Објекти со алтернативни извори на енергија

  • Креатор на темата Креатор на темата ex machina
  • Време на започнување Време на започнување

ex machina

сфинге раја
Член од
4 септември 2007
Мислења
721
Поени од реакции
104
Во последно време низ градов гледам сè повеќе куќи со соларни панели само за топлење вода, без конвертори и батерии. Гледам и реклами за фонко геотермални системи за одржување на температура (греење/ладење), ама ретко кој се одлучува вакво нешто да вгради заради високата почетна цена и долгиот период на поврат на инвестицијата (10-15 години).

Целта е што помала зависност од градска мрежа за сите секојдневни потреби, пред сè струја, вода, комуналии, па и храна. Еве пресек на една куќа која има све што ми треба, овен интернет :)

freehous.gif


Сте размислувале ли некогаш во оваа насока? Мислите ли дека кај нас има некој кој би се нафатил и би бил доволно стручен ова да го изведе, и нормално, колку отприлика би била почетната инвестиција?
album.php
 
Во темава сум почнал нашироко да ја објаснувам употребата и корисноста на соларната енергија во архитектурата. Ќе се потрудам во догледно време да ја продолжам и да ја збогатам со уште аспекти.

Во оваа тема гледам малку поинаков концепт, користење на соларната енергија „на мало“, па ќе ја оставам како посебна, на која би можеле да се излагаат мислења и искуства од користењето на соларни панели и други типови на алтернативна енергија.

Само накратко, да се разбереме. Постои разлика помеѓу самоодржлива (пасивна) архитектура, и објекти кои накнадно имаат инсталирано енергетски колектор, поради заштеда. Самоодржливата куќа се анализира од повеќе гледишта - отвореност на простор, материјали на изработка, архитектонски концепт, па потоа следуваат алтернативните извори на енергија кои би се вградиле. Ова го коментирам колку да појаснам дека не се работи за самоодржлива пасивна архитектура, туку за обични соларни инсталации.

Една од моите омилени теми на разработка при моето школување беше оваа. Ќе ми биде мило доколку се развие темата. Повелете.
 
Само накратко, да се разбереме. Постои разлика помеѓу самоодржлива (пасивна) архитектура, и објекти кои накнадно имаат инсталирано енергетски колектор, поради заштеда.

Секако, идејата беше за проектирање на куќа за која самиот почетен концепт е самоодржливост и "штедливост" на подолг временски период.

Самоодржливата куќа се анализира од повеќе гледишта - отвореност на простор, материјали на изработка, архитектонски концепт, па потоа следуваат алтернативните извори на енергија кои би се вградиле. Ова го коментирам колку да појаснам дека не се работи за самоодржлива пасивна архитектура, туку за обични соларни инсталации.

Што се мисли под отвореност на простор? Се работи ли можеби за внатешниот простор, дали ќе има повеќе простории одделени со врати или можеби голем отворен простор? Што ова би значело од аспект на одржување на температурата?

За материјалите - знам дека во последно време има еден куп нови материјали (а и нови примени за старите). Читав некаде за вентилирана фасада со плочи на метална конструкција, каде што се користи слојот воздух помеѓу за заштита од појава на влага по ѕидовите и како термоизолација. Има ли во Скопје некаде ваква фасада да видам како личи?
 
Сте размислувале ли некогаш во оваа насока? Мислите ли дека кај нас има некој кој би се нафатил и би бил доволно стручен ова да го изведе, и нормално, колку отприлика би била почетната инвестиција?
album.php




за тоа геотермалното топлење го имаш фонко, за соларни панели итурбини и се после нив имаш Sieto, за изолација concrete работи со изолации и како што ми има кажано прават добра изолација кај него, а за тоа со водата...е за тоа незнам, ама ако имаш малце повеќе кликер можеш и сам да го направиш тоа....

така да за да се направи ваква куќа има стручни лица, ама пари нема...
 
имам едно прашање во врска со темава, ме интересира дали кај нас има некоја фирма која што гради пасивни или нискоенергетски куќи целосно, од подрум до покрив :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom