Факт е дека Анчелоти направи многу грешки во последните неколку натпревари, во прв план, формацијата и постојаноста на неговата 11ка и лошите замени. А дали имаше и баш голем избор на играчки кадар? Ова сето оди мнооогу зад сцените... зад Анчелоти, и зад нашите екрани каде играчите „се борат“ ама тоа „не е доволно“ за јаките екипи ко Сандерленд, Евертон и минати и идни.
Сеедно, кажете ми сите што сте за, или сметате дека ќе има отстранување на Анчелоти од позицијата тренер на Челзи, и дали ние би нашле некој подобар од него моментално?? Е сега да си повторам, пред да одговорите размислете дека нам не ни треба менаџер, затоа што неговата улога ќе биде безначителна. Нам ни треба тренер, а од Анчелоти, моментално јас не гледам некој покомпетентен или подобар...
Имаше избор против ВБА на Стемфорд Бриџ да стартува со Стуриџ или не знам кој друг младинец(+10 сениори), исто и против Стоук, Бирмингем на гости...за истиот тој младинец после некој месец всушност да биди и употреблив на некој начин на теренот. Играч кој не изиграл ништо секако дека нема да е спремен да ја смени играта на тим на кој неговите главни играчи играат ко гомна во моментот. Ама не, Анчелоти си има една шема која функционира само против послаби екипи и тоа со најдобрите играчи на терен и дури овие два услови беа исполните, немаше проблем. А сега, еве се вратија и Тери и Есиен. Шо е проблемов? Да не е тоа што Анчелти буквално ко да не знај шо да прај?
Јас никогаш не реков дека Карло Анчелоти е крив за ова шо се случува, туку дека тој е еден од виновниците чија позиција е таква шо најбрзо ќе лета. Единствено го спасува тоа шо Челзи ќе треба да му плати голема отштета, а за тоа клубот нема ни да размисли сега засега. Но ако клубот некако (ко шо одат работиве, многу веројатно) оди под 4то место на табелата, Анчелоти ќе лета. Сите финансиски заебанци кои сега се прават се само заради новите правила на УЕФА, кои ако не се почитуваат, клубот нема да добие лиценца за настап во ЛШ. А ако Челзи не се пласира во ЛШ, тогаш која е целта целиот овај циркус со смалување на трошоците?
Јас сум во вторите, никогаш не реков дека сум за, ама сметам дека ќе има негово отстранување, и тоа веројатно в лето. Точно пошто знаев шо е, јас од него очекував да си ја гледа работата. Тренерска. А тој е исто толку очаен во тоа колку шо беше т.н. фудбалски борд на директори на Челзи (Арнесен, Форд, Бак, Тененбаум, Гурлај и Барнард) при изборот на засилувања па и воопшто како беше планирано составувањето на тимот минативе две лета. И токму тоа ме става во ситуација да го перцепирам и еден Рајкард како „тренериште“.
--- надополнето ---
Голем, голем оптимист:
Carlo will soon bring and show his talent to improve this team.
Реалист:
Does that mean we might be seeing Studge start instead of Kalou? Can't wait.