- Член од
- 22 февруари 2009
- Мислења
- 746
- Поени од реакции
- 35

Лоза е весник на македонската емиграција во Бугарија, што се појавил во 1892 година во Софија како орган на Младата македонска книжевна дружина
Списанието „Лоза“ се појавува откако во Солун пропаднал уште еден обид на Македонците за создавање на свој културен центар. Дел од соработниците на солунското списание „Книжици за прочит“ се преориентирале во кругот на „Лоза“. Меѓу нив се: Ѓорче Петров, Антон Поп Стоилов, Евтим Спространов и други. Меѓу соработниците на „Лоза“ се и: Коста Шахов, Ѓорѓи Баласчев Езерски, Петар Поп Арсов и други.
Уште во првиот број на „Лоза“, преку воведната статија е објавена програмата на Лозарите. Мотото на Софокле е ставено во почетокот на воведникот, и гласи:
„Ништожник е оној кој има подобар пријател од својата татковина.“
Повикувајќи се на големиот покоен Македонец, баронот Костадин Бели , кој во 1838 година од Виена упатил јавен апел до своите Македонци, Редакцијата на весникот цитира еден голем пасус, кој го претставува текстот на тој апел. Потоа Редакцијата продолжува:
„Благодарејќи на последните политички настани на нашиот полуостров и географската положба на Македонија, денес таму се изнасобрани севозможни надворешни елементи ... Треба значи да се собереме во една општа, моќна сила - сила народна, ако сакаме да ја сочуваме иднината на својата татковина. Тоа треба да биде стремежот на секој Македонец, каде и да се наоѓа тој.
Во петтиот број на списанието, од мај 1894 година, се појавуваат посмртно стиховите на Прличев „До ослободителот на робјето“. Во истиот број објавен е краткиот напис на Ѓорче Петров „Да се здружиме“, во кој отворено ги повикува Македонците на вооружена борба. Ѓорче Петров, потпишан со псевдонимот Николаев, се повикува на оној фамозен член бр. 23 од Берлинскиот договор од 1878 година, со кој Турција се обврзува во Македонија да пристапи кон реформи. Петров пишува:
„Положбата за нас Македонците во текот на овие последни години уште повеќе е влошена. Од една страна најинтелигентното население од Македонија се губи чувствително под несносниот ред и се голта од соседните ослободени земји; од друга страна, секоја година со десетици илјади работни раце ... си ги напуштаат домовите, оставаат пусто сè и заминуваат во странство; од трета страна, многубројни убиства речиси секој ден се извршуваат таму од незаузданите разбојници...“
Ѓорче Петров, кој настапувал како теоретичар на македонската револуција, овие свои мисли подоцна ги разработува во својот „Бунтовник“ (1898-1899).
Официјалната бугарска јавност уште по првиот број на излегување на списанието „Лоза“ ја препознала антибугарската тенденција, и фрлила анатема врз Лозарите. Во весникот „Свобода“, официјален орган на бугарската влада, го коментира појавувањето на „Лоза“ и подвлекува дека јазикот што се користи е македонското наречје.
Бугарската влада на Стефан Стамболов, познат бескрупулозен македонофоб и јавен прогонувач на Македонците во Бугарија, е главна тема на брошурата на Петар Поп Арсов „Стамболовштината во Македонија и нејзините претставници“. Петар Поп Арсов е еден од уредниците и активни соработници на „Лоза“, кој пишувал под псевдонимот Вардарски.
Ѓорче Петров и Крсте Петков Мисирков на Лозарите им припишале димензија на историска видовитост, кои први проговориле јавно за потребата Македонците, самите со свои сили да си ја извојуваат победата.
"Само еден поглед е доста да се видат насушените потреби на нашата родина.Благодарение на последните политички настани на нашиот полуостров и географската положба на Македонија,дене таму се собрале севозмошни надворешни елементи,кои,воодушевени од својите сосипувачки планови и интереси за нашата иднина,слободно и со трескава енергија го засилуваат антагонизмот којшто и така постои во земјата..''
''Само еден силен отпор од наша страна може да не зачува од незаситените посегања,затоа ни се потребни сили,а нашите се разнебитени,раздробени значи треба да ги соединиме,да ги собереме во една општа моќна сила,сила-народна,ако сакаме да ја зачуваме иднината на нашата татковина.Тоа треба да биде стремежот на секој што годи чуствителен Македонец,каде и да се наоѓа тој''