H
HITCH
Гостин
:pos2::pos2::pos2::pos2::pos2: колку само ми ги зедоа зборовите од уста
:back:
Појаснување до сите оние кои не ме сфатија добро.
Поентата на на ова видео не е како е ова видео направено, туку е нешто сосема друго.
Што сакав да кажам со постот? НЕ Е ВАЖНО ШТО КАЖАЛ ТАЧИ И ДАЛИ ВИДЕОТО Е СКРАТЕНО, ВАЖНО Е ШТО ВО АЛБАНИЈА ИМА ПАМЕТНИ ЛУЃЕ!!!!! Важно е она што го кажаа писателите! Помалки важен но не е неважен Тачи во целата приказна. Поентата која ја имаа оние луѓе беше дека Албанците во Македонија мора да се променат!
Муабетот е дека Македонските Албанци се ставаат себе си цело време во преден план не обрнувајќи внимание на другите (мислам на Македонци, Турци, Власи, Евреи, Срби, Хрвати некого заборавам сори не е намерно) цело време е јас, јас, јас. Знаете, преку глава ми е од се! Не, јас не сум националист! Не, јас не ве мразам, НО за промена ќе мора да покажете малку конструктивност и еднаш да речете ЈАС СУМ ГРАЃАНИН НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, ЈАС СУМ МАКЕДОНСКИ АЛБАНЕЦ!!!!! Оние кои се маргинализирани цело време се Македонците. За да има мир во куќа цело време некој трпи (не е виновен народот за тоа, биновни се оние кои не дерат и си седат во удобни фотелји).
Убаво кажа господинот Вело вие применувате многу радикални работи! Не се сите луѓе исти! Секаде има и вакви и такви, но цело време да обвинувате и да уценувате некого не мислите дека е премногу? Некако ние Македонците ви станавме дежурен виновник, што не функционира е заради нас, ние ве опструираме и решен проблем.
Но не е така! Не е толку лесно а и проблемот не е решен!
Емисијата не ја гледав цела, а и да ја гледав без превод нема фајде. Овој дел беше преведен. Јас лично многу се согласувам со она што го кажаа луѓето на телевизија ЈАВНО! Она што јас како Македонка не смеам да ви го кажам затоа што ќе испаднам ваква онаква, друго е кога некој кој е од иста националност ќе го каже тоа. Не за друго туку многу полесно е :pos2::pos2::pos2: Интересно е како одма има реакции од типот монтирано е бидејќи не го видовме одговорот на Тачи. Не видов некој (од македонските албанци) да каже дека не се ок луѓево и дека не требаше вака јавно да истапат и да кажат што имаат да кажат. На форумов има Македонски Албанци и искрено се надевав дека сепак ќе кажат во Македонија не е така и дека луѓево имаат погрешна слика за Македонските Албанци и дека ќе образложат каде грешат луѓево. Човекот сакаше да ви каже дека само со книга се успева, но тој дел не сте го разбрале или не сте го чуле сеедно. За минарињата беа во право, за радикализирање на верата беа во право, за маргинализирање на жените беа во право, за сонот за голема Албанија беа во право, за се што кажаа беа во право.
Сега најново има Албански енциклопедиски речник и имаше шанса да ни се покаже на нас Македонците како се пишува книга која е платена од парите на народот. Фала многу, видовме дека и вашата е иста ко нашата. Имате академици кои ве прават нешто што не сте, исто како и кај нас. Имав неколку прашања ама ако почнам сето ова ќе отиде во друга насока и ќе се изгуби темата, затоа ќе си ги зачувам за себе.
НА КРАЈ ЌЕ ГО ПОЗДРАВАМ ВОДИТЕЛОТ КОЈ ИМАШЕ ПРЕКРАСЕН ВОВЕД КОЈ ГО РАЗБРА ГО РАЗБРА!!!! ЕМИСИЈАВА БЕШЕ ТОП!!! БРАВО ОД МЕНЕ!!!
П.С. доста со обвинувања на етничка основа да не почнам јас да се жалам! престанете да плачете и фатете се за работа за да можеме поубаво да живееме сите!