Каде бил Исус по „смртта, а пред да воскресне“?

  • Креатор на темата Креатор на темата Omer el Faruk
  • Време на започнување Време на започнување
И шо ако дознаеш каде бил? Веднаш после смртта отишол во Рајот (според ветувањето што му го даде на разбојникот).

Во адот (шеолот) имало два дела: Рајот и Пеколот. По смртта на Исус, тоа можеби се променило.

It was probably the "subterranean abode of all the dead until the judgment. It was divided into two departments, paradise or Abraham's bosom for the good, and Gehenna or hell for the bad." In particular, in the account of Lazarus and the Rich man of (Luke 16:19-31), it is the place of the conscious dead who are wicked.

Јасна ли ти е разликата?



Откако Исус умрел, веројатно отишол до Авраамовото крило, во рајот, и им се објавил на праведниците.

1. Probably?
2. Maybe?
3. Perhaps?

Синатра, а што се сигурно од ова кое го пишуваш, оти гледам дека премногу нагаѓаш? И што вера ќе беше таа која се заснова на нагаѓања? Некоја „...нагаѓачка...„ вера?
 
За еден збор бе се фати. Иди бегај. Па не вреди човек да ти објаснува. Јас пишувам или канта тропа а? Мисли шо сакаш.
 
Благодарам за Вашиот исцрпен одговор...
 
Значи пророците пред Исуса, иако испратени од Бога ја оплескале и сите завршиле во Пеколот? :)


Wrong.

Пророците, пред да дојде Спасителот на земјата, не ја „оплескале“ туку, напротив, живееле праведен - покајнички живот, а во Адот се нашле заради Првородниот грев на нашите прародители, затоа што уште не беше дошол ОНОЈ што требаше да ги избави од проклетството, гревот и смртта што го „спечалија“ Адам и Ева. Затоа Спасителот Господ Исус Христос во таа сабота слегол во Адот да ги подигне (извлече) Адама и праведниците.

p.s. До сега, братот во Христа Господа - МИКИ1, најдобро го претставува учењето на Црквата Христова на земјата.
 
Вероватно затоа што се поклопува со твоето православно верување. Тоа ќе да е. :toe:
 
p.s. До сега, братот во Христа Господа - МИКИ1, најдобро го претставува учењето на Црквата Христова на земјата.


Убаво си кажа чоекот: на црквата. Не е Христовото учење, туку црковното. :kez: Бравоссс!!! Типично православно.
 
Бидејќи Христос е глава на Црквата, а Црквата е тело Христово, а секој член во Црквата е орган Исусов, нормално дека Црквата се придржува до Христовото учење...Така, она кое Црквата го учи, тоа е воедно и Исусово учење. Црквата не тврди ништо спротивно од Самиот Христос.
 
Шо збориш бе? :jaj:

Поима немав дека иконите, светците, традициите, преданијата, свеќите,... се Христово учење? Ау да бе, во евангелието по Итар Пејо така пишува нели?
 
Се повеќе ми се допаѓа твојот речник...

А и ова со иконите, свеќите, преданијата, од каде ли ми е веќе познато? :raz:

П.С. И ти ли со од оние, кои хибернираа едно....











...19 векови, па откако се разбудија, дојдоа до „мудар„ заклучок дека токму тие се „најточни„ толкувачи на Писмото и најточно се придржуваат кон одредбите од Писмото?
 
Не бе што ти е?

Јас еден од оние со реформаторски дух, кои сфатија кое е изворното христијанство и му се вратија.

И со кое лице ми кажуваш дека се држиш до Христовото учење, кога се држиш и до традицијата, адетите и останатите тралалајки кои не постоеле во првиот век. Нели тие се развивале низ вековите? Од кај па сега Христови и апостолски испаднаа?
 
Браво, браво...

Значи, 19 векови беа потребни за да сфатиш кое било изворното рисјатво, а во меѓувреме, православната Црква живееше и делуваше за време на таа хибернација.

Одлично.

Како си ги почнал своите постови, а со оглед на моето досегашно учество на форумов, не ми е проблем да претпоставам што се ќе напишеш во догледна иднина. Дури би можел и да пишувам постови наместо тебе, до таа мера сте ми препознатливи и ппредвидливи, Вие, реформирните „на папир„, но не и реформираните во духот и во умот, разбираш...
 
Не сум толку стар. Шо ме напраи ти, Дракула? Ни тој не живеел 20 и кусур века.

Колку ги извртувате работите... просто на човек не му се верува! Кое дејствување? Како и денес? Само да гради цркви и да се меша у политиката? Да, имаш право, тоа ние не го правевме.

Изворното рисјанство беше извалкано од црквата низ вековите. Не ми се праи некој светец, кога вие до 11 век не ни постоевте како црква. Ние барем сме реални. Да, во одредена точка од историјата чашата се прелеа и луѓето сфатија што Бог уствари бара од нив. А тоа ни случајно не е денес практика на тие како тебе.

Ти случајно да не се сметаш за реформиран?

Не си ласкај брат.:tapp:
 
И после теоријата на еволуцијата била конфузна контрадикторна и недоречен :tv:
 
Не сум толку стар. Шо ме напраи ти, Дракула? Ни тој не живеел 20 и кусур века.

Колку ги извртувате работите... просто на човек не му се верува! Кое дејствување? Како и денес? Само да гради цркви и да се меша у политиката? Да, имаш право, тоа ние не го правевме.

Изворното рисјанство беше извалкано од црквата низ вековите. Не ми се праи некој светец, кога вие до 11 век не ни постоевте како црква. Ние барем сме реални. Да, во одредена точка од историјата чашата се прелеа и луѓето сфатија што Бог уствари бара од нив. А тоа ни случајно не е денес практика на тие како тебе.

Ти случајно да не се сметаш за реформиран?

Не си ласкај брат.:tapp:

Нема потреба да се сметам за реформиран, оти такво нешто никаде немам напишано. Сосема е доволна твојата реформираност.

И не си ласкам. Мојата вероисповест не допушта (само)ласкање.

А тоа дека изворното христијнаство било извалкано во текот на вековите (од православните, нормално!) тоа е „теза„ која не памтам колку пати ја прочитав на форумов.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom