Дали вреди да се напушти нашава земја?

Дали би ја напуштиле Македонија доколку ви се пружи прилика?


  • Вкупно гласачи
    585
Б

Бат Елохим

Гостин
би ја напуштила..... на 2 недели максимум... од тие 2 недели, последните 5 дена има шанса скришно да плачам за дома. Не би ја напуштила!
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Абе деца деца... во ЕУ, САД, Австралија, Канада не врне пари... нема такви облаци таму...
 
Д

ДаркхарТ

Гостин
Кога би имала прилика би ја напуштила без око да ми трепне. Не сум патриот. Воопшто. Нема ни зошто да бидам. Мене оваа држава ми нема пружено ништо. На татко ми му пружи, бркање од работа, без никој ништо да не превземе и сега на 46 години `рмба ко црнец за да преживееме и да врземе крај со крај. Не ми е срам да признаам, од просечно семејство сум, но чесно. Никогаш за неговите 20 години работа во фабриката не земал ништо за да донесе дома, а можеше. Секогаш викаше дека не вреди за ништо да си ја изгуби работата. И ова е многу мудро од негова страна,многу често знае да го каже..."Никогаш не сум крадел, никаде не сум должник, земам просечна плата, но мирно спијам.Знам дека никој нема да ми тропне на врата во било кое време од денот".
Сериозно размислувам да фатам патот од тука. Смачено ми е од се! Смачено ми е да го гледам татко ми како се мачи за да опстанеме. А немоќна сум. Ако се вработам тука (зборувам за Велес) ќе земам најмногу 5000 денари плата. Како би му помогнала со тие пари јас него, малку да го ослободам и да се одмори. Таков ни е градот. Никаде нема за повеќе. Студенти има со лопата да ринеш а работа никаде. Жална ни е ситуацијава во државава.
Прва можност бегам од тука. Подобро ќе одам некаде настрана било каде, нема да ги гледам моите, но барем ќе знам дека им помагам и барем ќе знам дека се гордеат со мене. Малку и нив ќе им се симне товарот од грб што еве веќе 4-5 години го носат.
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
За мене бегањето од државата (засекогаш) е кукавичка работа.
Сите пиздите, плачете као демек само вие сте со тие проблеми. Сите се, 2 милиона сите!

Останете тука, борете се за општото добро за државата, заедно да ги промениме нештата за подобро утре за сите нас.

Ask not what your country can do for you; ask what you can do for your country.

J.F. Kennedy
 

gunner_mkd

>МиСтЕр ТиПсТеР
Член од
12 септември 2009
Мислења
1.483
Поени од реакции
83
Да би ја напуштил секако ,секој ден оди на полошо и полошо целата политичка и економска ситуација е срање ,искрено почлнува да ми се гади ,безралика колку сум патриот и ја сакам оваа држава едноставно неподнослива е ситуацијата од секој аспект
 
Д

ДаркхарТ

Гостин
За мене бегањето од државата (засекогаш) е кукавичка работа.
Сите пиздите, плачете као демек само вие сте со тие проблеми. Сите се, 2 милиона сите!

Останете тука, борете се за општото добро за државата, заедно да ги промениме нештата за подобро утре за сите нас.

Ask not what your country can do for you; ask what you can do for your country.

J.F. Kennedy
Не мислам да ти објаснувам. Треба да осетиш гнев каков што осеќам јас за да го кажеш ова што јас го кажав. Мене ми е бедно да гледам како работите одат на полошо и полошо.
Бедно ми е да гледам како татко ми се мачи и умира од работа.
Бедно ми е да гледам дека при чиста совест ја изгуби работата.
Бедна ми е помислата дека тие ајдуци што народот ги идолизира уништија и испустија се.
Бедно ми е кога ќе помислам на кого му се клањаат!
Бедно ми е што го гледам народот прост кој чека боље сутра!
Бедно ми е што знам дека ситуацијава ќе остане оваква каква што е уште многу време.
Бедна е помислата дека сме во кал до уши, но секој се прави патриот и не признава.
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Не мислам да ти објаснувам. Треба да осетиш гнев каков што осеќам јас за да го кажеш ова што јас го кажав. Мене ми е бедно да гледам како работите одат на полошо и полошо.
Бедно ми е да гледам како татко ми се мачи и умира од работа.
Бедно ми е да гледам дека при чиста совест ја изгуби работата.
Бедна ми е помислата дека тие ајдуци што народот ги идолизира уништија и испустија се.
Бедно ми е кога ќе помислам на кого му се клањаат!
Бедно ми е што го гледам народот прост кој чека боље сутра!
Бедно ми е што знам дека ситуацијава ќе остане оваква каква што е уште многу време.
Бедна е помислата дека сме во кал до уши, но секој се прави патриот и не признава.
Види, на сите ни е бедно тоа, не си единствена.

За нашите родители да не зборам, тоа е лицемерство од нивна страна.
Знаеш ли зошто им е сега толку тешко?
Порано (за време на Југославија) они си иживееја еден убав живот, убава младост (благодарение на нашите дедовци и баби) и со нивното расипничко однесување не доведоа до ова дериџе.

Тие незнаат како е да се нема па да се има, туку знаат само како е да се има па да се нема.

Затоа вакви ситуации згоди и незгоди (желбата за повторно да се има, или да се има повеќе) се случуваат во државата.

Ние не знаеме како е да се има. Немаме ништо.

Затоа ви велам работите можат да се сменат само на поубаво а не на полошо, зошто полошо од ова нема.
 
?

..........

Гостин
Имаше мислам слична тема.

Кога би можел би ја напуштил, ама пак ќе се вратам:)
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
За мене бегањето од државата (засекогаш) е кукавичка работа.
Сите пиздите, плачете као демек само вие сте со тие проблеми. Сите се, 2 милиона сите!

Останете тука, борете се за општото добро за државата, заедно да ги промениме нештата за подобро утре за сите нас.

Ask not what your country can do for you; ask what you can do for your country.

J.F. Kennedy


види... БЕГАЊЕ од државата но ЗОШТО??? причина се бара! никој не рече без причина. ако е за така онда може една прошетка околу светов да си напраиш и па да се вратиш и никому ништо!. кукавичка работа не е воопшто!!! има семејства кај што се чудат како ке преживеат до утре! погледни ја околу тебе реалноста не живеј во виртуелен свет! погледни што им се случува на стечајците погледни на млекарите што им се случува.. погледни ги работните места кои се нудат, платите, фабриките... ке видиш една грда и тужна слика како што никој несака да види! без разлика кој и да дојде на власт сите обеќаат се подобро.. секои избори истите муабети ги слушаме секои избори исти ветувања па дури и на ист начин кажани и од сето тоа кажано исполнуваат едвај 10% колку да замачкаат очи а другите пари каде одат погоди сам. Наталитетот се намалува... што мислиш зашто се намалува? зашто некои семејства несакаат да имаат 2 3 4 5 деца? верувам дека секој сака деца.. барем две деца се доволни за да се задржи наталитетот. за пораст се знае 3 и повеќе. има многумина што не им е тоа проблем.. проблемот им се парите! со кои пари ке ги издржи тие деца? пред се треба да јадат да пијат треба да имаат ако ништо веќе по некое парталче облека за да не им е ладно... школување и ред други работи. дојде време кога и за да одиш во WC ти наплаќаат камо ли нешто друго...

Затоа ви велам работите можат да се сменат само на поубаво а не на полошо, зошто полошо од ова нема.
има верувај.. во државава наша има СЕ само арно не...
за пат кон „поубавите нешта“ пред се треба поштени искрени доверливи луѓе кој ке бидат на власт па да почнат од некаде.. ние за жал ги немаме.. тие што ги имаме ги уништуваат со сила!!!

секои избори се или едните или другите а има над 20 30 политички партии.. ЗАШТО? зашто се научиле едните и другите да ги гледаат само. друг НИКОЈ!
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Не мислам да ти објаснувам. Треба да осетиш гнев каков што осеќам јас за да го кажеш ова што јас го кажав. Мене ми е бедно да гледам како работите одат на полошо и полошо.
Бедно ми е да гледам како татко ми се мачи и умира од работа.
Бедно ми е да гледам дека при чиста совест ја изгуби работата.
Бедна ми е помислата дека тие ајдуци што народот ги идолизира уништија и испустија се.
Бедно ми е кога ќе помислам на кого му се клањаат!
Бедно ми е што го гледам народот прост кој чека боље сутра!
Бедно ми е што знам дека ситуацијава ќе остане оваква каква што е уште многу време.
Бедна е помислата дека сме во кал до уши, но секој се прави патриот и не признава.
нема што во другиве градови надвор од Скопје ,посебно помалите,и оние кои се зависни само до една дејност од една фабрика.Во тој домен ние што сме во Скопје полесно поминуваме,може нема да најдеш работа по струка ама ќе се најде нешто....Дали е тешко,за некого тешко за некого пеколно тешко,за некој пак вива ла партија,има и средна класа ама ретка е.
Сеуште не сум разочарана до коска од земјава,имам причини да бидам,ама засега го имам трпението да почекам да се подобрат работите,т.е да си ја почекам шансата.Ако не здравје боже,кој да знае.....
 
Д

ДаркхарТ

Гостин
Види, на сите ни е бедно тоа, не си единствена.

За нашите родители да не зборам, тоа е лицемерство од нивна страна.
Знаеш ли зошто им е сега толку тешко?
Порано (за време на Југославија) они си иживееја еден убав живот, убава младост (благодарение на нашите дедовци и баби) и со нивното расипничко однесување не доведоа до ова дериџе.

Тие незнаат како е да се нема па да се има, туку знаат само како е да се има па да се нема.

Затоа вакви ситуации згоди и незгоди (желбата за повторно да се има, или да се има повеќе) се случуваат во државата.

Ние не знаеме како е да се има. Немаме ништо.

Затоа ви велам работите можат да се сменат само на поубаво а не на полошо, зошто полошо од ова нема.
Татко ми заработувал сам уште од 15 години. Имал тежок живот, нејќам да потам ташаци околу тоа. Знае како е да се нема. Знае каков е животот. Од 20 години работење стаса ВМРОвско гомно да го избрка од работа. Делумно си во право, но не е секаде така како што викаш.
Мрзам патриоти без причина. Не сум партиски определена не ни планирам да бидам. И ВМРО и СДСМ се исти гомна ама различно смрдат. Крајно сум изреволтирана од ова што се случува. Крајно сум изреволтирана што од просечен и мирен живот сега се чудиме сметките од каде да ги платиме. ТАА Е СИТУАЦИЈАТА ВО ДРЖАВАВА.
Нема поголем слепец од оној кој не сака да види! (многу мурдо кажано патем).
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
види... БЕГАЊЕ од државата но ЗОШТО??? причина се бара! никој не рече без причина. ако е за така онда може една прошетка околу светов да си напраиш и па да се вратиш и никому ништо!

има многумина што не им е тоа проблем.. проблемот им се парите!

Причина пари:

Море не дај боже да имаш некој од фамилија што ќе работи во странство да те издржава тебе. Ќе се гледаш еднаш годишно, кој ќе те воспитува? кој ќе биде до тебе кога ќе ти е најпотребен? кој ќе се бори за тебе? кој ќе ти каже дека можеби некој ден ќе биде подобро?

Морее... џабе ќе ти се и парите кој ќе ти ги пуштат кога нема ни да ти се јаде, ни спие, ни зборува со некого. Ќе ти недостига многу.

Ама ајде на кого да му објасниш...
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Причина пари:

Море не дај боже да имаш некој од фамилија што ќе работи во странство да те издржава тебе. Ќе се гледаш еднаш годишно, кој ќе те воспитува? кој ќе биде до тебе кога ќе ти е најпотребен? кој ќе се бори за тебе? кој ќе ти каже дека можеби некој ден ќе биде подобро?

Морее... џабе ќе ти се и парите кој ќе ти ги пуштат кога нема ни да ти се јаде, ни спие, ни зборува со некого. Ќе ти недостига многу.

Ама ајде на кого да му објасниш...
пријателче секој со својата судбина,на некој толку многу му бил празен стомакот и е доведен до толкаво дереџе што тоа и не е голема работа или жртва...секој со своето:toe:
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
има верувај.. во државава наша има СЕ само арно не...
за пат кон „поубавите нешта“ пред се треба поштени искрени доверливи луѓе кој ке бидат на власт па да почнат од некаде.. ние за жал ги немаме.. тие што ги имаме ги уништуваат со сила!!!
Од каде знаеш дека ги немаме?

Чекај ќе поминат многу брзо југоносталгичарските и "вмровските" генерации.

Ние ќе сме на потег.

Ама предпоставувам дека тогаш ќе се вратите сите со некои евопски или преку океански тертипи...
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
Причина пари:

Море не дај боже да имаш некој од фамилија што ќе работи во странство да те издржава тебе. Ќе се гледаш еднаш годишно, кој ќе те воспитува? кој ќе биде до тебе кога ќе ти е најпотребен? кој ќе се бори за тебе? кој ќе ти каже дека можеби некој ден ќе биде подобро?

Морее... џабе ќе ти се и парите кој ќе ти ги пуштат кога нема ни да ти се јаде, ни спие, ни зборува со некого. Ќе ти недостига многу.

Ама ајде на кого да му објасниш...
никој не рече да работи некој за мене во странство и да ме издржува.. САМ да си работам за да се изджувам себе си и утре ден фамилијата.. тоа е муабетот.. ова шо викаш ти да работи некој у странство па да праќа пари не иде.. тоа на почеток не држи вода муабетот.. има и такви случаеви знам али тие се посебни случаеви и ретки...



Од каде знаеш дека ги немаме?

Чекај ќе поминат многу брзо југоносталгичарските и "вмровските" генерации.

Ние ќе сме на потег.

Ама предпоставувам дека тогаш ќе се вратите сите со некои евопски или преку океански тертипи...
едно конкретно прашање.. кои сте ВИЕ? партија? СДСМ? некоја друга партија??? не сватив ова стварно....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom