Еве една убава вест:
Делегација од македонскиот град Прилеп е во посета на Русе.
Во составот на делегацијата се градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески, Ане Лашкоска - шеф на кабинетот на градоначалникот, Снежана Ристеска - советник за култура и Гоце Мачево - советник на градоначалникот. Денес изутрина македонските гости ќе се сретнат со градоначалникот на општината Божидар Јотов. Меѓу темите на разговор меѓу двајцата градоначалници ќе бидат идно воспоставување и развој на соработка помеѓу Русе и Прилеп, во областа на културата и спортот, а исто подготовка и реализација на заеднички проекти. За време на посетата, која ќе трае до 16.10.2009 година, гостите ќе се запознаат со историскиот, културниот и економски развој на Русе.