Не сакаме ние, така не дефинираат. Поточно, така не дефинирале, ни го сместиле тоа во главите (добро обмислено) за остварување свои интереси.
Тирминот „словени“, според мене, е многу лош и треба да се исфрли од главите на сите македонци што е можно поскоро.
Не мислам дека е самиот збор лош, ништо не му фали на зборот, туку тоа што тој термин денеска претставува во науката и како е општо прифатен.
Кога ќе му кажеш на било кој жител на планетава (збориме за тие што барем малку се интересираат) дека си „словен“ и живееш на балканот, тој веднаш има претстава дека потекнуваш од некои диви, нецивилизирани племиња кои дошле во 6-7-ми век. И тоа не може, или многу тешко може да се измени. Колку сакаш после објаснувај дека ти си всушност македонец, дека тоа „словен“ за тебе преставува милениумска цивилизација и култура која потекнува од ваму или таму. Ти ќе си останеш „припадник на дивото племе кој се појави полу гол, со еден стап како оружје во рака, во 6-7-ми век“
Ние можеме да извадиме милион докази дека не е така, ама доколку се држиме до терминот словен, ќе остане така. Затоа што „научната“ рамка е создадена, а знаејќи ја конзервативноста на денешната наука, рамката не може туку-така да се отфрли. Ќе треба да се запалат стотици илјади дипломи, магистериуми и докторати. Тоа не оди така лесно.
Затоа, ние сме МАКЕДОНЦИ и тоа треба да ни влезе во глава на сите до еден, а како знаеме и умеме да направиме да „излезат“ словените од главите на сите македонци. Затоа што ние немаме ама баш никаква културна, етнолошка, историска врска со некакви руси на Урал или некакви си пољаци на балтичкиот брег.
Јазикот! Јазикот е друга, посебна приказна.
Еве еден, да го наречеме, доказ дека „словените“ мораме да ги избиеме од од главите на македонците, дека во спротивно секогаш ќе ни ги „разбиваат“ од глава тие што сакаат да не нема:
Глигоров за грчка „Прото тема“: Ние сме Словени
„Ние сме Словени дојдени во шести век и немаме никаква врска со александровата цивилизација“.
http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=54725
Секогаш ќе имаме вакви излапени, сенилни „авторитети“ кои ќе ни ги вадат пред нос.