Ни со тебе,ни без тебе

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Возраст
39
Постојат врски исполнети со многу љубов,емоции,убави моменти,но и врски со многу препреки и постојани расправии.Врски од кои е тешко да се замине,а немаат перспектива.Не функционираат заедно,а сепак не можат еден без друг.
Сте биле ли вие во ваква врска и колку време траела истата?
 
Трае се` до оној момент додека не се разбудиш и прашаш: "до кога вака?" и "зa кого вака понатака?"
Кога сите пепрутки од стомак ќе ти одлетаат, кога ќе сватиш дека другиот е само обично суштество, кое е величено до небо без причина, и истото е заменливо и тоа со страшно подобра замена...
Трае додека не ни "удри" шамар околината или обожаваното суштество...
 
Постојат врски исполнети со многу љубов,емоции,убави моменти,но и врски со многу препреки и постојани расправии.Врски од кои е тешко да се замине,а немаат перспектива.Не функционираат заедно,а сепак не можат еден без друг.
Сте биле ли вие во ваква врска и колку време траела истата?

Немам вакво искуство,но знам за ваквите врски.
Обично се залажуваат дека со брак или со деца ке се среди нешто.
Па и така има продолжува и бракот и животот и еден ден ке остарат и не се поднесуваат.

Едноставно се премногу навикнати еден со друг и не би можеле да се разделат,да продолжат сами.

Не верувам дека им постои спас и излез,доколку самите не го решат нивниот однос,додека не се освестат што и како понатаму,инаку би оделе до бескрај а резулатот би бил ист-ни со тебе,ни без тебе.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom