Каква утакмица еј :pos2:.
Како прво, добрата страна беше тоа што имаше двајца семкари. Сите кога влегуваа, нормално ќе купат кај првиот семкар, а после овој вториов кога виде дека никој кај него не оди, излезе дури пред врата семки да продава за прв да е, а после на сред натпревар шеташе низ трибиниве и викаше "ааааајде занимација". Одамна семкари немало на натпревар овде.
После, почна утакмицата и во прво полувреме, негде околу 30-35 минута Томче погоди статива, многу добар шут и штета што не влезе в гол! Караорман во прво полувреме беа тотално надиграни. Имаа само едвај еден шут на голот, а ниедна стопроцентна шанса.
0-0 на полувреме, резултат кој дефинитивно не ни одговараше нас. Публиката не ни мрдна од местото а и ако се шеташе, неколку метри и пак назад. Ете ти го на полувреме дојде Величе Шумуликоски:pos2::pos2::pos2: да си ги бодри своите, и сакаше да влезе во соблекувална (заедно со Артим Шакири, од почеток тој беше тука, два реда под мене), и цајканиве не ги пуштаа.
Морам да напоменам дека пред почетокот на натпреварот имаше повеќе цајкани отколку публика:pos2: Арно ама... после цела трибина беше затка. Онолку полн стадион немало уште на времето Охрид - Велмеј ко играа.
Од друга страна, второто полувреме беше далеку повозбудливо. Негде околу 50 и некоја минута (не ме фаќајте на збор, не мерев на сат) Христијан Димоски помина тројца играчи и постигна гол. При прославата го слече дресот и потоа доби жолт картон, ама не е битно. Потоа следеа неколку замени со цел да се зацврсти одбраната и се успеа во тоа. Караорман имаше многу шанси во последните 10 минути, од кои дури едната ја видов ко в гол да влегуваше....значит беше ептен жешко.
Интересно е тоа што дури пола од публиката беа дојдени да ги бодрат Караорман и имаше пцуење од ваму од таму.
Судијата се заборави да свирни со свирчето за крај, а реченицата што го одбележа натпреварот беше "ај побрзо Интер ќе почнит":pos2: од еден постар човек со чадор, кој истиот на полувреме отиде да го пљука на судијата додека одеше во соблекувална:pos2:.
Све на све то е. Интересна утакмица, имаше и десетина тепачки.