Дали е баш бесплатно здравството за сите?

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Дополнителниот во ред!
Но, и кај основниот МОРА да има пакети...сепак, неможе да се прави социјалистичка урамниловка, карактеристична за минатиот систем, колку и според Устав РМ да е и социјална држава.
Можност за промена и воведување такво нешто има, секако, со измена и дополнување на соодветниот закон.
Дополнителниот е доброволен, а истиот го нудат осигурителните компании...
Во претходниот пост предлагам истиот да го замени сегашниот систем.
Законски може да се измени,но дали има услови за тоа?Дали има доволно соби,персонал,апарати,хигиена,лекарства и слично за да ги издржи тие пакети нашиот систем?
Доколку најнискиот пакет би ги опфаќал групите кои немаат средства,а би добиле примарно и дел од секундарното здраство (оперативни зафати) јас лично се согласувам за измени во моменталниот систем.
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346

Онака лаички, јас го замислувам тоа вака:
Пакетите, во суштина, не се ништо спектакуларно, туку сето она што и сега го добиваме, само што еден дел би бил бесплатен, а партиципацијата помала (во зависност од уплатените средства и самата партиципација да се намалува)
За да го задржиме и уставното начело за „социјална држава“ пакетите за најсиромашните слоеви би биле бесплатни и со симболична партиципација.
Сметам дека такво нешто е одржливо, бидејќи слично како и пензискиот, и здравствениот систем е заснован на начелото на солидарност, и со неменување на ова начело сметам дека би бил функционален и издржлив, а воедно и посправедлив пред се кон оние кои во заедничката каса внесуваат повеќе. :)
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.455
Поени од реакции
18.456

Ова е многу лошо решение за наши услови.

Баш како што беше лошо решение скалестиот данок, така и оваа скалеста здравствена услуга е многу лошо решение.

Прво доколу се направи таква реформа, ти нема да добиеш ништо посебно, туку сета промена ќе се темели на намалување на услугите кои ги добиваат тие со помали приходи.

Второ што ќе добијаат пензиониерите, кои реално се најголеми корисници на здравствените услуги? И тие ќе бидат раслоени спрема пензијата?

Трето заради КАТАСТРОФАЛНАТА состојба на нашето здравство, ти и да одиш некаде да ги користиш услугите ќе налеташ на мито, така да ќе си платиш екстра услуга.

Затоа најдобро решение во нашава транзициона состојба е да се задржи постоечкиов систем, а тој што сака подоборо да си плаќа екстра приватно осигурување за да може да појде во приватна клиника каде ќе биде третиран како ЦАР.
 
1. Не би рекол дека е лошо решение...само би рекол дека е посправедливо.
2. Не велам намалување на бројот на услугите кај најзагрозените категории, кај кои мора да се почитува „социјалната држава“, туку бенефиции за оние кои најмногу ја полнат касата на ФЗО...секој според она што го дал би доплатил повеќе или помалку.
3. Пензионерите...тие давале кога биле во работен однос...затоа „социјалната држава“ би требала да води грижа за нив...И, пак ќе кажам, сеуште важи принципот на солидарност.
4. Состојбата е таква каква што е, а не верувам дека би се подобрила со ваква реформа, но исто така, не верувам и дека би се влошила.
Можеби затоа, најубава опција би била целосно укинување на здравственото осигурување како што го знаеме и воведување на осигурување преку осигурителните куќи целосно на доброволна основа, како што пишував во еден пост претходно.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
1.

Ако целосно се препушти здраствениот систем на осигурителните компании нема да има простор за социјален пакет за кој претходно зборувавме.Сите работат за профит,а во такви ситуации,најмногу ќе се одрази на најсиромашните,нешто слично на американскиот систем кој сега сакаат да го менуваат,очигледно оти е нечовечки.
Јас сум за моменталниот систем задолжителен и дополнителен,каде би постоела стапка на минимален прилив за задолжително,а повеќе средства да останат за дополнително.Со целосна промена на осигурителната мафијашка мисла кај нас,би изградиле здраствен систем за секого по вкус.Приватни клиники имаме,доктори имаме,само нема систем.Има здраствени доброволни пакети од една осигурителна компанија,но во пракса никаде ги нема.
 
Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
Јас сум за моменталниот систем задолжителен и дополнителен,каде би постоела стапка на минимален прилив за задолжително,а повеќе средства да останат за дополнително.

А мора ли да има било каков?
Не може ли кога ќе имаш потреба да отидеш и да си платиш?
Едноставно, како и за секоја друга услуга. Одиш на пазар си купуваш намирници, не ти се покриени трошоците за зеленчук со ставка во личниот доход.
Замисли.
Здравствено 9%.
Пензиско 20%.
Пазар 7%.
Сообраќајни казни 10%
итн.
п.с. за невработените и останатите кои немаат, нека има друг фонд, од даноците пополнет.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
А мора ли да има било каков?
Не може ли кога ќе имаш потреба да отидеш и да си платиш?
Едноставно, како и за секоја друга услуга. Одиш на пазар си купуваш намирници, не ти се покриени трошоците за зеленчук со ставка во личниот доход.
Замисли.
Здравствено 9%.
Пензиско 20%.
Пазар 7%.
Сообраќајни казни 10%
итн.
п.с. за невработените и останатите кои немаат, нека има друг фонд, од даноците пополнет.

Може и таков систем,но тогаш партиципацијата би била толку висока со што просечниот човек не би одел да се лечи.Ако ги тргнеме давачките за здраствено,даночните приходи нема да покријат фонд со кој би се финансирале здраствените услуги за сиромашните.
Еден пример во контекс на ова како е денес во Ремедика.За прегледи на крвна слика,урина и преглед од општ лекар се плаќа 6 000 денари.
Ако имаш потреба од додатни прегледи или недај боже останување на ноќ или два,сметката би била над 12 000.Платата да ја земам во просек 20 000 за цел месец.Ако се воведе овој систем,многу не би можеле да си дозволат „купување“ на здраствена услуга.
Иначе како систем верувам дека може да се разгледа и да се обиде да се извлече нешто позитивно,како и од секоја идеја.
 
Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
Може и таков систем,но тогаш партиципацијата би била толку висока со што просечниот човек не би одел да се лечи.Ако ги тргнеме давачките за здраствено,даночните приходи нема да покријат фонд со кој би се финансирале здраствените услуги за сиромашните.
Можеби ако има повеќе пациенти и цените ќе бидат помали кај приватниците.
Со денешниот систем најголемиот дел одат во државните центри.

Инаку, има логика социјалниов систем, бидејќи човек не знае што може да го снајде и со тие 10% месечно, обезбедуваш некоја основа за лечење.
Каква, таква, не си оставен на улица ко во САД, каде е боже чувај.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Богами,се освен американскиот здраствен систем каде луѓе им умираат пред врата,а они не ги ни погледнуваат.
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Ако целосно се препушти здраствениот систем на осигурителните компании нема да има простор за социјален пакет за кој претходно зборувавме.Сите работат за профит,а во такви ситуации,најмногу ќе се одрази на најсиромашните,нешто слично на американскиот систем кој сега сакаат да го менуваат,очигледно оти е нечовечки.
Јас сум за моменталниот систем задолжителен и дополнителен,каде би постоела стапка на минимален прилив за задолжително,а повеќе средства да останат за дополнително.Со целосна промена на осигурителната мафијашка мисла кај нас,би изградиле здраствен систем за секого по вкус.Приватни клиники имаме,доктори имаме,само нема систем.Има здраствени доброволни пакети од една осигурителна компанија,но во пракса никаде ги нема.
Реков јас, би останало јавното здравство, но секако, со помал обем :)
Мора да се грижиме и за оние кои немаат.
Таквото јавно здравство не би било претеран товар на буџетот, а би си ја вршело работата сосема солидно.
 
Шмекерот

Еден и единствен
Член од
24 мај 2008
Мислења
1.767
Поени од реакции
384
Бесплатно здравство добивам само од мајка ми....коа ќе кренам температура она ме мачка со ракија за да ми падне температурата. И од татко ми имам бесплатно здравство да...ми тура леген под нос пешкир на глава...и праам инхалации. Нешто чаеви супи...ќе ми дадат...и ете ми бесплатно здравство :) За секаков вид на друго здравство....си плаќам. Имав еден матичен лекар...Цобе се викаше!...Ама умре...Бог да го прости. Кај Цобе...кога и да дојдев разболен...он знаеше...што ми е у моментов и кое лекче ми треба за да оздравам. И ќе ми препишеше нешто по симболична цена. Откако умре Цобе...јас се префлив у друга амбуланта. У новата амбуланта кај новиот матичен лекар...имав Диши диши (стандард)...грло...ми го начука стапчето до желудац. Па ми препиша 3 пакета апови и сируп. А ми кажа и дека морам да направам и крвна анализа. Викам добро докторе...шо треба тоа...ме боцкаат у прст...крв шмукаат...и ми вика 150 денари. Хмм си реков...Цобе 20 години ме лекуеше не ми спомна за крвна анализа овие од прва па и наплаќаат. Викам ај добро. После 6 месеци јас пак болен...и пак крвна анализа....да се провереле леукоцитите. Викам Ок...све за здравјеее! И...ти викаат леукоцитите ви се покачени малку ама нишо страшно...150 денари!
Е третпат....ми рекоа...пак крвна анализа....!!! Реков Аааа нее! Ги научив финтите докторски за лапање бонус пари. Викам не ми треба крвна анализа. Докторот: Ама мора да видиме за да знаеме што ви е!! Викам...пак ке чини 150?...Не..вика 200 е сега. А викам докторе со сета почит...ама од ценава температура кренав...фала..ќе идам ќе се мачкам со оцет...ама не праам крвна анализа. Демек да провереле...и докторите ептен само гледаат да те ограбат откако се приватизираа. 200 денари за крвна анализа??? Па тоа се...две мохита за шмизли шмекерици у некои паб!...Побогу!!! Све се плаќа...дури и нешто поише!
П.С. Никад не мењај фризер и лекар!...освен ако не дај боже умрат!
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Реков јас, би останало јавното здравство, но секако, со помал обем :)
Мора да се грижиме и за оние кои немаат.
Таквото јавно здравство не би било претеран товар на буџетот, а би си ја вршело работата сосема солидно.
сепак е тоа ИЗМИСЛУВАЊЕ ТОПЛА ВОДА....здравствениот систем на една земја не е СИСТЕМОТ на сервиси на Тојота ..на пример..и не може, а да нема мнооогу ЈАКА социјална КОМПОНЕНТА. Во оној момент кога државата ќе заборави дека постои здравствено образование...кое ќе си кошта колку ќе си кошта...кога никого нема да го присилува..по автоматизам да плаќа нешто за него (и образованието и здравствениот кобајаги систем)...тогаш одиме на пазар, па коме опанци-коме обојци...најдобрите кои по логиката на капитализмот се НАЈБОГАТИТЕ...ќе останат..и на страната на здравството и на страната на пациентите..се останато си умира....како што е бе од Бога даден ред и поред на работите....
Вака некој го праи народот будала...и работејќи во една област која е многу деликатна и во која никој не праша за цена кога ќе го стисне..се случуваат невидени пљачки на народот...., но не ми се праи веќе муабет на ваква тема....
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.455
Поени од реакции
18.456
Реков јас, би останало јавното здравство, но секако, со помал обем :)
Мора да се грижиме и за оние кои немаат.
Таквото јавно здравство не би било претеран товар на буџетот, а би си ја вршело работата сосема солидно.
А извини да те прашам како тоа ти плаќаш повеќе ?
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
А извини да те прашам како тоа ти плаќаш повеќе ?
Секој кој има повисока плата воедно плаќа повеќе за здравствено и пензиско осигурување.
Мислам дека нашиот систем функционираше добро таков каков што е. Сите плаќаат, достапни се сите услуги секому, без пакети, без ништо такво. Истиот систем е и во Германија и таму совршено функционира.
Глупост и идиотизам е бесплатното здравство. Ако веќе инсистираат на тоа, требаше да направат 2-3 клиники кои ќе беа бесплатни и таму да се лечат сите оние кои не можат по друг основ да се осигураат освен неработење и гребаторство. Ова излегува буквално гребење од оние кои редовно плаќаат придонеси. Има голема опасност од колапс на здравствениот систем кои го замислиле. Дали постои воопшто држава во која има бесплатно здравство за сите? Ако постои, веројатно е некоја со многу подобар буџет од нашиот. Вака и тие што плаќаат и тие што не плаќаат ќе добијат (finger).
А за скалестото осигурување или приватни фондови ако се воведат, нае*авме. Теоретски е тоа се ок, но во пракса треба мноооогу да се доплаќа за услугите, а земјава се' уште не ни е доволно развиена и платите се премали за да може тоа да се дозволи. Ќе кажете-кој има ќе си дозволи, но ако се земат во предвид сите реални услови, ќе испоумрат пола луѓе :toe:
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193

Слично некако и јас го гледам решението на проблемот,со напомена дека и Германија колку што знам нема здравствени картончиња како што сега треба да имаме сите ние.Исто така во Германија се рефундираат средства во одреден процент,на крајот од годината кон оние што не користеле или ептен малку користеле здравствени услуги.Значи се оди кон зафаќање од сите вработени,во различен износ кој зависи од примањата,но паралелно се оди и со рефундирање на средства.Вака како што е замислено,ангажманот на вработените не им дозволува ни основниот пакет да го искористат,колку што тоа можат да го направат невработените и оние кој не плаќаат за здравство,и тука паѓа во вода секоја замисла,за пакетирање,за бесплатно здравство и привилегии што реално треба да ги имаат оние кој го финансираат целиот здравствен систем.:toe:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom