SkyDriver
Would like my bananna ?
- Член од
- 31 јули 2008
- Мислења
- 2.140
- Поени од реакции
- 221
Python
Python (се чита Пајтон) претставува динамички програмски јазик развиен од Guido van Rossum во раните 90ти години. Јазикот денес се применува насекаде за скрипти, па се до апликации за извршување поголеми операции. Неговата едноставност лежи во тоа што јазикот е динамички, програмерот не е толку ограничен во пишувањето на кодот и не мора да се држи до строги правила како што е случај со другите статички испишани програмски јазици. Пример, за да се користи променлива во програмските јазици C/C++ потребно е да се наведе од кој тип е таа променлива. Во Python динамичноста дозволува интерпретерот да открие каква вредност се крие зад таа променлива. Повеќе околу ова може да прочитате овде. Покрај тие поедноставувања Python има уште редица други кои на програмерот му овозможуваат побрзо работење и завршување на некои задачи и заштеда на време.
Извадок од Python - Wiki за слободен софтвер на македонски.
- - - - - - - - -
Официјална страна на Python.
Download Python.
- - - - - - - - -
Како се извршува Python програма (Пример со "Hello World" ) ?
Значи најпрвин го стартуваме Python Shell-от, потоа отвараме нов прозор (File > New Window) каде што ќе го пишуваме кодот и потоа во работната површина на тој прозор ќе го запишеме кодот, во случајов кодот за Hello World изгледа вака:
Објаснување за кодот:
Во првиот ред го дефинираме името на програмата (со тоа име ќе ја повикаме програмата во Python Shell-от).
Во вториот ред и даваме наредба на програмата на екран да ни испише "Hello Python World!" (без наводниците).
Потоа, за да ја извршиме програмата одбираме Run > Run Module или пак притискаме на F5.
Следно, пред да ни се отвори Python Shell-от треба да го зачуваме проектот (зачувајте го било каде) и во работна површина на Python Shell-от ќе го повикаме претходно напишаниот програм... Значи ќе внесеме:
...и на екран треба да ни биде испишано Hello Python World!
И да се извинам за користењето на „нестручни“ изрази, сеуште сум почетник во Python, ама мислам дека тоа не менува многу.
Еве и неколку основни примери за тоа како изгледа Python кодот:
if и else:
Ако:
Влез = 44.
Излез = Бројот е парен.
Влез = 53.
Излез = Бројот е непарен.
for циклус:
Ако:
Влез = 6.
Излез =
1
2
3
4
5
6
For ciklusot e zavrshen.
- - - - - - - - - - -
Па... кој што има да додаде нешто повеќе за Puthon, да праша нешто или било што... нека повели

Код:
def HelloWorld():
print: 'Hello Pyhon World!';
Во првиот ред го дефинираме името на програмата (со тоа име ќе ја повикаме програмата во Python Shell-от).
Во вториот ред и даваме наредба на програмата на екран да ни испише "Hello Python World!" (без наводниците).
Потоа, за да ја извршиме програмата одбираме Run > Run Module или пак притискаме на F5.
Следно, пред да ни се отвори Python Shell-от треба да го зачуваме проектот (зачувајте го било каде) и во работна површина на Python Shell-от ќе го повикаме претходно напишаниот програм... Значи ќе внесеме:
Код:
HelloWorld()
И да се извинам за користењето на „нестручни“ изрази, сеуште сум почетник во Python, ама мислам дека тоа не менува многу.
Еве и неколку основни примери за тоа како изгледа Python кодот:
if и else:
Код:
def parNepar():
broj = input('Vnesete eden broj: ');
if broj%2 == 0:
print 'Brojot e paren!';
else:
print 'Brojot ne e paren!';
Влез = 44.
Излез = Бројот е парен.
Влез = 53.
Излез = Бројот е непарен.
for циклус:
Код:
def forCiklus():
br = input('Vnesete nekoj broj od 0 do 100: ');
i = 1;
for i in range(i, br):
print i;
else:
print 'For ciklusot e zavrshen.';