Ма-Ста-Пе
недоквакан од 1966
- Член од
- 28 јуни 2009
- Мислења
- 703
- Поени од реакции
- 132
ВАСИЛИСА
Во секоја капка дождовница
се прелива твојата слика.
Во секој есенски трепет,
дури и во поспаната отровница
се уште те гледам тебе
Василисе Прекрасна.
ЌЕ ТЕ ЉУБАМ И ВО МОЈАТА ГРОБНИЦА.
И кога ќе ја сонам
твојата младост прекрасна,
моиве очи,мојава душа
имаат иднина јасна.
Полни со твојата личотија
полни со убавината твоја опасна.
ОПАСНА,ЗА МОЕТО НЕВЕРСТВО.
Твоите очи бисерни
мевлем за мојата душа ранета
ранета,од љубовта моја неверна.
Во овие мигови мизерни
животот ми го продолжуваат,
ме враќаат во минатото
КОГА СИ БЕВМЕ ВЕРНИ.
Жарчето љубовно
се уште во мене тлее
душава само поради
него вирее.
Твојата насмевка
ЗА НАВЕК ЌЕ МЕ ГРЕЕ.
-ХI-2010
Во секоја капка дождовница
се прелива твојата слика.
Во секој есенски трепет,
дури и во поспаната отровница
се уште те гледам тебе
Василисе Прекрасна.
ЌЕ ТЕ ЉУБАМ И ВО МОЈАТА ГРОБНИЦА.
И кога ќе ја сонам
твојата младост прекрасна,
моиве очи,мојава душа
имаат иднина јасна.
Полни со твојата личотија
полни со убавината твоја опасна.
ОПАСНА,ЗА МОЕТО НЕВЕРСТВО.
Твоите очи бисерни
мевлем за мојата душа ранета
ранета,од љубовта моја неверна.
Во овие мигови мизерни
животот ми го продолжуваат,
ме враќаат во минатото
КОГА СИ БЕВМЕ ВЕРНИ.
Жарчето љубовно
се уште во мене тлее
душава само поради
него вирее.
Твојата насмевка
ЗА НАВЕК ЌЕ МЕ ГРЕЕ.
-ХI-2010