Гладиус
notusually
- Член од
- 14 август 2008
- Мислења
- 5.508
- Поени од реакции
- 1.728
Дијалект или наречје е разновидност на еден јазик којашто се зборува на одредена географска област и којашто не е кодифицирана (за разлика од книжевниот јазик). Дијалектот се употребува при усно општење, а поретко и писмено. И покрај тоа што дијалектот не е официјално кодифициран, сепак тој си има одредени граматички, фонетички, синтактички и пред сè лексички особености, коишто во помала или поголема мерка го прават поразличен од книжевниот (литературен, стандарден) јазик. Дијалектот на поширока област може да се дели и на поддијалекти, а тие на свои поддијалекти итн. (изворче)
Дијалектите во македонскиот јазик се варијации на стандардниот литературен јазик. Македонскиот јазик брои околу 27 дијалекти поделени во три главни групи.
Знаеме дека стандардизираниот македонски јазик се карактеризира во главно со комбинации од охридскиот, прилепскиот, битолскиот и велешкиот дијалект. Сепак, стандардизираниот јазик е многу различен од секој дијалект посебно.
Но да го оставиме литературниот македонски за друга дискусија.
Во врска со дијалектите. Што мислите, дали нивната употреба во секојдневниот говор е позитивна?
Дали можеби нивното користење влијае врз развојот на веќе созададениот стандардизиран македонски јазик?
Колкава е вредноста на дијалектите во однос на културата и развојот на јазикот на еден народ?