Google Chrome Frame in Internet Explorer

  • Креатор на темата Креатор на темата teneke
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.578
Поени од реакции
18.611
Google Chrome Frame

Гоогле денска објави плугин за Internet Explorer со кој што на корисниците на инфериорниот пребарувач од Микрософт ќе можaт да ги користите сите предности на најновите технологии како HTML5 и супер брзиот Javascript енџин V8.

http://code.google.com/chrome/chromeframe/

--------------------------------------------------------------------

Редно беше некој да му покажи на Microsoft како се програмира :pos2:
 
Мајкрософт знаат да програмираат и тоа како. Види ги виста и вин 7, офис, и незнам, 300 серверски програми (за веб, емаил, колабораицја, тата, блабла). Само нешто ги мрзи кај IE.

А и овие од Гугл видоја дека не е се само во брзината. Хром е прелистувач со адресна линија и место за приказ на страниците, ништо друго. Скроз оголен. А додека фајфокс (3.5.x) е со брзина многу блиска до Хром, а со огрмен број на други работи.
Затоа Гугл го направија ова. ИЕ исто има доста вградени функции, а поддржуваи додатоци.

Ама нема врска, Фајрфокс FTW (For The Win).
Лично мене Хром ми создаде одбивност со таа оголеноста, и со рекламата на Гугл, па и овај додатоков и за Фајрфокс да го направат (што нема да се случи) не би ко користел.
 
Way off topic...

Хром е прелистувач со адресна линија и место за приказ на страниците, ништо друго. Скроз оголен. А додека фајфокс (3.5.x) е со брзина многу блиска до Хром, а со огрмен број на други работи.

Се читаш што зборуваш?
Значи битна ти е пренатрупаноста на командите во тулбарот и менито кое го користиш скоро никогаш и сите тие ствари. Дај не биди нуб.

Причина што користам Chrome за секојдневно сурфање, кажано во бројки
Firefox2Tabs.memoryUsage = Chrome10Tabs.memoryUsage

Firefox го користам строго деловно заради downthemall, firebug, dustme и останатите полезни екстензии. Мада и Chrome доста го користам во истиот план поради брзото извршување на JavaScript, дебагирањето на истиот и инкогнито модот за работа без кеш.

Причини да користам IE ... никакви. IE е катастрофа од browser, точно како што рече дека Мicrosoft се замараат со триста глупи ствари него ли да си го подобрат browserot, или барем она што остана од него. Потегот генерално не ме бендиса, што има да мерџуваш нешто никакво со нешто компактно и мазно. Башка ... која е поентата, ако сакаш да сурфаш со стил симни си Chrome и батали го IE-то. Глупости.

п.с. Провери ги првите слики за новиот интерфејс на Firefox 4. Ќе се изненадиш од интерфејсот.
 
И ште еден оф топик. Треба една тема само за војни помеѓу прелистувачи.

Не сум нуб. Користам тоа што ми треба. А и фајфокс не е пренатрупан како што го опишуваш. Адресна ленса, назад напред, стоп, дома и тоа. Што е натрупано тука. Ако менито горе го сметаш за натрупаност ти не биди нуб. Мени ко мени, 10-20 пиксели во висина. Каде во хром обележувачи (букмарци) како во фајфокс, каде паметна лента како во фарфокс. Пишуваш две букви и тоа што го бараш ако е во историја или во букмарци одма излегува прво или второ.
Што, сега од хром ќе се вадат со тоа што адресната лента пребарува дирекно на гугл. Ами и кај фајфокс го има тоа. Само што не бара веднаш туку треба да притисниш ентер. А пак во тоа полето десно од адресната линија кај фајрфокс го има истото како и кај Хром.
А исто така многу важно, за фајфокс има 165 милиони додатоци

А за мемориско користење. Хром најмногу јади. Еден таб = 1 процес = 50 до 100 МБ
Линков го постирам веќе 3 пати

пс. сум го видел ФФ4. Наликува малку на хром, ама ќе си ја има својата функционалност. А веројатно ќе има и опција табовите да си бидат во посебна лента (како сега), да не бидат заедно со лентата со име на прозорецот.
 
Каде во хром обележувачи (букмарци) како во фајфокс, каде паметна лента како во фарфокс. Пишуваш две букви и тоа што го бараш ако е во историја или во букмарци одма излегува прво или второ.
Што, сега од хром ќе се вадат со тоа што адресната лента пребарува дирекно на гугл. Ами и кај фајфокс го има тоа. Само што не бара веднаш туку треба да притисниш ентер. А пак во тоа полето десно од адресната линија кај фајрфокс го има истото како и кај Хром.
1. Chrome има bookmarks
2. Chrome има историја и крајно попаметен address bar. Прикажува историја на слични страни, предлог постоечки страни или предлог пребарувања на гугл.
3. Пребарувања во firefox: одиш во панелчето, избираш енџин, пишеш, ентер. Пребарување во Chrome:
- google: Ctrl-T, your search terms, enter.
- youtube: Ctrl-T, yout + Tab, your search terms, enter
- facebook: Ctrl-T, face + Tab, your seach terms, enter.

Самата идеа на Chrome е да биде паметен и lite browser а не масивна апликација како фајрфокс.

А за мемориско користење. Хром најмногу јади. Еден таб = 1 процес = 50 до 100 МБ
Линков го постирам веќе 3 пати

Незнам кој го пишал ова, ама може да си ја пикне главата у анус. Нека дојде кај мене па да види како идат работите... човече кој идиотски напис. Firefox помалку мемори консумент неголи Сафари и Хром. Wow...

пс. сум го видел ФФ4. Наликува малку на хром, ама ќе си ја има својата функционалност. А веројатно ќе има и опција табовите да си бидат во посебна лента (како сега), да не бидат заедно со лентата со име на прозорецот.

Наликува ... малце ... да ... само истиот распоред, истите копчиња па дури и истиот artwork за копчињата. Сосема малку. И препишуваат и за инкогнито мод, и за smart address bar и за се.

Ќе го речам она кое што го реков на еден колега за истава споредба. Firefox ќе постои до моментот кога Chrome ќе добие интерфејс за прикачување на екстензии.
 
Chrome е далеку боље од мозила,го користам пошто го јаде у се,затоа у последно време мозила го копира
 
Да ви ибам Хромо да ви ибам, едно копи пасте не можеш да направеш!
Ит сакс!:toe:
 
Како бе не можеш копи пасте да направиш?

Инаку да, и јас сум кромиран, веќе од првата верзија :icon_lol:
Додека не се појави кром, мислевме дека да сурфаш мора да е напорно и споро.

Вчера ми доаѓа еден другар, мозила закон знаете... Гледа кај мене 30 табови (горе-долу) отворени на бровсер. Ми вика зошто човече имаш 30 табови отворени? Ми се може бе, кром е ова :icon_lol:
 
секогаш имам отворено 4-5 firefox прозорци со по 20-ина табови. 300МБ-400МБ само троше.
мислам дека тоа и не е баш многу.
а и нема лимит колку табови може да отвориш во фајрфокс.
ако имаш рам отвори и милион.

на цхроме ми е глуп интерфејсот.
 
Како бе не можеш копи пасте да направиш?

Инаку да, и јас сум кромиран, веќе од првата верзија :icon_lol:
Додека не се појави кром, мислевме дека да сурфаш мора да е напорно и споро.

Вчера ми доаѓа еден другар, мозила закон знаете... Гледа кај мене 30 табови (горе-долу) отворени на бровсер. Ми вика зошто човече имаш 30 табови отворени? Ми се може бе, кром е ова :icon_lol:
Не е кром, туку хром. И не ми се допаѓа. Првата верзија ми створи одбивност, поготово со проблемите во едиторите на тест (како на форумов), па не ни пробав да инсталирам некоја наредна верзија. Се додека ме служи FF како што треба, не планирам да пробам нешто друго.
 
Како бе не можеш копи пасте да направиш?

Инаку да, и јас сум кромиран, веќе од првата верзија :icon_lol:
Додека не се појави кром, мислевме дека да сурфаш мора да е напорно и споро.

Вчера ми доаѓа еден другар, мозила закон знаете... Гледа кај мене 30 табови (горе-долу) отворени на бровсер. Ми вика зошто човече имаш 30 табови отворени? Ми се може бе, кром е ова :icon_lol:


Пример ако сакам да направам Копи на некоја слика, и да направам пасте за некој пост, НЕ БИВА.
Ми остава празен простор а сликата ја нема.

Е сеа и ја не сум некој хакер, ама мислам дека е тоа до Хромот!
 
Не е до кромот, бровсер е тоа не е ворд (или што би рекол Ацид, уорд).
 
Не е до кромот, бровсер е тоа не е ворд (или што би рекол Ацид, уорд).


Ова за мене беше во врска со Копи - Пасте или она на Ацид со Уордот!:toe:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom