Не е баш семоќен
После шестиот ден од творење бог седнал да отпочине
значи се уморил, се исцрпил., и тој има свои граници и нему му е потребен одмор да обнови сили.
Тоа „значи“ го велиш ти, но не и Библијата. Библијата никаде не вели дека Бог се уморил, ниту пак дека се уморува, ниту пак дека ќе се умори.
"Зар не знаеш? Зар не си чул? Господ е вечен Бог, Творец на земните краишта. Тој не се заморува, не постанува, и Неговиот ум е неизмерлив."
(
Исаија 40:28)
Да бидеш семоќен не значи и непрестано да работиш. Глупаво би било Семоќниот да нема моќ да престане со работата и да поужива во делата свои. Едноставно таквиот не би бил семоќен, туку роб на работата. Семоќниот има моќ да работи, но има моќ и да си одмори кога ќе посака.
Затоа што еврејската тора не е прифатена и признаена од црквата како рамен и еднаков на христијанскиот стар завет.
Прво, не знам за која точно „црква“ збориш, ама скоро сите христијански деноминации ја признаваат еврејската тора.
Второ, Тората не може да биде еднаква на стариот завет, затоа што таа е дел од него. (5 книги од вкупно 39)
Христијанскиот Стар завет и еврејската Тора се разликуваат.
Како што кажав Тората не е стариот завет, ниту пак христијаните го тврдат тоа, туку таа е дел од Стариот Завет. Тора се првите 5 книги во Стариот Завет (Битие, Излез, Левит, Броеви и Второзаконие).
Веројатно мислеше на Танакот
= Тора (првите 5 кнгии од стариот завет)
+ Невим (пророците)
+ Кетувим (останатиот дел од стариот завет).
Еврејскиот Танак и христијанскиот стар завет се исти.
Септуагинта која за христијаните е важечка, евреите не ја признаваат.
Септуагината не е важечка за христијаните, туку за православните
Христијаните не ги признаваат дефтероканонските книги кои се додадени во сеуптуагинтата.
Прва канонизирана официјализирана Библија е вулгата.
Официјална за Католичката црква, но не и за Христовата Црква.