Тито и Македониjа

Дали е Тито предавник или херој?

  • Предавник

    Гласови: 12 66,7%
  • Херој

    Гласови: 6 33,3%

  • Вкупно гласачи
    18
Член од
14 септември 2009
Мислења
118
Поени од реакции
9
Как денес се оценува ролјата на Тито во Македониjа од 1944
до 1990г?
 

ZoraNaSlobodata

Чоечко суштество
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.736
Поени од реакции
111
Генерациите родени пред 60тите години во главно си чуват икона од него дома,а другите неќат со очи да го видат.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Прашањето е коректно поставено, сметам дека би можеле да подискутираме и на оваа тема и покрај тоа што е поставена од страна на Бугарин и по навика очекуваме тенденциозни заклучоци од нивна страна.

Сепак има одредени правила на форумов кои ќе бидат применувани и нема да дозволам дискусијата да отиде во погрешна насока.

Потрудете се да напишете повеќе од 1 реченица и да го аргументирате вашиот став.

Држете се до темата!
 
Член од
14 септември 2009
Мислења
118
Поени од реакции
9
Поставих оваа тема за тоа што за историjа на Македониjа се знае повеке до 1944г. Не знам доколку е дискутирано во медиите по неа. Не знам дали комунистичкиа режим е осуден от народа. Има ли точна позициjа на македонското обштество?
 

ZoraNaSlobodata

Чоечко суштество
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.736
Поени од реакции
111
Поставих оваа тема за тоа што за историjа на Македониjа се знае повеке до 1944г. Не знам доколку е дискутирано во медиите по неа. Не знам дали комунистичкиа режим е осуден от народа. Има ли точна позициjа на македонското обштество?
Ако ти е прашањето за ставот на македонскиот народ,како шо можи секој да види,напредната младина на Македонија,(членојте на овај форум се дел од неа)титоистичкиот режим го осудва како диктаторски и антимакедонски режим одржан на сила со платените шпиони и внатрешните предавници.
Истотака општ став е(барем така мислам)дека после објавувањето на независност на Македонија од КПЈ,со помош на предавниците е извршен државен удар.
 
Член од
14 септември 2009
Мислења
118
Поени од реакции
9
Доколку беше возможно Македониjа да обиjави независимост веднага след заминаването на германските воjски? Какво попречи но това?
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Од страна на КПЈ и Тито е извршено поткопување на македонскиот стремеж за независност, автономност и обединување во една етно-културна географска целина.

Беа минирани обидите за Македонска држава и беше поставена квинслишка власт под управа на Белград.
 

ZoraNaSlobodata

Чоечко суштество
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.736
Поени од реакции
111
Доколку беше возможно Македониjа да обиjави независимост веднага след заминаването на германските воjски? Какво попречи но това?
Македонија веќе објави независност и неослободена целосно,ама 45’та беше извршен државен удар и градителите на првата модерна македонска држава беа испопикани в затвор,Ченто,Шатев и компанија...и како шо рече Братот,беше поставена македонска квинслишка власт со 100%тна лојалност кон Белград.

Реално не ни можеше да биди поинаку оти Македонија не беше во план на ниедна светска сила да стани самостојна држава,а од друга страна антифашистичкиот сојуз му гарантираше на секој народ борец против фашизмот,своја држава.Така да ни фрлија ронки колку да се залажиме.

Дури и по распадот на Југославија се очекуваше Македонија да остани во склоп со Србија и Црна Гора,но постоеше шокантниот факт дека таму има народ и дека 95% од тој народ сака своја самостојна држава.

И во денешно време,нема услови за воени акти шо ќе ја спречат независноста на Македонија,па мора да се оди со посубтилни мерки,шо ќе го натерат народо .... сам да крени раце од себе.
 

AtoM-AnT

Dexter
Член од
3 септември 2008
Мислења
4.530
Поени од реакции
583
Колку и да пишуваме на ова прашање никогаш нема да добиеме конкретен одговор, секогаш ќе имаме поделени мислења?
Дали ако не бил Тито ние навистина ќе сме биле уште тогаш независни или пак Тито ни ја дал независноста?
Пророк не сум за да знам како и што ќе било тогаш ама спрема некои Тито не спасил од канџите на Бугарија или Грција а спрема некои луѓе тој само ни ја зел независноста од раце...
Оние што тогаш биле на власт не ги засегало дали Македонија сакала да биде независна или не, важно било да се биде во власта, имало и пред Амди Бајрам Амди Бајрам.
Еден од тие Титовисти бил и Лазар Колишевски кој толку многу ја оштетил Македонија ама во очите на Тито тој бил врвен политичар.
 

ZoraNaSlobodata

Чоечко суштество
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.736
Поени од реакции
111
По конкретен одговор Амин.

КПЈ изврши државен удар врз штотуку прогласената независна македонска држава :violent1:
 
Член од
14 септември 2009
Мислења
118
Поени од реакции
9
След државниот удар на КПJ имало ли е с'протива против титовизма и комунизма? Освен Ченто сигурно е имало и многу други борци против КПJ и комунистичкио режим. Знае е ли се кои са те? Как са се борили и имали ли са подкрепа и от кои држави. Какви са били техните цели?
 

ZoraNaSlobodata

Чоечко суштество
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.736
Поени од реакции
111
След државниот удар на КПJ имало ли е с'протива против титовизма и комунизма? Освен Ченто сигурно е имало и многу други борци против КПJ и комунистичкио режим. Знае е ли се кои са те? Как са се борили и имали ли са подкрепа и от кои држави. Какви са били техните цели?

Се разбира дека имало,немале поткрепа од никој и добивале полн пансион на Голи Оток или Издризово,сите од нив,има посебна тема за то,ќе ти дам линк само да ја најдам.

ПС. Неможам да ја најдам,гласеше некако жртвите на комунизмот или слично,ај некој ако можи нека ја линкува.
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.267
Пресудата на Македонија и беше изречена уште за време на Втората Светска Војна, од страна на тие што управуваат со судбината на целиот свет ( може да ги наречете Светски сили), исто како и во претходните пресудни моменти од историјата: Балкански Војни, Прва Св. Војна, разно-разни пазарења и договори...

Тито не направи ништо повеќе, освен тоа, да го спроведе во дело она што беше на друго место одлучено и во рамките на оние граници кои што беа горе-долу во глобала веќе исцртани (ситни корекции беа веќе предмет на дискусија и пазарење). Неминовно беше оние Македонци (и други) кои бараа некои поинакви решенија да “удрат“ со главата в ѕид. А полтрони и опортунисти од типот на Колишевски и сл. секогаш и секаде се најдуваат, поготово во времиња кога за поинакво гледиште (и мислење!) “летаат“ глави.

Позитивното во Титовиот режим (своевидна диктатура, така тоа и го викаа : “Диктатура на пролетеријатот“) беше тоа што иако ни беа ставени рацете на вратот, сепак можевме да дишеме во одредена мера. За време на Титова Југославија, беа поставени темелите на државата Македонија (не на Македонската нација, како што некои братја сакаат да кажат).

Најголемиот дел од институциите и службите што една држава треба да ги има постоеја, тоа, на кои постулати функционираа е веќе друга приказна (иако беа поефикасни отколку сега, беа поставени на “погрешни“ темели).
Дека Македонија како самостална држава со традиција од 1945 год. (и без социјалистичко уредување) ќе се развиваше подобро и на денешницава ќе беше прилично развиена, Европска, држава - и тоа е точно.

Социјализмот во некои сфери од општествениот живот беше погубен, во некои работи беше позитивен. Не може а приори да се осудуваат некои работи од минатото, ниту пак да се воздигнуваат во небеса. Старите велат : “што време иде - тоа се јаде“.

Луѓето се прилагодувале на времињата и промените, можеби таа прилагодливост и го зачувала овој македонски народ, кој знае? Мислам дека како што велат Србите : “како смо се надали лепо смо се удали“. Многу лесно можевме да бидеме без држава, обезличени како народ, доколку испаднеше некоја друга “добитна комбинација“. Од таа Југославија ги имаме сите образовни институции кои постојат и денес и се со некаква традиција и вредност, тука е МАНУ (ваква или таква - ја имаме), се, ама буквално се што и треба на една држава и тоа беше резултат на патриотизмот и залагањата на Македонците и на никој друг - ни Тито ни Кардељ ни никој друг...

Што направивме после распадот на Југославија? Фабриките што нашите родители ги градеа ги упропастивме, украдовме, или им ги продадовме на странците (читај: Грците), народот го обезличивме, патриотизмот е сведен на нула, дури се разви чувство на пониска вредност и некадарност.

Христијанската вера која во социјализмот иако не потполно слободно, сепак ја исповедувавме со искрени чувства, денес ја претворивме во кич-парада и приземна политика, од образованието направивме шарам-барам карикатура, во спортот повеќе знаеме кој игра во Италија или Англија отколку кај нас, а Македонскиот фолклор го заменивме со Српските или Бугарските пеачки (дали некој, од еден куп Македонски ТВ станици, на некоја од нив гледал и слушал Македонски ора и песни во последните години? А во социјализмот тие беа во редовната програмска шема). Сите ќе се “истепаат“ за Сантана или ЗЗ-Топ, додека снимките од Бадев, Сариевски, Васка, Петранка, Танец и т.н. и т.н. фаќаат прашина по некои депоа. Дури ми пречи што Есма ја претворија во “македонски“ бренд, а оној кој ја создаде (Стево Теодосиевски) го заборавија и никој не го споменува, како да не постоел. Или самиот факт дека тој е Македонец е причината што “се заборава“ на него. Во оваа “наша“ држава што и да си само Македонец да не си. Сите имаат или некаква привилегија (права на Албанците, “декада на Ромите“ - колку трае таа декада?, права на Власите, права на “бугарските“ државјани и т.н.) или бараат некакви права. А правата на Македонците? Во сопствената држава се направивме потстанари.

Па после не чинел Тито. Не чини за Србите, Бугарите и Грците, оти им ги расипа плановите и неповратно ја измени насоката на македонското прашање. А за Македонците? Македонците се жилав народ и пак ќе преживееме некако, ама ме радува тоа што за време на таа Југославија се зацврсти македонското национално чувство и сега е малку потешко да го промениш тоа во поинакво национално чувство (а притисоци и обиди на сите полиња има и премногу).
 
Член од
29 јуни 2005
Мислења
1.284
Поени од реакции
14
След државниот удар на КПJ имало ли е с'протива против титовизма и комунизма? Освен Ченто сигурно е имало и многу други борци против КПJ и комунистичкио режим. Знае е ли се кои са те? Как са се борили и имали ли са подкрепа и от кои држави. Какви са били техните цели?


Na ovaa tema imash poveke:

http://forum.kajgana.com/showthread.php?t=18277
 

ZoraNaSlobodata

Чоечко суштество
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.736
Поени од реакции
111
јавно господинот го е фатил кариесот на југоносталгиjата. Колко добре е било в југославиjа и колко лошо е сега. Та нали точно на комунистичката в'хрушка накраj и пречеше сациализмот. Требаше им капитализам да си преперат парите и да станат капиталисти.
Не,грешно го разбра,тој вели дека не го добивме то шо го сакавме,ама можеше и да биди полошо,потоа продолжува со тоа дека после 91’ва го упропастивме сето тоа шо беше изградено во Ју.
Ама прост факт е дека ЈУ власта која му претходеше на независна Македонија е истата банда шо продолжи да владеи со Македонија и го подели пленот од приватизацијата.

Мислам дека и ти го рече то погоре.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom