на Судот, таквиот нека знае дека само ќе овозможи злото да си продолжи по својот пат и евентуално да заземе уште поголем простор. Но, ако СПЦ и Вранишковски се откажат од патот по којшто тргнале да го решаваат црковниот спор со МПЦ, тогаш јас ќе бидам првиот кој ќе го потпише барањето за негово помилување и прв што ќе пружам рака за помирување со СПЦ. Веќе еднаш нагласив дека само вистината е непоколеблив темел на покајанието (простувањето), кое пак е единствениот клуч за решавање на меѓуцрковните недоразбирања. Не е согласно со здравиот разум некој да ја прогласува Р. Македонија за земја во која се кршат верските права и слободи. Напротив, македонскиот народ е најверојатно единствен народ во Европа на кој денеска, во 21 век, му се непризнати истовремено и верските и националните права и слободи.

А зошто Вранишковски уште не е осуден за финансиската проневера која согласно наодите на комисијата за внатрешна контрола при Синодот ја има направено и во трите епархии во кои како епископ на МПЦ дејствувал, за тоа ќе го прашате надлежниот судија што ја води соодветната постапка уште од 2002 година. Она што го откри внатрешната контрола при Синодот на МПЦ беше исто така документирано и испратено до СПЦ, преку Српскиот Патријарх Павле. Зошто и тие замолчаа и ништо не презедоа прашајте ги нив.

6. 17 мај 2002 година е поврзан со потпишувањето на т. н. 'Нишки документ', кој се наоѓа на web -страницата на СПЦ. Всушност, со него на МПЦ ѝ се доделуваше автономност и бришење на предзнакот 'Македонска'. Што се случуваше тогаш?

На тема „МПЦ – СПЦ” досега имам објавено преку 170 страници пишан текст: што во мојата книга „Школа за исихазам”, што во нашиот дневен печат, што на web site - от на Македонската Православна Црква. И се чудам кога гледам дека некои наши новинари коишто чат-пат и пишуваат за Црквата, „поборници” на истражувачкото новинарство, сè уште ги немаат прочитано. А дали откако ќе прочитаат и правилно ќе сфатат, тоа е друга работа.

Еднаш порано објаснив дека секој што во иднина ќе тврди дека ова отпадништво што денеска се случува во Македонската Православна Црква е последица на „Нишкиот договор” нека знае дека свесно или несвесно ќе биде продолжена рака на српската пропаганда во Република Македонија. Бидејќи тоа е една од тезите пласирани од Белград и од екипата на Вранишковски коишто овде кај нас беа без проверка и размислување прифатени. Со само два факти многу едноставно се објаснува зошто не е точна таа теза: прв факт е дека ниту Патријархот Павле во своето писмо од 2002 г. со кое ги повикува Епископатот, свештенството и народот во Република Македонија во канонско и литургиско единство со СПЦ се повика на некаков 'Нишки договор' ниту пак бившиот Повардарски Митрополит прифаќајќи го тој повик објасни дека тоа го прави врз основа на договореното од Ниш. Документите си постојат, секој може да провери. Идејата им текна отпосле, како добар изговор пред останатите Цркви и со цел да прелажат некои наивни верници на МПЦ. И втор факт дека тоа што го прават воопшто не се заснова на Нишкиот работен документ е следново: во официјалната кореспонденција меѓу српските егзархисти и српската Патријаршија никаде не се спомнува името 'Македонска Православна Црква' како примач или испраќач на дописот, онака како што тоа беше договорено во 'член 14' од работниот документ во Ниш. А како и да се спомне, кога сите тие заедно, и Белградската Патријаршија и гротескниот егзархат, прават невидено пастирско промашување - не признаваат постоење на македонски народ!?
 
Член од
22 февруари 2009
Мислења
746
Поени од реакции
35
Нишкиот работен документ е само маска за отпадништвото што потоа се случуваше во МПЦ, а вистинска причина, што е општ впечаток кај сите што го познаваме редоследот на настаните, е дека Вранишковски приклучувањето кон СПЦ го направи со цел да ја сочува својата висока црковна позиција. Показател за тоа е критичното време што го одбра за тој свој потег: приклучувањето го направи во моменти кога внатрешната контрола на Светиот Архиерејски Синод на МПЦ веќе почна да го разоткрива неговото незаконско финансиско работење.

Она што е битно за работниот документ од Ниш е фактот дека каков било конечен договор со СПЦ прифаќа или одбива само САС на МПЦ, исто како што и Соборот на СПЦ ги потврдува или одбива преговарачките достигнувања на својата комисија. Затоа, нашите потписи се ирелевантни во случајов. Инаку, зошто имаше потреба да се свика Соборот на СПЦ за да се изјасни по повод Нишкиот работен документ ако за тоа одлучувавме или бевме овластени ние на ниво на комисии? Или зошто беше потребно да се свика седница на САС на МПЦ за да се изјасни по работниот документ од Ниш? Јасно е дека без согласност на двата Синода и без потписите на двајцата Поглавари никаков договор не може да биде прифатен и валиден и само злонамерно може да се нарече договор. Значи, ниту Патријархот Павле и бившиот Повардарски Митрополит се повикаа на некаков 'Нишки договор' при формирањето на Српскиот егзархат во Македонија, ниту пак Српскиот егзархат спроведува таков договор, ниту пак таков договор постои. Постои нацрт-договор како работна верзија врз која уште треба да се восогласуваат ставовите на двете комисии.

Во Ниш главно потпишавме заради восогласување на еклисиолошките, литургиските и канонските прашања помеѓу нас. На чисто теолошко ниво постигнавме еден договор со СПЦ многу поповолен отколку што на пример Бугарската и Грчката Црква имаат со Цариградската Патријаршија. Тие две Цркви обврзани се да одат во Цариград за варење на Светото миро (со кое се совршува Светото Крштевање) и од таму го добиваат, со што се доведува во прашање и самата нивна автокефалност, а ние издејствувавме Светото миро да го вариме и во Скопје. Тоа беше петти по ред работен документ меѓу двете делегации, иако прв потпишан, но не требаше да биде и последенНие, како комисија, и самите бевме свесни дека не можевме да го одбраниме тој документ пред Светиот Синод на МПЦ, ниту пак сакавме, бидејќи откако безмалку и без поголеми несогласувања ја утврдивме црковната содржина на работниот документ ние веднаш се разидовме и се судривме со српската комисија кога на ред дојде политичката димензија и содржина на договорот. Ние знаевме дека не можеме да го објасниме неприфаќањето од српска страна на пастирски и црковно издржаниот термин ' самостојност' наместо политички оптоварените термини 'автономија' и 'автокефалија' и знаевме дека не можеме да го објасниме пастирскиот апсурд, односно непостоењето на името 'Македонска Православна Црква' во целиот документ, ниту пак сакавме. Затоа уште на самиот работен состанок во Ниш, а тоа стои негде во записниците, и наши и нивни, јасно им предочивме и ги предупредивме српските делегати дека без терминот 'самостојност' и без името 'Македонска Православна Црква' нема никаков договор со нив ниту ваков договор може да помине кај Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква. Тоа и се случи. Уште на првата седница на нашиот Синод после Ниш работниот документ беше едногласно и без дискусија отфрлен како пастирски недооформен, со надеж на пастирски подобро решение по продолжувањето на разговорите.

Битно е дека со неприфаќањето на нашето уставно име - Македонска Православна Црква - и со неприфаќањето на самостојниот статус во Нишкиот работен документ од страна на СПЦ и после сценариото 'Вранишковски' што тие во очај го организираа, јасно за сите се пројави чисто политичката димензија на проблемот меѓу нашите Цркви.


7. Синодот на МПЦ почна да ги возобновува своите редови, односно со хиротониите на тројцата нови Епископи Црквата му одговори на непријателот дека е животворна, силна и има енергија да ги преброди сите кризи. Колку оваа насока создава можности за стабилизирање на положбата на МПЦ, но и за отворање канал за комуникација со другите Цркви, кои досега од СПЦ слушаа за т. н. разно-разни „црни петна” во нашиот Синод?

Веќе видовме дека проблемите меѓу Црквите се должат на етнофилетизмот и на заробеноста од страстите, која пак ја лоциравме токму кај оние што треба да ја водат паствата. Затоа, неопходно е меѓу нас да се намножи оној ков на пастири коишто од своите духовни почетоци и со севкупниот свој личен развој се вградиле и растеле во пазувите на Црквата, очистени, просветлени и обожувани од Божествената благодат во неа, и кои сходно на својот благодатен духовен раст ќе одговорат на пастирскиот призив и ќе го понесат чинот што му соодветствува.

Значи, ни требаат Пастири кои ќе го возобноват православниот духовен живот и ќе го разгорат огинот на верата, кои во пракса и со личен пример ќе го актуелизираат Светото Предание, кои ќе се грижат за единството и првенството по чест меѓу Црквите, кои ќе го сочуваат достоинството (еклисијалната полнота) на локалната епископална Црква, како и пастирскиот авторитет и кредибилитет на Помесната Црква. Со еден збор, потребни ни се свети луѓе. Појавата на такви Епископи сигурно ќе ги олесни комуникацијата и заедничарењето на Црквите во Христос и ќе придонесе за разрешување на проблемите. Ова важи за сите Цркви, особено за оние чии претензии за власт се протегаат надвор од нивните канонски граници и кои имајќи ја гредата во своето око, се обидуваат да ја извадат раската од окото на своите браќа со крајно несоодветен и груб инструмент, паралелна ерархија.

И уште нешто, никој не е без грев, освен само Господ. Но, одекот и последиците од гревот на некој начин остануваат во рамките на конкретната личност, ако таа паѓа но станува, греши но се кае во Господа. Оној што знае што е покајание, верува и во покајанието на другите и во неговата сила. Оној што не знае што е покајание, не верува ни во покајанието на другите. Само непокајаниот грев е реален потенцијал и основа за уште поголем грев и од тоа треба сите да се чуваме. Затоа се случуваат гревови кои бездруго се прелеваат и ги надминуваат рамките на една личност и предизвикуваат големо зло. Таков е на пример гревот против единството на Црквата и кога некој свесно и намерно прави дела што ги продлабочуваат црковните раздори. За таков грев речено е дека не го мие ни крвта маченичка. А за оние што ќе донесат мир е речено: Блажени се миротворците, зашто тие синови Божји ќе се наречат (Мат. 5, 9). Секој нека си го одбере патот..8. Зошто во работата на Синодот на МПЦ не се вклучени новите Епископи? Знаеме дека канонски ова прашање е дискутабилно, но станува збор за значајни и за историски моменти за нашата Црква и за македонската држава.

Новите Епископи се вклучени во работата на Светиот Синод. Секако, од еклисиолошка гледна точка нивното учество во Синодот е дискутабилно, но од перспектива на проблемите во кои се наоѓаме, како и заради нивниот вовед во работата на Синодот, би рекол дека нивното учество е неопходно. Исто така, нивното учество е неопходно и заради единството на Синодот, бидејќи друго е кога заедно делиме лошо и добро, и друго е кога заеднички го носиме крстот.

9. Во процесот на возобновување на манастирите, односно на монаштвото, и на активниот живот во Црквата под духовно раководство, МПЦ во последно време положи навистина автентични темели, за што вие имате значаен удел. Имаше лоши моменти кога бевте прозивани за одредени состојби во монаштвото. Во овој процес Вие истрајавте, дали во него сè уште наоѓате инспирација?

Како прво, возобновувањето на монаштвото е Божја работа, а не човечка, и многу убав знак за Р. Македонија. Кого, пак, Бог ќе го употреби како инструмент за тоа возобновување, тоа не е важно.

Возобновувањето на монаштвото во смисла на бројност на манастири и луѓе е една работа, а возобновувањето во смисла на квалитет на православниот духовен живот е друга работа. Само второто е вистински неопходно и е главна причина за непрестајна инспирација и за мене самиот и за оние коишто духовно ги раководам.

Целта е умносрдечната молитва. Монахот без таа молитва не е монах. Таквиот монах само по својот надворешен изглед се разликува од лаиците. Немањето на умносрдечна молитва кај монахот е знак дека срцето му е заробено од страстите, особено од страста на високото мислење за самиот себеси, и дека умот му е непросветлен. Едно е интелектуален или опитен ум, а друго 'просветлен'. Без умносрдечна молитва нема просветленост на умот. Монасите без тој дар и може да функционираат додека се во благословот на послушанието на духовен отец, особено на оној кој е носител на дарот на умносрдечната молитва, но не и надвор од тој благослов.

Задача на духовниот отец којшто го има дарот на умносрдечната молитва е да остави свои наследници носители на истиот дар. Тоа секако не зависи само од него туку и од подвигот на учениците и особено од дарот Божји. Ако тоа не го постигне, ништо не направил. После неговата смрт монаштвото што било под негово духовно раководство ќе продолжи да живее по некоја инерција, додека повторно не замре. Манастирите, пак, повторно ќе чекаат да се појави носител на дарот на умносрдечната молитва за да заживеат. Но Господ ќе нè чува од такво зло! Господ ја негува и чува Својата Црква.
 
Член од
22 февруари 2009
Мислења
746
Поени од реакции
35
Нишкиот работен документ е само маска за отпадништвото што потоа се случуваше во МПЦ, а вистинска причина, што е општ впечаток кај сите што го познаваме редоследот на настаните, е дека Вранишковски приклучувањето кон СПЦ го направи со цел да ја сочува својата висока црковна позиција. Показател за тоа е критичното време што го одбра за тој свој потег: приклучувањето го направи во моменти кога внатрешната контрола на Светиот Архиерејски Синод на МПЦ веќе почна да го разоткрива неговото незаконско финансиско работење.

Она што е битно за работниот документ од Ниш е фактот дека каков било конечен договор со СПЦ прифаќа или одбива само САС на МПЦ, исто како што и Соборот на СПЦ ги потврдува или одбива преговарачките достигнувања на својата комисија. Затоа, нашите потписи се ирелевантни во случајов. Инаку, зошто имаше потреба да се свика Соборот на СПЦ за да се изјасни по повод Нишкиот работен документ ако за тоа одлучувавме или бевме овластени ние на ниво на комисии? Или зошто беше потребно да се свика седница на САС на МПЦ за да се изјасни по работниот документ од Ниш? Јасно е дека без согласност на двата Синода и без потписите на двајцата Поглавари никаков договор не може да биде прифатен и валиден и само злонамерно може да се нарече договор. Значи, ниту Патријархот Павле и бившиот Повардарски Митрополит се повикаа на некаков 'Нишки договор' при формирањето на Српскиот егзархат во Македонија, ниту пак Српскиот егзархат спроведува таков договор, ниту пак таков договор постои. Постои нацрт-договор како работна верзија врз која уште треба да се восогласуваат ставовите на двете комисии.

Во Ниш главно потпишавме заради восогласување на еклисиолошките, литургиските и канонските прашања помеѓу нас. На чисто теолошко ниво постигнавме еден договор со СПЦ многу поповолен отколку што на пример Бугарската и Грчката Црква имаат со Цариградската Патријаршија. Тие две Цркви обврзани се да одат во Цариград за варење на Светото миро (со кое се совршува Светото Крштевање) и од таму го добиваат, со што се доведува во прашање и самата нивна автокефалност, а ние издејствувавме Светото миро да го вариме и во Скопје. Тоа беше петти по ред работен документ меѓу двете делегации, иако прв потпишан, но не требаше да биде и последенНие, како комисија, и самите бевме свесни дека не можевме да го одбраниме тој документ пред Светиот Синод на МПЦ, ниту пак сакавме, бидејќи откако безмалку и без поголеми несогласувања ја утврдивме црковната содржина на работниот документ ние веднаш се разидовме и се судривме со српската комисија кога на ред дојде политичката димензија и содржина на договорот. Ние знаевме дека не можеме да го објасниме неприфаќањето од српска страна на пастирски и црковно издржаниот термин ' самостојност' наместо политички оптоварените термини 'автономија' и 'автокефалија' и знаевме дека не можеме да го објасниме пастирскиот апсурд, односно непостоењето на името 'Македонска Православна Црква' во целиот документ, ниту пак сакавме. Затоа уште на самиот работен состанок во Ниш, а тоа стои негде во записниците, и наши и нивни, јасно им предочивме и ги предупредивме српските делегати дека без терминот 'самостојност' и без името 'Македонска Православна Црква' нема никаков договор со нив ниту ваков договор може да помине кај Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква. Тоа и се случи. Уште на првата седница на нашиот Синод после Ниш работниот документ беше едногласно и без дискусија отфрлен како пастирски недооформен, со надеж на пастирски подобро решение по продолжувањето на разговорите.

Битно е дека со неприфаќањето на нашето уставно име - Македонска Православна Црква - и со неприфаќањето на самостојниот статус во Нишкиот работен документ од страна на СПЦ и после сценариото 'Вранишковски' што тие во очај го организираа, јасно за сите се пројави чисто политичката димензија на проблемот меѓу нашите Цркви.


7. Синодот на МПЦ почна да ги возобновува своите редови, односно со хиротониите на тројцата нови Епископи Црквата му одговори на непријателот дека е животворна, силна и има енергија да ги преброди сите кризи. Колку оваа насока создава можности за стабилизирање на положбата на МПЦ, но и за отворање канал за комуникација со другите Цркви, кои досега од СПЦ слушаа за т. н. разно-разни „црни петна” во нашиот Синод?

Веќе видовме дека проблемите меѓу Црквите се должат на етнофилетизмот и на заробеноста од страстите, која пак ја лоциравме токму кај оние што треба да ја водат паствата. Затоа, неопходно е меѓу нас да се намножи оној ков на пастири коишто од своите духовни почетоци и со севкупниот свој личен развој се вградиле и растеле во пазувите на Црквата, очистени, просветлени и обожувани од Божествената благодат во неа, и кои сходно на својот благодатен духовен раст ќе одговорат на пастирскиот призив и ќе го понесат чинот што му соодветствува.

Значи, ни требаат Пастири кои ќе го возобноват православниот духовен живот и ќе го разгорат огинот на верата, кои во пракса и со личен пример ќе го актуелизираат Светото Предание, кои ќе се грижат за единството и првенството по чест меѓу Црквите, кои ќе го сочуваат достоинството (еклисијалната полнота) на локалната епископална Црква, како и пастирскиот авторитет и кредибилитет на Помесната Црква. Со еден збор, потребни ни се свети луѓе. Појавата на такви Епископи сигурно ќе ги олесни комуникацијата и заедничарењето на Црквите во Христос и ќе придонесе за разрешување на проблемите. Ова важи за сите Цркви, особено за оние чии претензии за власт се протегаат надвор од нивните канонски граници и кои имајќи ја гредата во своето око, се обидуваат да ја извадат раската од окото на своите браќа со крајно несоодветен и груб инструмент, паралелна ерархија.

И уште нешто, никој не е без грев, освен само Господ. Но, одекот и последиците од гревот на некој начин остануваат во рамките на конкретната личност, ако таа паѓа но станува, греши но се кае во Господа. Оној што знае што е покајание, верува и во покајанието на другите и во неговата сила. Оној што не знае што е покајание, не верува ни во покајанието на другите. Само непокајаниот грев е реален потенцијал и основа за уште поголем грев и од тоа треба сите да се чуваме. Затоа се случуваат гревови кои бездруго се прелеваат и ги надминуваат рамките на една личност и предизвикуваат големо зло. Таков е на пример гревот против единството на Црквата и кога некој свесно и намерно прави дела што ги продлабочуваат црковните раздори. За таков грев речено е дека не го мие ни крвта маченичка. А за оние што ќе донесат мир е речено: Блажени се миротворците, зашто тие синови Божји ќе се наречат (Мат. 5, 9). Секој нека си го одбере патот..8. Зошто во работата на Синодот на МПЦ не се вклучени новите Епископи? Знаеме дека канонски ова прашање е дискутабилно, но станува збор за значајни и за историски моменти за нашата Црква и за македонската држава.

Новите Епископи се вклучени во работата на Светиот Синод. Секако, од еклисиолошка гледна точка нивното учество во Синодот е дискутабилно, но од перспектива на проблемите во кои се наоѓаме, како и заради нивниот вовед во работата на Синодот, би рекол дека нивното учество е неопходно. Исто така, нивното учество е неопходно и заради единството на Синодот, бидејќи друго е кога заедно делиме лошо и добро, и друго е кога заеднички го носиме крстот.

9. Во процесот на возобновување на манастирите, односно на монаштвото, и на активниот живот во Црквата под духовно раководство, МПЦ во последно време положи навистина автентични темели, за што вие имате значаен удел. Имаше лоши моменти кога бевте прозивани за одредени состојби во монаштвото. Во овој процес Вие истрајавте, дали во него сè уште наоѓате инспирација?

Како прво, возобновувањето на монаштвото е Божја работа, а не човечка, и многу убав знак за Р. Македонија. Кого, пак, Бог ќе го употреби како инструмент за тоа возобновување, тоа не е важно.

Возобновувањето на монаштвото во смисла на бројност на манастири и луѓе е една работа, а возобновувањето во смисла на квалитет на православниот духовен живот е друга работа. Само второто е вистински неопходно и е главна причина за непрестајна инспирација и за мене самиот и за оние коишто духовно ги раководам.

Целта е умносрдечната молитва. Монахот без таа молитва не е монах. Таквиот монах само по својот надворешен изглед се разликува од лаиците. Немањето на умносрдечна молитва кај монахот е знак дека срцето му е заробено од страстите, особено од страста на високото мислење за самиот себеси, и дека умот му е непросветлен. Едно е интелектуален или опитен ум, а друго 'просветлен'. Без умносрдечна молитва нема просветленост на умот. Монасите без тој дар и може да функционираат додека се во благословот на послушанието на духовен отец, особено на оној кој е носител на дарот на умносрдечната молитва, но не и надвор од тој благослов.

Задача на духовниот отец којшто го има дарот на умносрдечната молитва е да остави свои наследници носители на истиот дар. Тоа секако не зависи само од него туку и од подвигот на учениците и особено од дарот Божји. Ако тоа не го постигне, ништо не направил. После неговата смрт монаштвото што било под негово духовно раководство ќе продолжи да живее по некоја инерција, додека повторно не замре. Манастирите, пак, повторно ќе чекаат да се појави носител на дарот на умносрдечната молитва за да заживеат. Но Господ ќе нè чува од такво зло! Господ ја негува и чува Својата Црква.

Денес, со Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква претседава Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан. Останатите членови на Синодот се:

Митрополит Полошко-кумановски г. Кирил

Митрополит Преспанско-пелагониски
и Aдминистратор Австралиско-новозеландски г. Петар

Митрополит Дебарско-кичевски и Плаошки г. Тимотеј

Митрополит Струмички г. Наум

Митрополит Повардарски г. Агатангел

Митрополит Американско-канадски г. Методиј (хиротонија: 21. 06. 2005)

Митрополит Европски г. Пимен (хиротонија: 2. 10. 2005)

Митрополит Брегалнички г. Иларион (хиротонија: 13. 07. 2006)

Викарен Епископ Хераклејски г. Климент (хиротонија: 12. 07. 2005)

Митрополит г. Горазд, поранешен Митрополит на Европската епархија



ЕПАРХИИ на МПЦ на територијата на Р. Македонија и во дијаспората:


1. Скопска епархија, возглавена од Неговото Блаженство, архиепископот г. г. Стефан;

2. Полошко-кумановска епархија, возглавена од Високопреосветениот Митрополит г. Кирил;

3. Дебарско-кичевска епархија, возглавена од Високопреосветениот Митрополит г. Тимотеј;

4. Преспанско-пелагониска епархија, возглавена од Високопреосветениот Митрополит г. Петар;

5. Струмичка епархија, возглавена од Високопреосветениот Митрополит г. Наум;

6. Повардарска епархија, возглавена од Високопреосветениот Митрополит г. Агатангел;

7. Брегалничка епархија, возглавена од Високопреосветениот Митрополит г. Иларион;

8. Американско-канадска епархија, возглавена од Високопреосветениот Митрополит г. Методиј;

9. Европска епархија, возглавена од Високопреосветениот Митрополит г. Пимен;

10. Австралиско-новозеландска епархија, чиј администратор е Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар



Со 13-те епархии на МПЦ управуваат десет Епископи на кои моментално им помагаат околу 600 активни свештеници во околу 500 парохии со повеќе од 2000 цркви и манастири. Надвор од границите на Р. Македонија МПЦ пастирски дејствува во 6 епархии во дијаспората. Во околу дваесетина живи манастири под јурисдикција на МПЦ над 100 монаси и монахињи во молитва и монашки подвиг го чуваат живото светоотечко Предание.

Продолжувајќи ја просветителската мисија на Охридската Свети Климентова школа, согласно современите текови на теолошките науки, во апостолски дух, средното богословско училиште „Св. Климент Охридски“ и богословскиот факултет „Св. Климент Охридски“ во рамките на Македонската Православна Црква, секоја година обучуваат млади теолози, учители по веронаука и свештеници.
 
Член од
20 декември 2008
Мислења
1.193
Поени од реакции
75
Во втората половина на X век, во рамките на Самуиловата држава е организирана Охридската автокефална Архиепископија, врз темели на Јустинијана Прима, во достоинство на патријаршија.
Дали постои бар еден доказ за таквото тврдење?
Само еден, те молам да посочиш.
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.266
Дали постои бар еден доказ за таквото тврдење?
Само еден, те молам да посочиш.
Кога другите ни ја пишуваат историјата (вклучително и Црковната) врз украдени и фалсификувани артефакти тогаш тоа е в ред и тоа е апсолутно точна историја (иако Македонската Историја пишувана од различни македонски соседи е дијаметрално различна).
Кога тоа го прават самите Македонци за својата историја, објективно, тогаш тоа не е точна историја, ни се бараат докази и сл. А доказите се скриени кај нашите врли соседи...
Кој ти дава за право да ги негираш нашите мислења за нашата историја?
 
Член од
20 декември 2008
Мислења
1.193
Поени од реакции
75
ма немој а фактите за вас се фалсификат многу сте јаки во негирањето.
:pos2::pos2::pos2:
Za nas faktot si e fakt. Dali ke kazes barem eden fakt za koj nie da tvrdime deka ne e fakt?

Predhodno te prasav za Justinijana Prima zosto vo vremeto na Samuil nikoj ne se pozival na Justinijana, nitu toa go pravele po vremeto na Vasilij Makedon. Titulata Arhiepiskop na Justinijana Prima i cela Bugarija e od mnogu podocna. Koga romeite pronasle vo arhivite deka nekogas imalo takva crkva togas dodale vo titulata i Justinijana Prima. Do togas si bila crkva na cela Bugarija, a spored novelite na Vasilij taa poteknuva od crkvata na car Petar.
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Што е Јустинијана Прима ?
Стремеж.
А каков стремеж.
Е за тоа мора да се запознаеш со животот и делото на “варварот“ Управда-Јустинијан, на кој многу му се љутеле Рим и Атина, зошто го фаворизирал неговиот народ и неговата земја а нив ги ставил во втор план.

Без континуитет немаш просветители, учители, импеаратори, законици, вера, традиции.
Ако некаде од небо паднало нешто, кажете ми го местото, мене ми треба во овој момент баш тоа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom