Ценовник за веб услуги

  • Креатор на темата Креатор на темата Македон91
  • Време на започнување Време на започнување
Друже, марнет регистрираат домени еднаш или двапати неделно, сакал неќел тоа е така, а поддржка имаат нон стоп.
Бар јас пред некој ден сетирав кај мене DNS сервери, не ми беше јасна една ствар од нивниот формулар, им пишав меил и за неполни 2-3 часа добив целосен детален одговор :toe:

Е сега кога си кај клиентите, ќе им кажеш дека марнет се тие кои регистрираат домен, ако сакаат побрзо да им биде регистриран доменот нека се расправаат со марнет, а не со тебе. :)

Така е но, така започнав, договорите ми се пополнети така, заверени се кај правник за да бидат полноправни и тоа е сеа. Искрено, ги убедувам во голема мера да прифатат само .com домаин, во повеќето случаи успевам. :) но кога некој ќе запне, глава ме стегнува секундарно.
 
Кај и да е и МАРНЕТ ќе попуштат па ќе го следат трендот со онлајн регистрација. Мислам дека сме единствени во светов кои регистрраат домени по влекачка пошта
 
Aј кажи ми како успеваш да закупиш .мк домаин за 2-3 дена? Врски ли имаш? Дај помогни бе брат кажи ми ја врската, ме тормозат по 20 дена минимумж и тоа не само мене, со сите кои не ги познаваат така е. Ќе бидеш награден ако ми помогнеш. Фала однапред.
Па зарем врски требаат? Нашиот gsm.mk домен кога го регистриравме, утредента штом го добија барањето проработе. Првпат имав лично искуство со марнет, и бев пријатно изненаден. А насекаде само плукање по нив читам.
 
Aлал да ти е. Јас сум закупувал минимум 10 донеми и најбрзо што ми завршиле работа е 15 дена.
 
Aлал да ти е. Јас сум закупувал минимум 10 донеми и најбрзо што ми завршиле работа е 15 дена.
Па знам пред 2-3 години кога побарав за една фирма да ги сменат Nameserver-ите, нормално не јас, него газдата лично се јави, побараа еден куп формулари, па тие формулари со печати и потписи лично да бидат однесени таму... па кога се тоа се заврши, чекавме 15 дена додека ги променат. Првата недела си седевме и чекавме, веќе од 9тиот ден почнавме да досаѓаме на телефон секој ден, за 13тиот да отиде газдата лично да се испокара, и 2 дена после тоа проработе кај сите:) КАТАСТРОФА
 
читав од првата страна ценовникот
и реално мислам дека е доста скап (за хтмл зборам)

а за јомлата мислам дека е на место цената :smir:
 
читав од првата страна ценовникот
и реално мислам дека е доста скап (за хтмл зборам)

а за јомлата мислам дека е на место цената :smir:
Ти друже можеш да мислиш дека не е реален али не е реален бидејќи е многу евтин претерано ефтин сите сакаат за беспари нема помина тоа време во кафич седни вода беспари не ти даваат хаха Иначе стварно е срамота за државава наша ова со регистрација на домеин значи каде нема пари,работа и сл немаш услови ни да работиш па кога ке ти се погоди некој клиент ај прост али и лош налоша комбинација чао пријатно
Луѓе дизајнот си е ваш и самите имате право да си го оцените колку ке вреди неможе никој да каже дека нешто не е реално кога незнае :nesum:
 
Ова е упатено до deXterche гледам темава каде кажуваш дека продавш домеини инфо па ме интересира дали продаваш .com колку пари ако продваш и колку време чекање за да го поствам и сл поззз :nesum:
 
Ај ќе ве молам за една информација. Може ли некој да ми каже од прилика колку изнесува долната и горната граница на цената за производство и одржување на една веб страна годишно во Македонија, Европа (Германија, Франција или Британија) и во САД ? Конкретно, ме интересира за професионално изработена страна од претпријатие што се занимава со веб дизајн... Благодарам од напред.
 
Во Македонија јас лично не работам под 200 евра за статична веб страна, значи никакво страниче со 5 страни, без датабази,без ништо. Гледам некои работат и за смешни цени од 6,000 денари, НО јас имам регистрирано фирма, работам со договори и со гаранција.
Во Европа во развиените земји испод 700-800 евра нема шанси да најдеш некој кој ќе се нафати да ти направи стати4е или банален html. Во САД тука некаде, малце поефтино затоа што има премногу емигранити кои работат на црно и како и кај нас го уништуваат пазарот. Кога работам со клиент од ЕУ/САД цените ги покачувам на 350 до 450 за основниот пакет, што и мене ми е топ и нив им се исплаќа и те како.
 
Хитман преку посредник ги наоѓаш тезгите или сам ги договараш?
 
Така, а горната граница до каде би се движела ? Да речеме, ако се работи за динамичка страна, точно не можам да објаснам, но генерално ако би наликувала на facebook ?
 
Така, а горната граница до каде би се движела ? Да речеме, ако се работи за динамичка страна, точно не можам да објаснам, но генерално ако би наликувала на facebook ?

На facebooк? :) Хаха, како прво без добар аванс во вредност од минумум 2000 евра не би се нафатил за таков обемен проект. Да се разбереме, за таква страна никој нема да ти одбере готов темплејт од тебе направен претходно туку ќе ти бара оригиналност. Значи тука спаѓа сртање на темплејтот со сите тракатанци, програмирање, дата бази какви што не си видел... па потоа сопствени сервери (недозволиво е да хостираш таква страна на купен хостинг) па заштитни апликации за серверите кои ти мора да ги направиш, бла бла бла и уште што не. За таков потфат кој би ми одзел минимум 6 месеци деноноќна работа (зборам минимум со сите тестирање неопходни) не би се нафатил за помалце од 10,000 евра. Но таков сум јас, немора да значи дека сите се како мене. Тоа е индивидуално, и зависи кој колку си ја цени работата, трудот и знаењето. А јас си ги ценам затоа што кај мене се е како што треба.
 
Океј де, не ни барам од тебе да се нафаќаш за помалку... и нормално дека пре би му платил некому повеќе со тоа што ќе бидам сигурно дека ќе го изработи тоа како што треба, отколку на некој помалку, а да не бидам задоволен.

Е сега, уште едно прашање, ако не ти здосадив :)
Колку би ме чинело, да речеме да направиме концепт, некаков дизајн на страна слична на фејсбук... со тоа што би ти кажал каква функционалност сакам да има страната, кои компоненти да ги содржи, а ти или било кој да ми направи едно идејно решение за тоа како би било најдобро да се изведе и согласно на тоа да направи еден почетен дизајн на којшто понатаму ќе може да се работи. Едноставно кажано, почетна точка, основа, но доволно добро и концизно направена за да може некој потенцијален инвеститор да ја разбере суштината на идејата ?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom