Да не знае некој кога се враќаат Тери и Лампард ? Инаку утре мораме да играме брзо,продорно по крилните позиции и бочните страни,да бидеме креативни во средината,Дрогба и Анелка да бидат расположени во нападот и одбраната да ни биде добра,во спротивно Енди Керол ќе го има најдобриот ден во кариерата.
--- надополнето ---
Тимот на Челзи во петтнаесеттото коло му гостува на екипата на Њукасл и нема право на кикс бидејќи најблиските ривали Арсенал и Манчестер Јунајтед забележаа победи и со тоа го преминаа тимот од Лондон, кој својот натпревар го игра утре. Челзи има шанса да се врати на првата позиција на табелата, но тоа може да го оствари со победа утре на тешкото гостување на екипата на Њукасл.Минува уште една бурна недела во тимот, меѓутоа победата против Жилина влева надеж дека ќе бидат надминати трите порази во последните четири дуели во Премиер Лигата.Овие два тима веќе се сретнаа оваа сезона, но не во Премиер Лигата туку во Лига Купот. Таму славеше Њукасл со 3-4 во еден доста возбудлив меч.Тимот на Челзи значително ќе биде ослабен во одбраната, поради отсуството на Тери. Повторно ќе отсуствува Лампард а последен натпревар од суспензијата ’одлежува’ Микел Есиен.Но и домаќините ќе бидат ранливи во задниот дел бидејќи стоперскиот тандем Колочини - Вилиамсон нема да биде на располагање поради суспензија. Покрај нив ќе го немаат број еден голманот Харпер, како и стандардниот Бен Арфа.
Њукасл:
повредени
: Харпер, Гослинг, Бест, Тејлор, Бен Арфа.
неизвесни: Амеоби.
суспендирани: Бартон, Колочини, Вилиамсон.
најдобар стрелец: Енди Керол 8.
Челзи:
повредени: Лампард, Тери, Бенајун
неивесни: Алекс, Жирков.
суспендирани: Есиен.
најдобар стрелец: Малуда.
Можни состави:
Некои интересни факти пред натпреварот:
* Њукасл постигнал само еден гол во последните шест дуели во Премиер Лигата.
* Челзи нема загубено три натпревари во низа од октомври 1999. Тогаш беа поразени од Арсенал, Дерби и Ливерпул.
* Играчот на Челзи, Џон Оби Микел има дури 1, 307 контакти со топката, повеќе од кој и да било играч во ПЛ сезонава.
* Њукасл има најмногу примено голови од пенал во ПЛ. Бројот изнесува пет.
* Тимот на Њукасл има најмногу жолти картони сезонава (31).
* Флоран Малуда има два пати гостувано на Сејмт Џејмс Парк и во двата наврати погодувал.