Ко шо летниов преоден рок се затвора за некои 30 часа, решив времево кое моментално го имам за „тепање“ да го искористам за да ја видиме ситуацијата на составот на Челзи за сезона 2010/11, пред се во контекст на новите „хомегровн“ правила.
Играчи тренирани надвор од Англија и Челзи: 16 (ако Ди Санто замини во Виган - 15) од дозволени 17.
Петр Чех
Енрике Иларијо
Хозе Босингва
Бранислав Иванович
Пауло Фереира
Алекс
Јури Жирков
Михаел Есиен
Џон Оби Микел
Флоран Малуда
Дидие Дрогба
Никола Анелка
Саломон Калу
Јоси Бенајун
Рамирес
Франко Ди Санто*
Играчи тренирани во Англија (Ф.А.) и Челзи: 4 од дозволени 4 (Ф.А.); 1 од дозволени 4 (Челзи).
Френк Лампард (Ф.А.)
Ешли Кол (Ф.А.)
Рос Трнбул (Ф.А.)
Даниел Стуриџ (Ф.А.)
Џон Тери (Челзи)
Значи, ако не го сметаме Ди Санто и ако не ја земиме в предвид шпекулацијата дека можно е уште едно ново име до крајов на преодниов рок (па Анчелоти и не рече дека ќе трча гол ако дој некој, зар не?), Челзи ќе има 20 сениори во престојнава сезона. Кога ќе се земи в предвид дека Анчелоти најави четири-пет играчи од младинскиот/резервниот погон во екипата за оваа сезона, тогаш можиме да заклучиме дека Челзи има комплетирана екипа од 24 играчи за оваа сезона.
Откако сениорите ги изброивме, сега за 4та млади фудбалери:
Џефри Брума (18) - центархалф
Патрик ван Анхолт (20) - центархалф/лев бек
Гаел Какута (19) - средина
Фабио Борини (19) - напаѓач
Тројцата освен Брума од наредната сезона ќе треба да се вбројат во „тренирани од Челзи“, се разбира, ако му се продолжи договорот на Какута.