Добро нека биде така како што викаш. Истите работи ги опишуваме и двајцата, само што ти ги сметаш и опишуваш некои работи за многу лоши. Можеби за иднината си во право, не сум навлегувал да видам како стојат со годините.
За тоа Дрогба дека е животно, е, но ти неможеш да очекуваш напаѓач да дрибла да претрчува играчи да пробива и голови да дава. Се е џабе доколку нема играч позади него кој ке му даде топка во празно Доколку има играчи кој ке му даваат топки во празно, на кој Дрогба може да истрча да повлече и да постигне гол, би било премиа.
Ешли незнаев дека ви е до Август повреден. Жирков како што памтам го нарекуваа Рускиот Роналдињо или незнам како, има знам дриблинг, знае да пробие.
Малуда лев бек:nenene:
Анелка несакам ни да го коментирам.
Тоа дека даваш 25% шанси да се помине Интер е премалку, но ке правиме муабет и после тој натпревар, во кој повеке шанси би дал вие да поминете со Интер, одколку мој Реал со Лион.
Многу фанови на клубови кој сезонава играат под очекувањата се помируваат со тоа што ги снаоѓа, а ова со Челзи, доколку би ме прашал пред да почне сезоната, сигурно би прогнозирал дека Челзи би бил при самиот врв, и можен 1/8 финален дуел со Интер би бил крајно неизвесен, а не дека ке имате минимални шанси за пролаз, како што опишувате. Времето ке покаже.
Па јас не реков дека тоа го барам од Дрогба, да дрибла, да пробива, јас тоа барам да го има во Челзи. А го нема. В ред, ги рековме Жирков и Џо Кол, но тие не се на нивото на Рибери, Меси, Роналдо, Кака, Робен.... Ни блиску. А јас го барам тоа ниво.
Кешли не е до август повреден, но тогаш пак би заиграл за Челзи повторно (освен ако не стаса Челзи по некоја случајност и со чудо до финале на ЛШ, па со Божја помош и помош од инекции да заигра во финалето).
Со самото тоа што е „рускиот Роналдињо“ значи дека Жирков ја нема магијата на вистинскиот Роналдињо. Односно ја имал, ама за руски прилики. И тоа се вика Премиер Лига, ама Руска, не Англиска.
Малуда лев бек, па кој? Алекс или Фереира. Јак избор, нема шо.
Се помирувале оти екипата играла под очекувањата, како да се помирам? Следната сезона ќе биде подобро, ќе напредуваат „младичите“? Мене не ми треба Челзи со еден тон „на врв на кариера“ дебили да биди меѓу врвот, туку НА врвот. Да играат четворица талентирани и желни за игра (не ко Оби Микел) 22-годишници место Шмугло, Малуда, Џо Кол и Балак, добро е при врвот, одлично. Но не е така.
Околу Интер, јас шансите ги проценувам според тоа што сум видел првиот пат.
Така лани мислев дека треба отворено да се оди на Барселона во полуфиналето, и по првиот дуел видов дека не е така. И откако се случи што се случи, убеден сум дека тоа беше најдобриот начин за Челзи. За несреќа, не успеа. Но се друго ге беше многу полошо.
Како 25% премалку, Челзи го загуби првиот дуел, дуел во кој се виде дека нема способност да ја пробие одбраната на Интер. Моторот во Есиен го нема, со еден вистински плејмејкер во Деко не се знај шо е (трета недела откако беше најавен да се врати), Жирков е се уште повреден. За тој дуел реално е да се врати е Босингва, ама која е поголемата корист од ова што е сега? Иванович централен?
Овај пат видов (по кој знај кој пат) дека таков мотор како Есиен е незаменлив, дека Лампард е шега сезонава, дека Шмугло можи да е плејмејкер само во Стоук и Болтон, и шпиц во максимум во Евертон, дека Челзи нема вистински пробивен играч, брз техничар. Од друга страна, видов една одлична одбрана која ни во најоптимистичкото размислување не можам да замислам да прими три гола, во случај секако, Челзи да прими еден, што е многу веројатно.
Или во Премиер Лига, Арсенал е на -3 а до крајот игра со Барнли, Вест Хем, Вулфси, Манчестер Сити, Фулам дома и Хул, Бирмингам, Тотенхем, Блекбурн и Виган на гости; за разлика од Челзи кој игра со Вест Хем, Астон Вила, Болтон, Стоук и Виган дома и Блекбурн, Портсмут, Манчестер Јунајтед, Тотенхем и Ливерпул на гости. А Челзи „покажа“ дека е „спремен“ да губи и дома.
Или Манчестер Јунајтед со Фулам, Ливерпул, Челзи, Тотенхем и Стоук дома; Вулфси, Манчестер Сити, Болтон, Блекбурн и Сандерленд на гости.
Кај и да се свртиш, се причини за оптимизам.
колку само шанси пропуштивме
играчите беа какви такви, никакви.
пак ќе речам дека е крив тренерот. треба да знае подобро да ги мотивира и подобро да ги дисциплинира, не само да зее од аут линијата и збор да не каже.
треба да знае да им подвикне, да ги прекори, а не да очекува дека од мислите ќе му читаат. а можеби и не знае шо да им каже
како и да е, јас карло не го сакам во челзи и мислам дека клубот се уназади со неговото доаѓање.
плус што не донесе никој зимоска
Само за едно си во право - нема никаква дисциплина. А проблемот е што, ја имаше сезонава. Значи можи Карло, ама нешто се случи(-ува)...
Чудо големо ако не донесол никој зимоска, кој можеше да го донеси, Куарезма по втор пат?